Оваа интернет страна www.moesrcemojzivot.mk (понатаму во текстот "Интернет страна") е обезбедена од страна на БАЕР ДОО Љубљана - Претставништво Скопје, со седиште на ул. Антон Попов бр.1 ламела 2 мезанин локал 4, Скопје, Република Северна Македонија. (понатаму во текстот "Нас" или "Ние"). За повеќе информации во врска со провајдерот на интернет страната, Ве молиме погледнете го нашиот импринт. Информација за други активности за обработка на податоците кои не се поврзани со Интернет страната од наша страна или од страна на нашите филијали во Германија (на пр. кога ни давате визит карта или кога ги собираме вашите податоци од јавно објавени извори) може да најдете на заштита на информација за одбрани специфични активности за обработка.
A. Обработка на лични податоци
Во овој дел би сакале да Ве информираме на кој начин постапуваме со Вашите лични податоци при користењето на нашата интернет страна. Освен ако не е поинаку наведено во овој дел, законската основа за постапување со Вашите лични податоци произлегува од фактот дека таквото постапување е потребно со цел овозможување на функционалностите на интернет страната побарани од Ваша страна (член 10 став 1 точка 2 од Законот за заштита на лични податоци).
I. Користење на интернет страната
1. Пристап до интернет страната
При внесувањето на името на нашата интернет страна, Вашиот прелистувач испраќа одредени информации до нашиот веб-сервер. Тоа се прави поради технички причини со цел да Ви се обезбедат бараните информации. Со цел да Ви се олесни пристапот до интернет страната, се собираат следните информации кои се чуваат краток временски период и се користат соодветно:
- IP-адреса
- датум и време на пристапување
- Разлика во временските зони споредено со средното време по Гринич (GMT)
- Содржина на барањето (конкретна страница)
- Статус на пристапот/HTTP статусен код
- Обем на пренесени податоци
- Интернет страната која побарала пристап
- Прелистувач, јазични поставки, верзија и површина на оперативниот систем на софтверот за прелистување
Исто така, за да ги заштитиме нашите законски интереси, таквите информации ги чуваме ограничен временски период со цел следење на личните податоци во случај на неовластен пристап до нашите сервери или обид за неовластен пристап до нашите сервери (член 10 став 1 точка 6 од Законот за заштита на лични податоци).
2. Поставки за колачиња
a) Што се колачиња?
Интернет-страната користи т.н. „колачиња“. Колачињата се мали текстуални датотеки кои се зачувуваат во меморијата на Вашиот терминален уред преку Вашиот прелистувач. Во нив се содржат одредени информации (на пример, Вашите јазични поставки или поставките за страницата) кои прелистувачот (во зависност од животниот век на колачето) ни ги препраќа нам при наредната посета на нашата интернет страна.
б) Какви видови колачиња користиме?
Користиме два вида колачиња: (1) функционални колачиња, без кои функционалноста на интернет страната ќе се намали и (2) изборни колачиња кои се користат на пример за анализа на интернет страната и за маркетинг цели. Во следните табели е даден детален опис на изборните колачиња кои ги користиме:
в) Предмет на вашата согласност
Ние не користиме изборни колачиња без претходно да добиеме согласност од Вас (член 10 став 1 точка 1 од Законот за заштита на лични податоци). При Вашата прва посета на нашата интернет страна, ќе се појави pop-up прозорец кој бара да се согласите за употреба на изборни колачиња. Откако ќе дадете согласност, ние ќе поставиме колаче на вашиот компјутер и прозорецот нема да се појави повторно сè додека колачето е активно. По истекот на времетраењето на колачето или ако активно го избришете колачето, прозорецот повторно ќе се појави при следната посета на нашата интернет страна и повторно ќе побара Ваша согласност.
г) Како да се спречи поставувањето на колачиња
Може да ја отповикате Вашата согласност за употреба на изборни колачиња во секое време, така што ќе ги промените параметрите наведени во табелата погоре. Може да ја користите нашата интернет страна и без да се поставуваат какви било колачиња (вклучително и функционални колачиња). Во Вашиот прелистувач, може во секое време да ја деактивирате или ограничите употребата на колачиња. Сепак, ова може негативно да влијае врз функционалноста или леснотијата на користење на нашата интернет страна.
