Црвено вино и црвени бобинки

Црвено вино и црвени бобинки

Црвените бобинки, црвеното вино и соединението што се наоѓа во нив наречено ресвератрол се добри за срцето. Не е случајно што, по традиција, консумирање на умерено количество црвено вино се смета за лек за срцето.

Алкохолот и другите соединенија кои се наоѓаат во црвеното вино, како што се антиоксидансите, помагаат во спречувањето на срцеви заболувања преку зголемување на количината на липопротеини со висока густина или преку „заштитниот“ холестерол во организмот и на тој начин ги заштитуваат артериите од оштетување. Иако ги поздравуваме добрите вести за црвеното вино додека пиеме чаша вино, лекарите предупредуваат да не консумираме големи количини алкохол. И покрај предупредувањата, тие сфаќаат дека има нешто во црвеното вино кое го прави срцето поздраво. Тоа може да биде заради антиоксидансите, флавоноидите или ресвератролот.1

Црвено вино и црвени бобинки

Што го прави црвеното вино здраво?

Црвеното вино е веројатно поефикасно во заштитата на срцето од другите алкохоли, но и пивото, белото вино или ликерите може исто така да бидат корисни. Не е буквално докажано дека црвеното вино е подобро од другите видови алкохол во оваа смисла. Докажано е дека антиоксидансите што виното ги содржи, наречени полифеноли, помагаат во заштитата на крвните садови на срцето. Полифенолот што го заслужува нашето внимание е ресвератролот.1

Ресвератролот во црвеното вино

Најверојатно, ресвератролот е супстанцијата во црвеното вино што помага да се спречи оштетување на sидовите на крвните садови и го спречува формирањето на крвни тромби. Не е направено истражување за ресвератрол кај луѓето, туку само кај животни. Се покажало дека ресвератролот кај глувците превенира гојазност и развој на дијабетес, кои би го зголемиле ризикот од срцеви заболувања. Сепак, истражувачите го потврдиле ова само кај глувци, а не и кај луѓето. Исто така, за ресвератролот да ја постигне истата количина во човечкото тело како што им бил даден на глувците, треба да испиеме илјадници литри црвено вино секој ден. Истражувањето спроведено кај свињи покажа дека ресвератролот ја подобрува срцевата функција и го зголемува лачењето на инсулин . Некои студии сугерираат дека ресвератролот може да игра улога во спречување на воспалението и на формирање на крвни тромби што може да доведе до срцеви заболувања. Сепак, потребни се дополнителни истражувања. Според една студија, кај постари мажи, ресвератролот ги намалил корисните ефекти од вежбањето врз срцето. Исто така, важно е да се знае дека ресвератролот дејствува само кратко време, веднаш по консумирањето на црвено вино.1

Црвено вино и црвени бобинки

Ресвератролот во грозјето и во другата храна

Ресвератролот во црвеното вино доаѓа од лушпата на грозјето. Бидејќи црвеното вино бара подолга ферментација со лушпите од грозјето отколку белото вино, поголеми количини на ресвератрол има во црвеното вино. Ако сакате да консумирате ресвератрол без да пиете алкохол, треба да јадете грозје или да пиете сок од грозје, бидејќи имаат сличен ефект како црвеното вино.

Лешниците, боровинките и брусницата, исто така, содржат одредена количина на ресвератрол. Сепак, сè уште не знаеме дали консумацијата на црвено вино или на овие плодови е покорисна за срцето. Исто така, постојат додатоци во исхраната кои содржат ресвератрол, за кои е докажано дека се безопасни за здравјето; иако, стапката на апсорпција за ресвератролот од нив е многу ниска.2,3

Како алкохолот влијае на срцето?

Неколку студии покажаа дека консумирањето алкохол во умерени количини има корисен ефект врз срцето, затоа што алкохолот4,5:

  • Го зголемува нивото на липопротеини со висока густина, т.н. „добар“ холестерол во организмот.
  • Го намалува ризикот од формирање на крвни тромби.
  • Помага во превенција на оштетување на артериите предизвикано од липопротеини со мала густина, т.н. „лош“ холестерол.
  • Може да влијае на крвниот притисок.
Црвено вино и црвени бобинки

Важноста да се биде умерен

Потенцијалните придобивки за срцето поврзани со црвеното вино изгледаат охрабрувачки. Оние кои редовно консумираат умерено количество алкохол, по можност црвено вино, имаат помали шанси да развијат срцеви заболувања во текот на животот. Сепак, ниту Американското здружение за срце, ниту Националниот институт за срце, бели дробови и крв не препорачуваат да се пие алкохол за да се спречат срцеви заболувања. Ова е затоа што прекумерната консумација на алкохол е многу поштетна за здравјето.4 Прекумерната консумација може да го оштети црниот дроб и да доведе до гојазност ; може да се развијат различни форми на рак и може да го оштети срцето на долг рок. Покрај тоа, оние кои веќе имаат срцева болест воопшто не смеат да консумираат алкохол. Ова важи и за бремени жени и за оние кои секојдневно пијат лекови.

Сепак, ако сте здрави и сакате црвено вино, веројатно е добро да продолжите да го пиете во умерени количини и со тоа да има позитивно влијание врз вашето здравје. Препорачаната количина е една чаша на ден за жени и мажи на возраст над 65 години и две чаши на ден за мажи под 65-годишна возраст. На мажите им е дозволено две чаши затоа што се покрупни и имаат повеќе ензими за разложување на алкохол.

Аспирин® Протект 100 е лек кој содржи ацетилсалицилна киселина. Земање една таблета на ден, го инхибира абнормалното натрупување на тромбоцитите, со што се спречува формирање на крвни тромби кои ги стеснуваат или блокираат крвните садови и на тој начин се намалува ризикот од инфаркт .6

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот односно медицинското помагало консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Референци:

  • (1) Haseeb S, Alexander B, Baranchuk A. Wine and Cardiovascular Health: A Comprehensive Review. Circulation. 2017;136(15):1434-1448. doi:10.1161/CIRCULATIONAHA.117.030387. Return to content
  • (2) Rimando AM, Kalt W, Magee JB, Dewey J, Ballington JR. Resveratrol, pterostilbene, and piceatannol in vaccinium berries. J Agric Food Chem. 2004;52(15):4713-4719. doi:10.1021/jf040095e. Return to content
  • (3) Bolling BW, McKay DL, Blumberg JB. The phytochemical composition and antioxidant actions of tree nuts. Asia Pac J Clin Nutr. 2010;19(1):117-123. Return to content
  • (4) Piano MR. Alcohol's Effects on the Cardiovascular System. Alcohol Res. 2017;38(2):219-241. Return to content
  • (5) Snopek L, Mlcek J, Sochorova L, et al. Contribution of Red Wine Consumption to Human Health Protection. Molecules. 2018;23(7):1684. Published 2018 Jul 11. doi:10.3390/molecules23071684. Return to content
  • (6) Аспирин® Протект 100 mg гастрорезистентни таблети; Внатрешно упатство за лекот, август 2020. Return to content

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.