Витко тело за на плажа не треба да биде единствената цел на диетата за слабеење – дебелината е кардиоваскуларен фактор на ризик

Витко тело за на плажа не треба да биде единствената цел на диетата за слабеење – дебелината е кардиоваскуларен фактор на ризик

Зошто е ова важно?

Прекумерната тежина и дебелината не се само проблем на изгледот, тие може да имаат голем број непосакувани ефекти врз вашето здравје.(2) Тие се и фактор на ризик за атеросклероза , хипертензија и дијабетес.(2)

Дефинирање на дебелината

Дебелината е еден од најзагрижувачките проблеми во јавното здравје со кој што се соочува светот денес. Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО) од 2014 година, 39% од возрасните имаат прекумерна тежина (индекс на телесна маса (BMI) ≥ 25 kg/m2), додека пак 13% се дебели (индекс на телесна маса (BMI) ≥ 30 kg/m2). Ова би значело дека на глобално ниво над 0,5 милијарди возрасни лица се дебели.(4)

Вишок телесна тежина значи зголемување на количината на масно ткиво (во однос на бројот и големината на клетките). Се мери со коефициентот на висината (во метри) и површината на телесна маса (во kg), со што се добива т.н. индекс на телесна маса (BMI) [kg/m2]. Друг важен параметар е обемот на половината, кој обезбедува веродостојни информации за таложење на висцералните маснотии, што претставува најголем метаболен и срцев ризик.(3)

Причини за дебелината

Дебелината е резултат на постојан позитивен енергетски биланс, предизвикан од прекумерен внес на енергија и намалена физичка активност. Консумирањето висококалорична храна, намалената физичка активност заради зголемената механизација на работните процеси, користењето на возила за транспорт, трансформацијата на нашата градежна средина и ограничените услови за физички активности на отворено може да придонесе за зголемување на телесната тежина.(3)

Дама со прекумерна тежина седи на каучот пред неа со пиво и хамбургер.

Последици од дебелината

Покрај тоа што дебелината е докажан фактор на ризик за неколку болести, познато е дека и лошата исхрана игра голема улога. Меѓутоа, малкумина само знаат дека прекумерната тежина може да влијае и на исходот на болестите и ефективноста на третманот.(3)

Што може да направите во борбата против дебелината?

Намалениот калориски внес и зголемената физичка активност може да го сменат позитивниот енергетски биланс и да предизвикаат губење на телесната тежина.

Златни правила:

  • Редовно проверувајте ја вашата телесна тежина. Подобро е да се спречи дебелината, отколку да се лекува. Не чекајте да ја зголемите телесната тежина за повеќе од 10 kg. Многу е полесно да ослабете само неколку килограми.
  • Умереното и постепено намалаување на телесната тежина се клучни во борбата потив дебелината. Поставете си реални очекувања. Диетата за слабеење не треба да вклучува испостување и интензивни спортови. Постепено засилувајте ги диетата за слабеење и физичките вежби. 
  • Во начинот на живот воведувајте само промени кои што ќе можете да ги задржите на долг рок. 
  • Дополнителен совет: Ако успеете да го избегнете ефектот на осцилирање на тежината, нема да ви биде потребна гардероба со различни броеви за различни тежини.

Водич за исхрана(1)

Како што е споменато во насловот, дебелината не е само прашање за тоа како изгледате. Голем број медицински здруженија даваат препораки за соодветен начин на живот.(1)

Кога станува збор за исхраната, се препорачува Медитеранска исхрана во која се препорачува замена на заситените со незаситени масти (маслиново масло), а продуктите од животинско потекло треба да се заменат со продукти од растително потекло кои имаат многу повеќе растителни влакна, како што се зеленчукот, овошјето, јаткастите плодови и целозрнестите житарици.

Да, треба да размислите и какви течности внесувате – на пример, дури и таканаречениот нискокалоричен, 100% сок од портокал содржи шеќер. Кога сте жедни, водата треба да ви биде прв избор. Засладените пијалоци не треба да надминуваат повеќе од 10% од вкупниот енергетскиот внес на калории.

Препораки за физичка активност

Редовната физичка активност (работа, превоз, спорт, слободни активности) дава позитивни промени во повеќе метаболички процеси и има синергично (дополнително) влијание заедно со диетата за слабеење.

Покрај кардиореспираторната кондиција, физичката активност е важна и за одржување на мускулната маса и за намалување на телесните масти.

Поради новите околности во кои живееме, многу луѓе работат од дома, а тоа дополнително ја намалува нивната дневна физичка активност. Затоа, од суштинско значење е барем да пешачите најмалку 150 - 300 минути неделно, но правете го тоа редовно.(1) Паметен часовник со бројач за чекори или паметен телефон може да ви помогнат да го постигнете посакуваниот дневен број на чекори.

Што да правите за да го одржувате срцето здраво?

  1. Редовно мерете ја вашата телесна тежина и придржувајте се до воведените промени во начинот на живот. Воведувајте промени во начинот на живот чекор по чекор.
  2. Можеби ќе сакате да се консултирате со нутриционист кога и како да следите одредена диета, но доколку не можете да стапите во контакт со таков професионалец, испланирајте го однапред вашето неделно мени за исхрана.
  3. Ако се посомневате на некоја кардиоваскуларна болест, закажете преглед што е можно поскоро и разговарајте со вашиот лекар за тоа кои опции ви се достапни за намалување на вашата телесна тежина.
  4. Свесниот начин на живот вклучува и земање на соодветни лекови за превенција и лекување.
  5. Ако имате дијагностицирана кардиоваскуларна болест, следете ги советите на вашиот лекар во однос на терапијата и промените во начинот на живот.
     
Жена стои на вага. Во едната рака крофни, а во другата јаболка.

PP-ASP-MK-0089-1 06.05.2022

Референци:

  • (1) Frank L.J. Visseren et al; 2021 ESC Guidelines on cardiovascular disease prevention in clinical practice; European Heart Journal (2021) 42, 3227􀀁3337 doi:10.1093/eurheartj/ehab484 Return to content
  • (2) Jakab A. E. et al, A magasvérnyomás-betegség prevalenciája túlsúlyos és elhízott magyar gyermek- és serdülőkorú populációban [The prevalence of hypertension in the overweight and obese Hungarian child and adolescent population], Orv Hetil. 2020; 161(4): 151–160. Return to content
  • (3) Rurik I., Az elhízás kezelése és megelőzése: táplálkozás, testmozgás, orvosi lehetőségek [Treatment and prevention of obesity: diet, exercise and medical options], Orv Hetil. 2021; 162(9): 323–335. Return to content
  • (4) Badimo L.,Position paper of the European Society of Cardiology–working group of coronary pathophysiology and microcirculation: obesity and heart disease, European Heart Journal (2017) 38, 1951–1958 Return to content

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.