3. Веб-анализа со Google
На нашата интернет страна користиме услуга за веб анализи од Google Inc., 1600 Amphitheatre Parkway, Mountain View, CA 94043, САД („Google“).
Со Ваша согласност, Google во наше име ќе ја анализира Вашата употреба на нашата интернет страна. За таа цел, меѓу другото, ги користиме колачињата подетално опишани во табелата погоре. Информациите собрани од Google во врска со Вашето користење на нашата интернет страна (на пример, типот на Вашиот оперативен систем, УРЛ-адресите на другите веб-страници што сте ги посетиле, Вашите параметри за јазик, резолуцијата на Вашиот екран) ќе бидат пренесени на еден од серверите на Google во САД, каде што ќе бидат складирани и анализирани. Резултатите од анализата ќе ги добиеме во анонимизирана форма. Вашите податоци за користењето нема да бидат поврзани со вашата целосна ИП-адреса при овој процес. Ние на нашата интернет страна активиравме функција за анонимизирање на ИП, обезбедена од Google, која ќе ги избрише последните 8 цифри (тип IPv4) или последните 80 бита (тип IPv6) од Вашата ИП-адреса после секој трансфер на податоци до Google. Покрај тоа, со склучување на посебни договори со Google ние гарантираме одржување на адекватно ниво на заштита на податоците за време на обработката на податоците од Google во САД.
Може да ја отповикате Вашата согласност за употреба на веб-аналитика во кое било време со преземање и инсталирање на Приклучок за прелистувач обезбеден од Google или со промена на Вашите согласности наведени во горната табела и преземање на колаче за одбивање. И двете опции ќе спречат понатамошна употреба на веб-аналитика сè додека го користите прелистувачот на кој сте го инсталирале приклучокот и не го бришете колачето за одбивање.
Дополнителни информации за Google Analytics се достапни на Услови за користење на аналитика на Google, во Упатства за приватност и заштита на податоците на Google Analytics и во Правила за приватност на Google.
4. Надворешни услуги или содржини на нашата Веб страна
Ние вклучуваме услуги и/или содржини од трети лица на нашата интернет страна. Кога користиме вакви услуги од трети лица или кога објавуваме содржина од трети лица податоците за соработка се разменуваат помеѓу вас и соодветниот провајдер заради технички причини.
Соодветниот давател на услугите или содржината може да ги проследи вашите лични податоци за сопствени дополнителни потреби. Според нашето најдобро знаење, ние конфигуриравме услуги и содржини од даавтели на услуги кои знаат да проследат лични податоци за сопствени потреби на начин на кој секоја друга комуникација која нема за цел да ги претстави нивните услуги или содржини на нашата Интернет страна е блокирана, или комуникацијата е возможна доколку вие сте одбрале да ги користите дадените услуги. Сепак, бидејќи немаме контрола над собраните и обработените лични податоци од трети лица, не сме во можност да обезбедиме обврзувачка информација за обемот и целта на ваквата обработка на лични податоци.
За понатамошни информации за обемот и целта на ваквата обработка на лични податоци Ве молиме видете ја изјавата за заштита на податоци на провајдерите чии услуги и/или содржини ги вклучуваме и кои се одговорни за заштита на Вашите лични податоци од:
5. Информации за несакани ефекти и поплаки за квалитет
Оваа интернет страна не е наменета или дизајнирана за комуникации во врска со несакани ефекти, недостаток на терапевтски ефект, грешки во лекувањето, производи од сив пазар/фалсификувани лекови, неправилна или незаконска употреба, поплаки за квалитет и/или други прашања во врска со безбедноста или квалитетот на производите на Bayer. Доколку сакате да пријавите несакани ефекти или да дадете поплака за квалитетот, ве молиме контактирајте го вашиот лекар или фармацевт, вашата локална здравствена служба, или преку нашата интернет страна пријавете несакани ефекти.
