Аспирин® Протект 100 за заштита на срцето
Ацетилсалицилна киселина, активната супстанца на Аспирин® Протект 100 може да го намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Редовно земање на мали дози на ацетилсалицилна киселина е многу важно во спречување ( превенција ) на болести на срцето и крвните садови (кардиовскуларни болести), како што е настанување на повторен срцев или мозочен удар .1
Студиите покажаа дека пациентите кои редовно земаат ацетилсалицилна киселина навистина имаат помала зачестеност на миокарден инфаркт (срцев удар) и мозочен удар (мозочен инфаркт)2. Оваа активна супстанца го спречува слепувањето и насобирањето (агрегацијата) на тромбоцитите и на тој начин ја намалува веројатноста за формирање на крвни тромби. Аспирин® Протект 100 е специјална таблета во мала доза и со гастро-резистентна обвивка за секојдневна употреба.1,3
Зошто треба да го заштитите срцето?
Болестите на срцето и крвните садови (кардиоваскуларните болести) се прва причина за смртност во светот.4
Што се случува во крвните садови?
Кај артериосклерозата, на sидовите во крвните садови се создаваат плаки изградени од масни материи и други клетки и супстанции, кои со тек на време стануваат поголеми и поцврсти. Овие калцифицирани плаки доведуваат до појава на задебелувања на крвните садови. Во текот на артериосклерозата, овие плаки се раскинуваат и на овие места се прилепуваат тромбоцитите кои доведуваат до формирање на крвни тромби, кои може да го намалат слободниот проток на крв во крвниот сад или да доведат до потполно блокирање на крвната циркулација. Доколку крвниот тромб се откачи, тромбот може да отпатува преку циркулацијата и во зависност од местото на зачепување, може да предизвика срцев удар ( инфаркт на миокардот) или мозочен удар .5
За развојот на артериосклероза , важна улога има нездравиот начин на живот, но мора да се земат предвид и наследните генетски фактори. Постојат одредени скриени нарушувања на метаболизмот на мастите, претежно состојби со покачено ниво на холестерол. Треба да знаете дека постои „добар“ холестерол и „лош“ холестерол. Проблем кај повеќето пациенти е покаченото ниво на „лошиот“ холестерол (или LDL), но многу пациенти имаат нарушување на метаболизмот каде покрај високите нивоа на LDL холестерол, проблем е и ниското ниво на „добар“ холестерол (или HDL).6
Во телото има и масти што се нарекуваат триглицериди. На повисокото ниво на триглицеиди во крвта влијаат оброците богати со масти и зголемениот внес на јаглени хидрати. Зголеменото ниво на триглицериди го забрзува процесот на артериосклероза, со што се зголемува ризикот од мозочен удар и блокада на артериите кои го снабдуваат срцето со крв.7
Затоа, потребно е метаболизмот на мастите да се држи под контрола, понекогаш за тоа е доволно воведување на здрави животни навики, а кога тоа е недоволно, тогаш се воведуваат одредени лекови.
Како се утврдува ризикот?
Проценката на кардиоваскуларниот ризик, односно веројатноста пациентот да развие тешки кардиоваскуларни заболувања го прави лекарот кој го лекува пациентот. За оваа проценка се користат одредени таблици за проценка на ризик за развој на кардиоваскуларни болести.
Клучни фактори на ризик се: пол, возраст, вредноста на крвниот притисок, нивото на холестерол во крвта, како и дали лицето пуши цигари. Луѓето со претходен акутен срцев инфаркт, мозочен удар, како и некои други кардиоваскуларни болести како ангина пекторис , се сметаат за пациенти со висок ризик и имаат потреба од лекови за превенција .8
Како можете да си помогнете?
Најефикасен начин за спречување (превенција) на кардиоваскуларни заболувања е да водите здрав начин на живот. Ако водите сметка за вашиот живот, изгубите вишок килограми ако за тоа има потреба, не пиете прекумерна количина алкохол, престанете да пушите цигари, избегнувате стрес и ако редовно вежбате, ќе направите многу за Вашето здравје.
