Кардиоваскуларните болести се сметаат за водечка причина за смрт во Европа.(1) Запознавањето со структурата и функционирањето на кардиоваскуларниот систем, е првиот чекор за заштита на овој прекрасен движечки мотор на секој човечки организам.
Структура на срцето и улога на срцевите залистоци(2)
За да може да функционира, на нашето тело му е потребен кислород. Потребниот кислород се транспортира до секој наш орган преку крвта која тече низ мрежа на крвни садови со различни големина. Нашето срце е центарот на овој циркулаторен систем.
Срцето е мускулен орган сличен на пумпа, поставен малку налево од средишната линија на градната празнина. Со контрахирање во интервал од шеесет до осумдесет пати во минута, срцето ја одржува циркулацијата на крвта. Поделено е на четири комори, две помали (преткомори) и две поголеми (комори).
Во срцето има четири залистоци кои го контролираат протокот на крв. Нивната функција е секогаш да ја насочуваат циркулацијата на крвта во вистинската насока. Два залистока ги одделуваат преткомората и комората на секоја страна од срцето, додека другите два се наоѓаат помеѓу коморите и артериите што излегуваат од нив.
Структура на срцето и улога на срцевите залистоци(2)
Срцето пумпа крв низ мрежа од артерии, капилари и вени до сите органи во телото и на тој начин ги снабдува со кислород и хранливи материи. Заедно, тие се нарекуваат циркулаторен систем.
Циркулаторниот систем се состои од две самостојни мрежи на крвни садови, кои се нарекуваат белодробна циркулација и системска циркулација. Срцето дејствува како пумпа во овој систем и обезбедува континуирана циркулација на крвта.
- Системската циркулација обезбедува крв богата со кислород од срцето до органите и ткивата и помага во отстранувањето на метаболните отпадоци и јаглерод диоксидот кои се произведуваат од нивното работење
- Белодробната циркулација ги поврзува срцето и белите дробови. Во белите дробови, крвта го ослободува јаглеродниот диоксид и се збогатува со кислород.
На дијаграмот подолу, прикажан е процесот со кој крвта сиромашна со кислород повторно станува богата со кислород.
Слика 1: Срце и циркулаторен систем
Циркулаторни подсистеми(2)
Постојат неколку специфични подсистеми кои се разгрануваат од системската циркулација.
- Коронарна циркулација (циркулаторен систем посветен на срцевиот мускул)
Исто како и сите други мускули, така и срцевиот мускул има континуирана потреба од кислород за да функционира. Мускулите што ги сочинуваат преткоморите и коморите се снабдуваат со свежа крв преку мрежата на коронарни артерии. При блокада на овие артерии, во одредена област на срцето доаѓа до недостаток на кислород, што предизвикува изумирање на мускулите. Ова се нарекува срцев удар или срцев инфаркт .
- Циркулација во бубрезите
Од вкупната крв испумпана во главната артерија , 25 % навлегува во бубрезите, каде што се филтрираат разни отпадни материи и истите се отстрануваат преку урината.
- Портален крвоток во црниот дроб
Крвта што доаѓа од органите што се наоѓаат во абдоминалната празнина (цревата, желудникот, слезината, панкреасот, жолчното кесе) се собира и се транспортира кон црниот дроб низ најголемата вена во човечкото тело т.н. вена кава. Во црниот дроб, оваа вена повторно се разгранува во ситни капилари, дозволувајќи му на црниот дроб од крвта да ги отстрани токсините што се апсорбирале во гастроинтестиналниот канал.
- Цереброваскуларна циркулација
Човечкиот мозок е орган кој бара многу крв за да функционира правилно. Околу 20 % од целата крв испумпана од срцето се насочува преку крвните садови директно кон мозокот.
Улогата на циркулаторниот систем е да ја транспортира крвта и супстанците растворени во крвта (кислород, хранливи материи, хормони) до клетките. Двигател на ова е срцето кое преку своето постојано и ритмичко контрахирање го одржува протокот на крвта. Доколку сакате да го тестирате вашето знаење во врска со функционирањето на кардиоваскуларниот систем, пополнете го нашиот Квиз за срце.
Референци:
- (1) Статистика за кардиоваскуларни болести, август 2021 година Return to content
- (2) Мариб Е.Н., Хоен К. Анатомија и физиологија на човек, кардиоваскуларен систем, Бенџамин Камингс. 8-мо издание. 2010 г. Return to content
поврзани статии:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.