Ако сепак нѐ известите за несакани ефекти или други прашања во врска со безбедноста или квалитетот на производите на Bayer, ние сме законски обврзани да ја процесираме вашата комуникација и можеби ќе треба да ве контактираме со цел да се појасниме, доколку има нешто нејасно. Потоа, можеби ќе треба да ги известиме надлежните здравствени власти за прашањата што сте ги пријавиле. Во овој контекст, вашите информации ќе бидат препратени во псевдонимизирана форма, т.е. нема да се пренесат информации со кои би можеле да бидете директно идентификувани. Ние, исто така, може да ги пренасочиме овие псевдонимизирани известувања до нашите групации и партнери за соработка, до степен до кој тие, исто така, се должни да ги известат своите соодветни надлежни здравствени власти.
II. Обработка на лични податоци надвор од ЕУ/ЕЕО
Вашите лични податоци делумно ќе се обработуваат во земји надвор од Европската унија (ЕУ) или Европската економска област (ЕЕО), кои може да имаат пониско ниво на заштита на личните податоци од земјите во ЕУ. Во такви случаи, ќе се погрижиме да се обезбеди доволно ниво на заштита на Вашите лични податоци, на пример, преку склучување на соодветни договори со нашите договорни парнери (може да поднесете барање за добивање на копија од таквите договори) или од Вас ќе побараме експлицитна согласност за обработка на Вашите податоци.
Б. Информации за Вашите права
Следните права Ви се генерално достапни согласно законите за заштита на личните податоци кои се на сила:
- Право да се информирате за начинот на обработка на Вашите лични податоци и дали истите се користат во согласност со целта заради која и биле собрани;
- Право да барате исправка, бришење или ограничена обработка на Вашите лични податоци;
- Право на приговор за начинот на обработка на Вашите лични податоци поради сопствени легитимни интереси, јавен интерес или профилирање, освен ако можеме да докажеме дека постојат релевантни причини кои ги заменуваат вашите интереси, права и слободи или дека таквата обработка е направена со цел да се потврдат, извршат или одбранат правните барања;
- Право да ги добиете Вашите податоци во структуриран и читлив формат (преносливост на податоците);
- Право на поднесување на барање/приговор до Агенцијата за заштита на лични податоци;
- Во иднина, во кое било време можете да ја отповикате Вашата согласност за собирање, обработка и користење на Вашите лични податоци. За повеќе информации, ве молиме, погледнете ги поглавјата погоре кои ја опишуваат обработката на податоците врз основа на Вашата согласност.
Доколку сакате да ги остварите Вашите права, Ве молиме обратете се за контакт како што е наведено подолу.
B. Контакт
За какви било прашања во врска со приватноста на податоците, ве молиме испратете е-mail или контактирајте го нашиот офицер за заштита на лични податоци на нашата компанија на следнава адреса/e-mail адреса:
Офицер за заштита на лични податоци на
БАЕР ДОО Љубљана – Претставништво Скопје
„Антон Попов„ бр. 1, лам.2-мез./лок.4, Скопје – Кисела Вода, Северна Македонија
E-mail: data.privacy@bayer.com
D. Измени на оваа изјава за приватност
Од време на време оваа Изјава за приватност може да биде изменета и/или дополнета. Измените и/или дополнувањата на нашата Изјава за приватност ќе бидат објавени на нашата интернет страна. Сите измени стапуваат на сила по објавувањето на нашата интернет страна. Затоа препорачуваме редовно да ја посетувате нашата страница за да бидете информирани за можните измени и/или дополнувања.
Последно ажурирање: 26.09.2022
Употреба на колачиња
Ние би сакале да користиме колачиња за да можеме подобро да разбереме како ја користите оваа веб страна. Детални информации за употребата на колачиња на оваа Интернет страна и како можете да дадете или да ја отповикате Вашата согласност во секое време, ќе може да најдете во нашата Заштита на лични податоци [линк до изјавата за заштита на податоци на Интернет страната].
Или одберете друго сетирање [линк до изјавата за заштита на податоци со линк до табела со изборни колачиња]
COR-GEN-MK-0005-1 26.08.2022
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.