5 најважни совети

Пет најважни совети

5 најважни совети

Треба да сте активни секој ден за континуирано да го одржувате Вашето здравје. Клучните прашања се „Што?“, „Кога?“, „Како?“, „Колку?“ и „Со што?“, но на списокот има уште. Свесното живеење е од суштинско значење. Што значи зборот „свесно“? Тоа значи дека ги прилагодувате сите нешта врз кои имате контрола. Денес, свесноста е клучна во речиси секоја област. А кога станува збор за вашето срце, овој пристап е уште поважен.

1 Свесно намалете ги Вашите нездрави задоволства

Пушењето е еден од најважните фактори на ризик за развој на кардиоваскуларни заболувања. Особено загрижува фактот што пушачите свесно го ризикуваат своето здравје, бидејќи пушењето е еден од ретките фактори на ризик што може да се контролира со правење свесен избор.1 Покрај никотинот, чадот од цигари содржи и голем број други токсини како што се катран, јаглерод моноксид, формалдехид и водород цијанид. Штетата од пушењето може да биде во форма на висок крвен притисок , високо ниво на холестерол или дури и мозочен удар или срцев инфаркт .2 Заради ова, силно се препорачува да престанете со пушење цигари - дури и ако ви треба помош од стручно лице. Никогаш не е предоцна!

Покрај пушењето, за да се спречат кардиоваскуларни заболувања, треба да се намали и консумацијата на алкохол.1 Некои веруваат дека пиењето алкохол во умерени количини - да речеме половина чаша црвено вино - е корисно, па дури многу лекари го препорачуваат ова. Алкохолот може да го зголеми нивото на „добриот“ холестерол во организмот, да го намали ризикот од формирање на тромби и да го спречи оштетувањето на артериите.3 Но, како и секоја друга супстанца, виното влијае различно кај луѓето и затоа треба да се консултирате со Вашиот лекар за да откриете дали е добро и за Вас.

2 Одете на редовни прегледи

Свесниот начин на живот подразбира и добивање на потребни информации. Здравјето на Вашето срце не е мала работа и подобро е да не нагаѓате кога станува збор за него. Постојат два начина од кои може да имате корист ако одите на редовни прегледи: Ако е сè во ред, тогаш ќе ги снема сите сомнежи и ќе бидете смирени. Доколку резултатите од тестовите покажуваат дека немате оптимален крвен притисок, шеќер во крвта, ниво на холестерол или триглицериди во крвта, треба да дејствувате рано за да спречите посериозни последици, како што се мозочниот и срцевиот удар.

Покрај редовните прегледи со кои го следите Вашето здравје, треба да ја знаете и историјата на кардиоваскуларни заболувања во Вашето семејство бидејќи може да имате и наследен фактор .1 Откако ќе ги дознаете сите закани, ќе може правилно да го прилагодите начинот на живот за да спречите појава на проблеми.

5 најважни совети

3 Свесен избор на храна

Вашето тело го користи она што го јадете и пиете. Па, зарем не сакате да внимавате и свесно да планирате кои хранливи материи ќе му ги дадете на Вашето тело за правилно да функционира? Многу кардиоваскуларни заболувања се предизвикани од лоша исхрана. Неопходно е да се одржува баланс помеѓу различните хранливи материи од храната и пијалоците. На организмот му требаат витамини, минерали, протеини, масти и јаглехидрати. Најдобро е да јадете многу зеленчук и овошје богато со растителни влакна и да ја ограничите консумацијата на храна која содржи големи количини шеќер и заситени масти, па така ќе го намалите ризикот од гојазност . Исто така, треба да го намалите внесот на натриум, затоа што премногу сол го зголемува ризикот од висок крвен притисок што може да доведе до инфаркт .1

4 Вежбајте редовно

Редовното вежбање обезбедува неколку придобивки за срцето. Со вежбање еден час, три пати седмично, веројатно ќе спречите гојазност и болести поврзани со неа.4 

Се препорачува да се практикуваат физички вежби во тек на 30 минути на ден, умерен интензитет на вежби во тек на 5 дена во неделата (т.е.150 минути/неделно) или пак 15 минути вежбање на ден со интензивни вежби во тек на 5 дена неделно (75 минути/неделно), или комбинација од овие вежби кои треба да се спроведуваат во сесии со времетраење од најмалку 10 минути за секоја од нив. Пократки сесии со вежби (т.е. 10 минутни вежби) можеби ќе бидат соодветни, особено кај лица без кондиција.1

За регулирање на маснотиите во крвта или телесната тежина, се препорачуваат вежби кои траат подолго време, 40 и 60-90 минути на ден соодветно. Вежбите исто така позитивно влијаат на протокот на крв и силата на срцевата работа.

Најдобриот начин на вежбање, со најмногу здравствени придобивки, е трчање на отворено во секоја можна прилика. Времето поминато во природа ве опушта и го отстранува насобраниот стрес.

Неодамнешните студии покажуваа дека сончевата светлина ни дава досега непознати придобивки. Таа го ослободува азотниот оксид складиран во кожата, што резултира со пад на високиот крвен притисок. Во овој случај, ова не го прави витаминот Д, туку УВ зрачењето.5 Внимателноста и умереноста се клучни, бидејќи премногу изложување на сонце може да доведе до рак на кожата.

5 Свесно земајте лекови за ефикасна превенција или лекување на постоечко заболување

Свесниот начин на живот вклучува земање на соодветни лекови за превенција и лекување. Аспирин® Протект 100 спречува абнормално формирање на тромби, намалувајќи го ризикот од инфаркт. Ацетилсалицилната киселина, активната состојка на Аспирин® Протект 100, помага во спречување на абнормално насобирање на тромбоцитите, со што се спречува формирање на крвни тромби кои би можеле да ги стеснат или блокираат крвните садови.6

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот односно медицинското помагало консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт

Референци:

  • (1) Piepoli MF, Hoes AW, Agewall S, et al. 2016 European Guidelines on cardiovascular disease prevention in clinical practice: The Sixth Joint Task Force of the European Society of Cardiology and Other Societies on Cardiovascular Disease Prevention in Clinical Practice (constituted by representatives of 10 societies and by invited experts)Developed with the special contribution of the European Association for Cardiovascular Prevention & Rehabilitation (EACPR). Eur Heart J. 2016;37(29):2315-2381. doi:10.1093/eurheartj/ehw106. Return to content
  • (2) Onor IO, Stirling DL, Williams SR, et al. Clinical Effects of Cigarette Smoking: Epidemiologic Impact and Review of Pharmacotherapy Options. Int J Environ Res Public Health. 2017;14(10):1147. Published 2017 Sep 28. doi:10.3390/ijerph14101147. Return to content
  • (3) Teissedre PL, Stockley C, Boban M, Ruf JC, Ortiz AM, Gambert P, Flesh M. The effects of wine consumption on cardiovascular disease and associated risk factors: a narrative review. OENO One, 52(1), 67-79. Return to content
  • (4) Piercy KL, Troiano RP, Ballard RM, et al. The Physical Activity Guidelines for Americans. JAMA. 2018;320(19):2020-2028. doi:10.1001/jama.2018.14854. Return to content
  • (5) Weller RB, Wang Y, He J, et al. Does Incident Solar Ultraviolet Radiation Lower Blood Pressure?. J Am Heart Assoc. 2020;9(5):e013837. doi:10.1161/JAHA.119.013837. Return to content
  • (6) Аспирин® Протект 100mg, гастрорезистентни таблети; Внатрешно упатство за лекот, август 2020. Return to content

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.