Како пиењето една таблета Аспирин® Протект 100 дневно може да ни помогне?
Во одредени услови, можеби ќе Ви требаат и лекови за превенција . Ако лекарот проценил дека треба да земате Аспирин® Протект 100, многу е важно да пиете по една таблета секој ден како што е пропишано.
Пациентите кои пијат Аспирин® Протект 100 треба да бидат свесни дека многу е опасно да престанат да го пијат лекот, бидејќи така се зголемува ризикот од сериозни, па дури и фатални компликации, како на пример, инфаркт на срцето или мозокот.9,10
Многу е важно редовно да ја примате терапијата со Аспирин® Протект 100. Сепак доколку треба да одите на операција (вклучувајќи и помали интервенции како вадење заб), кажете му на Вашиот лекар или стоматолог дека земате Аспирин® Протект 100.1
Во кои случаи се препорачува терапија со Аспирин® Протект 100?
- За намалување на ризикот за смртност кај пациенти со сомнение за акутен инфаркт на срцето,
- за намалување на ризикот од повторен инфаркт на срцето,
- за намалување на ризикот од повторен мозочен удар ,
- за намалување на ризикот за транзиторни исхемични цереброваскуларни напади (TIA) и мозочен удар кај пациенти со TIA,
- за намалување на ризикот за заболување и смртност кај болни со стабилна и нестабилна ангина пекторис (срцево заболување со карактеристична спазматична, контрактивна болка во градите),
- за превенција на опструкција на циркулацијата поради крвни грутки (тромбоемболија) после одредени васкуларни операции
- намалување на ризикот за прв акутен инфаркт на срцето кај луѓе со кардиоваскуларни ризик фактори (како на пр. шеќерна болест, хиперлипидемија , хипертензија, дебелина, пушење, старост).
Како да го пиете Аспирин® Протект 100?
Лекот треба да го пиете, редовно, секој ден, како што е пропишано од вашиот лекар. Ова е неопходно затоа што лекот ќе делува добро само ако го земате редовно и долготрајно.1
Аспирин® Протект 100 има посебна, гастро-резистентна обвивка, која го штити желудникот. Заради оваа гастро-резистентна обвивка, активната состојка се апсорбира во цревата, со што се намалува ризикот од стомачни тегоби.11,12
Се препорачува да се зема една таблета Аспирин® Протект 100 дневно пред јадење и со доста вода. Календарското пакувањето на Аспирин® Протект 100 е достапно во аптеките без рецепт, во пакување со 28 таблети и 56 таблети, што го олеснува редовното земање на лекот. Во ова пакување, на блистерот се означени деновите во неделата покрај секоја таблета, со што може да следите колку таблети и кога сте ги земале. Оваа пакување ви овозможува да не заборавете да го земате лекот, а воедно ќе избегнете и земање на двојна доза на лекот.
Во кои случаи не се препорачува терапија со Аспирин® Протект 100?
- ако сте алергични (преосетливи) на салицилати или друга состојка на Аспирин® Протект 100
- ако сте имале астматична реакција предизвикана од салицилати или други нестероидни антиинфламаторни лекови, најчесто користени за треска и за болка,
- ако имате акутен чир на желудник или или дванаесетпалечното црево,
- ако имате зголемена тенденција за крварење,
- ако имате сериозно нарушување на бубрезите,
- ако имате сериозно нарушување на црниот дроб,
- ако имате сериозно нарушување на срцето,
- ако примате терапија со метотрексат во дози од 15 mg/седмично или појаки,
- во третото тримесечје од бременоста.
Дали знаевте?
