На пушачите им треба подолго време да закрепнат

На пушачите им треба подолго време да закрепнат

По мали и големи операции, важно е колку време трае заздравувањето на раните. Пушачите се во неповолна положба кога станува збор за регенерација, велат специјалистите на Германското респираторно здружение (DGP). Практичното искуство покажува дека, за разлика од непушачите, пушачите многу почесто доживуваат постоперативни компликации, а нивните рани многу подолго заздравуваат.

Побавната регенерација е предизвикана од јаглеродниот моноксид што навлегува во крвта за време на пушењето и го спречува хемоглобинот да пренесува доволни количини на кислород. Како резултат на тоа, значително се влошува снабдувањето со кислород на целото тело, што очигледно има негативно влијание врз заздравувањето на раните.1 Важен е и фактот што пушењето ги зголемува крвниот притисок и отчукувањата на срцето кои притоа го оптоваруваат срцето. Ова носи дополнителни ризици при анестезии и операции, бидејќи снабдувањето со кислород во организмот не е 100%, заради што поверојатно е дека ќе се појават постоперативни компликации.2,3

На пушачите им треба подолго време да закрепнат

Никотински производи - помал ризик

По неколку неуспешни обиди за прекин на пушењето, експертите може да препорачаат никотински лепенки или гуми за џвакање со никотин. Статистичките податоци покажуваат дека со овие заменски производи, честотата на постоперативни компликации е преполовена (се намалува од 28% на 14%), а времето на заздравување на раните се намалува со сличен степен. Сепак, ова важи само доколку пациентот престане да пуши најмалку 4 седмици пред операцијата.4 Важно е никотинските лепенки и гумите за џвакање со никотин да содржат помалку никотин од тутунот и помалку да го оптоваруваат срцето и крвните садови на пациентот.

Вреди да ги оставите цигарите

Исто така, специјалистите истакнуваат дека кога ги откажувате цигарите, може привремено да се промени ефектот на одредени лекови што ги земате, бидејќи пушењето има големо влијание врз функционирањето на црниот дроб, кој ги разградува и лековите.5,6 Поради ова, важно е пушачот да го информира својот матичен лекар и специјалистот кога ќе престане да пуши, па, доколку е потребно, да му се препише нова доза или нов лек“, вели експерт. Ако пациентот користи инхалатори за астма може да се случи да му требаат поголеми количини од лекот кој го инхалира кога престанува со пушење. Истата количина на инсулин може да има поизразен ефект во овој период, така што лекарот може да препише помали дози.

Не заборавајте дека пушењето е еден од главните фактори на ризик за кардиоваскуларни заболувања.7 Пушењето не е вистинска физичка зависност, тоа е лоша навика. Кога еднаш ќе престанете да пушите цигари, бргу се намалува ризикот за инфаркт заради оваа лоша навика. 

Референци:

  • (1) McDaniel JC, Browning KK. Smoking, chronic wound healing, and implications for evidence-based practice. J Wound Ostomy Continence Nurs. 2014 Sep-Oct;41(5):415-23; quiz E1-2. Return to content
  • (2) Turan A, Mascha EJ, Roberman D, et al. Smoking and perioperative outcomes. Anesthesiology. 2011;114(4):837-846. Return to content
  • (3) Yoong SL, Tursan d’Espaignet E, Wiggers J, et al. WHO tobacco knowledge summaries: tobacco and postsurgical outcomes. Geneva: World Health Organization; 2020. Licence: CC BY-NC-SA 3.0 IGO. Available at: https://www.who.int/news-room/detail/20-01-2020-smoking-greatly-increases-risk-of-complications-after-surgery [accessed May 2020]. Return to content
  • (4) Nolan MB, Warner DO. Wound healing and infection in surgery: the pathophysiological impact of smoking, smoking cessation, and nicotine replacement therapy: a systematic review. Ann Surg. 2012 Jun;255(6):1069-79. Return to content
  • (5) NSW Government. Quick guide to drug interactions with smoking cessation. Available at: https://www.health.nsw.gov.au/tobacco/Factsheets/tool-7-guide-dug-interactions.pdf [accessed May 2020]. Return to content
  • (6) Marshall A, Baxter K, Sharp J. Drug interactions that may be important during smoking cessation attempts. The Pharmaceutical Journal, Vol. 281, p46 | URI: 10016556. Return to content
  • (7) GBD 2016 Risk Factors Collaborators. Global, regional, and national comparative risk assessment of 84 behavioural, environmental and occupational, and metabolic risks or clusters of risks, 1990–2016: A systematic analysis for the Global Burden of Disease Study 2016. Lancet. 2017;390 (10100):1345–422. Return to content

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.