Има голем број работи што може да ги направите, но и да се храните соодветно за да го одржувате здравјето на срцето дури и по 50 години. За жал, многу луѓе повеќе се интересираат за своите автомобили или домови отколку за својот организам и покрај големиот број на студии кои ги наведуваат придобивките од здравиот начин на живот за подобро здравје и животен век во подоцнежните години.
Совети за здраво срце по 50етата година
Не дозволувајте недоволната желба за промени да Ве совлада, бидејќи сеуште можете да го намалите ризикот од карцином и од кардиоваскуларни заболувања дури и кога сте во педесетите, шеесетите, седумдесетите, осумдесетите, па дури и деведесетите години.
Срцевите заболувања доаѓаат во многу форми, од срцева аритмија до ненадејна срцева смрт или срцев инфаркт . Иако нема начин да се подготвите за овие состојби, има голем број работи што можете да ги направите, дури и во подоцнежната возраст, за да ги спречите. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да го намалите ризикот од срцеви заболувања во поодминатите години и да имате подолг и поздрав живот.
Пешачете многу1
Нема ништо подобро од долга прошетка на попладневното сонце. Без разлика дали пешачите по околните улици или бреговите на блиската река, најважно е да почнете да пешачите. Така ќе го подобрите расположението, а прошетката може да му користи и на Вашето срце бидејќи го намалува секојдневниот стрес, за кој се знае дека го покачува крвниот притисок. Кога сте под стрес, срцето чука побрзо и посилно, крвните садови се стегаат, брзината на дишење се зголемува и Вашето тело е напнато. Хроничната хипертензија доведува до ситни повреди во внатрешната обвивка на крвните садови, што може да доведе до формирање на мали крвни тромби или до склероза на sидовите на крвните садови. За здрави возрасни лица од сите возрасти се препорачува пешачење со умерен интензитет во траење од најмалку 150 минути неделно или 75 минути неделно да практикувате аеробни вежби со силен интензитет или некоја еквивалентна комбинација на вежби. Без оглед колку страшно изгледа на почетокот, не смеете да ги прескокнете.
Смејте се често
Факт е дека смеењето прави да се чувствувате добро. Хуморот Ви помага да останете позитивни и оптимистични дури и во најтешките периоди. Ви дава сила и храброст да почнете нешто ново и да бидете исполнети со надеж. Смеата е исто така заразна - кога гледате или слушате некој како се смее, Вашиот мозок Ве тера и вие да се насмеете. Смеата ги отстранува депресивните чувства - кога се смеете, не чувствувате тага ниту болка. Смеењето влијае позитивно не само на Вашето расположение и на Вашето гледиште за животот, туку и на Вашето здравје! Ја подобрува циркулацијата на крвта и го намалува ризикот од срцев удар и други кардиоваскуларни проблеми.2
Ослободете се од вишокот килограми
Контролата на Вашата телесна тежина не е толку важна за изгледот, колку што е неопходна за одржување на нашето здравје. Всушност, нема потреба да се вознемируваме кога почнуваме диета за да го заштитиме нашето срце. Неколку студии открија дека намалувањето на телесната тежина од 5-10%, значително го намалува нивото на триглицериди, вкупен холестерол и ЛДЛ холестерол и на тој начин го намалува ризикот од кардиоваскуларни проблеми.3
Имајте урамнотежена исхрана
Научно е докажано дека постои голема поврзаност помеѓу исхраната и здравјето. На организмот му се потребни различни количини на храна од четирите групи на храна. Постои формула за здрава исхрана специјално направена за намалување на крвниот притисок, наречена DASH начин на исхрана.1 Според истражувањето, покрај тоа што има интересно име, таа ефикасно го намалува крвниот притисок и нивото на холестерол, поддржувајќи ја функцијата на срцето.1
Аспирин® Протект 100 како превенција
Аспирин® Протект 100 е еден од најпознатите светски лекови за превенција на кардиоваскуларни заболувања и милиони луѓе низ целиот свет го користат со децении. Редовната употреба на овој лек докажано го намалува ризикот од срцев инфаркт и мозочен удар . Има едноставен механизам на дејство. Тромбоцитите се важна компонента на крвта, чија функција е да се натрупаат заедно и да формираат крвен тромб и така да го запрат крварењето кога е оштетен некој крвен сад. Меѓутоа, кај атеросклерозата, тромбоцитите имаат тенденција да се натрупуваат дури и кога не треба и така да блокираат важни крвни садови. Ацетилсалицилна киселина, активната состојка на Аспирин® Протект 100 помага во спречување на абнормално натрупување на тромбоцитите, со што се спречува формирање на крвни тромби кои би можеле да ги стеснат или блокираат крвните садови.4
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот односно медицинското помагало консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.
Подобрете го здравјето на вашето срце - никогаш не е доцна да почнете!
Референци:
- (1) Piepoli MF, Hoes AW, Agewall S, et al. 2016 European Guidelines on cardiovascular disease prevention in clinical practice: The Sixth Joint Task Force of the European Society of Cardiology and Other Societies on Cardiovascular Disease Prevention in Clinical Practice (constituted by representatives of 10 societies and by invited experts) Developed with the special contribution of the European Association for Cardiovascular Prevention & Rehabilitation (EACPR). Eur Heart J. 2016;37(29):2315-2381. doi:10.1093/eurheartj/ehw106. Return to content
- (2) Hayashi K, Kawachi I, Ohira T, Kondo K, Shirai K, Kondo N. Laughter is the Best Medicine? A Cross-Sectional Study of Cardiovascular Disease Among Older Japanese Adults. J Epidemiol. 2016;26(10):546-552. doi:10.2188/jea.JE20150196. Return to content
- (3) Brown JD, Buscemi J, Milsom V, Malcolm R, O'Neil PM. Effects on cardiovascular risk factors of weight losses limited to 5-10. Transl Behav Med. 2016;6(3):339-346. doi:10.1007/s13142-015-0353-9. Return to content
- (4) Аспирин® Протект 100 mg, гастрозезистентни таблети; Внатрешно упатство на лекот, август 2020. Return to content
поврзани статии:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.