улога-на-семејната-историја

Колку е важна семејната историја? Дали предиспозицијата е наследна?

Семејна историја

Гените не пренесуваат само карактеристики, туку и предиспозиција за одредени болести.

Ако некој во семејството имал кардиоваскуларни заболувања, изложени сте на поголем ризик.1

Секако, наследните фактори зависат и од тоа колку е блиско сродството со лицето погодено од оваа болест. Имате поголем ризик да заболите од кардиоваскуларни заболувања ако имате:

  • брат или родител под 55 години
  • или сестра или родител под 65 години,

кај кои е дијагностицирано кардиоваскуларно заболување.1

Освен преку гените, постојат и други начини на кои семејното „наследство“ може да влијае на предиспозицијата за кардиоваскуларни заболувања. Некои семејни обичаи како што се редовно пушење, нездрава исхрана или отсуство на физичка активност што сте ги научиле од родителите без да забележите, исто така може да ги зголемат ризиците.2

Што може да направите за семејното наследство?

Нема како да ја промените предиспозиција за некоја болест, но може да ги промените однесувањето и начинот на живот. Може да го намалите кардиоваскуларниот ризик со:1,2

  • прекин на пушењето цигари
  • редовно вежбање
  • контрола на телесната тежина и исхраната
  • намалување на крвниот притисок
  • намалување на високото ниво на холестерол
  • лекување на дијабетес (ако го имате)

Важно е да го информирате Вашиот лекар за сите генетски ризици кои ги знаете. Ако имате над 40 години, треба да одите на преглед за да добиете точен увид во состојбата на крвните садови и можноста да воведете промени во начинот на живот за да го компензирате генетското влијание.1

Референци:

  • (1) Piepoli MF, Hoes AW, Agewall S, et al. 2016 European Guidelines on cardiovascular disease prevention in clinical practice: The Sixth Joint Task Force of the European Society of Cardiology and Other Societies on Cardiovascular Disease Prevention in Clinical Practice (constituted by representatives of 10 societies and by invited experts)Developed with the special contribution of the European Association for Cardiovascular Prevention & Rehabilitation (EACPR). Eur Heart J. 2016;37(29):2315-2381. doi:10.1093/eurheartj/ehw106. Return to content
  • (2) World Health Organization – Hypertension and Rehabilitation Unit at the University of Leuven in Belgium. Cardiovascular disease and Heredity. Available at: https://www.who.int/genomics/about/CVD.pdf?ua=1 [accessed: 19 June 2020] Return to content

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.