Аспирин® бил патентиран во Заводот за патенти во Берлин во 1899 година. Неговата активна супстанца, ацетилсалицилната киселина, била синтетизирана од страна на Феликс Хофман, истражувач во компанијата Bayer. Во почетокот лекот бил популарен како лек против треска и болка, а потоа во почетокот на 1950 година, еден американски лекар забележал дека честотата на миокарден инфаркт е многу пониска кај пациентите кои пиеле Аспирин® за намалување на болката.
Референци:
- (1) Аспирин® Протект 100 mg гастрорезистентни таблети; Внатрешно упатство на лекот, август 2020. Return to content
- (2) Antithrombotic Trialists' Collaboration. Collaborative meta-analysis of randomised trials of antiplatelet therapy for prevention of death, myocardial infarction, and stroke in high risk patients. BMJ 2002;324: 71-86. Return to content
- (3) Cole AT, Hudson N, Liew LC, Murray FE, Hawkey CJ, Heptinstall S. Protection of human gastric mucosa against aspirin-enteric coating or dose reduction?. Aliment Pharmacol Ther. 1999;13(2):187‐193. doi:10.1046/j.1365-2036.1999.00470.x Return to content
- (4) World Health Organization. Cardiovascular diseases. Available at: https://www.who.int/en/news-room/fact-sheets/detail/cardiovascular-diseases-(cvds) [accessed 7 July 2020]. Return to content
- (5) Falk E. Pathogenesis of atherosclerosis. J Am Coll Cardiol. 2006;47(8 Suppl):C7‐C12. doi:10.1016/j.jacc.2005.09.068 Return to content
- (6) Gidding SS, Allen NB. Cholesterol and Atherosclerotic Cardiovascular Disease: A Lifelong Problem. J Am Heart Assoc. 2019;8(11):e012924. doi:10.1161/JAHA.119.012924. Return to content
- (7) Talayero BG, Sacks FM. The role of triglycerides in atherosclerosis. Curr Cardiol Rep. 2011;13(6):544-552. doi:10.1007/s11886-011-0220-3. Return to content
- (8) Piepoli MF, Hoes AW, Agewall S, et al. 2016 European Guidelines on cardiovascular disease prevention in clinical practice: The Sixth Joint Task Force of the European Society of Cardiology and Other Societies on Cardiovascular Disease Prevention in Clinical Practice (constituted by representatives of 10 societies and by invited experts)Developed with the special contribution of the European Association for Cardiovascular Prevention & Rehabilitation (EACPR). Eur Heart J. 2016;37(29):2315-2381. doi:10.1093/eurheartj/ehw106. page 2327–2329; 2330; 2363. Return to content
- (9) Sundström J, Hedberg J, Thuresson M, Aarskog P, Johannesen KM, Oldgren J. Low-Dose Aspirin Discontinuation and Risk of Cardiovascular Events: A Swedish Nationwide, Population-Based Cohort Study. Circulation. 2017;136(13):1183‐1192. doi:10.1161/CIRCULATIONAHA.117.028321. Return to content
- (10) García Rodríguez LA, Cea Soriano L, Hill C, Johansson S. Increased risk of stroke after discontinuation of acetylsalicylic acid: a UK primary care study. Neurology. 2011;76(8):740‐746. doi:10.1212/WNL.0b013e31820d62b5. Return to content
- (11) Cole AT, Hudson N, Liew LC, Murray FE, Hawkey CJ, Heptinstall S. Protection of human gastric mucosa against aspirin-enteric coating or dose reduction?. Aliment Pharmacol Ther. 1999;13(2):187‐193. doi:10.1046/j.1365-2036.1999.00470.x Return to content
- (12) Banoob DW, McCloskey WW, Webster W. Risk of gastric injury with enteric- versus nonenteric-coated aspirin. Ann Pharmacother. 2002;36(1):163-166. Return to content
- (13) Montinari MR, Minelli S, De Caterina R. The first 3500 years of aspirin history from its roots - A concise summary. Vascul Pharmacol. 2019;113:1‐8. doi:10.1016/j.vph.2018.10.008. Return to content
Поврзани статии:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.