Здрав појадок
Навистина е важно како ќе го започнеме денот. Наутро многу луѓе не обрнуваат внимание на правилната исхрана, но здравата исхрана игра многу важна улога во нашите животи. Ова особено се однесува на лицата со прекумерна тежина или со проблеми со холестеролот. За нив е можне важно да имаат урамнотежена исхрана уште при првиот оброк во денот. Имајте разновиден, богат појадок и водете сметка здравата храна да биде вклучена во вашиот оброкот. Ќе ви предложиме неколку идеи.
Главно јадење кое е добро за срцето
Покрај некои совети за начинот на живот и со здрава исхрана може да направиме многу за здравјето на нашето срце. Не треба да воведувате специјална исхрана, бидејќи и малите промени може да имаат позитивен ефект врз нашето здравје. Ајде да научиме и да пробаме јадења направени од поздрави состојки, подготвени на современ начин. Ќе видиме дека здравата храна не мора да биде без вкус, туку дека има многу разновидни оброци што се добри за срцето.
Деликатес без месо
Еден од главните столбови на здравата исхрана е да научите да готвите со состојки што не се толку традиционални. На пример, ајде да јадеме помалку месо. Со тоа, не само што ќе го подобруваме нивото на холестерол, туку ќе добиеме и нови вкусови и искуства. Јадете што е можно повеќе зеленчук и овошје и на тој начин ќе направите многу за да ја спречите прекумерната тежина. За диеталната исхрана често се мисли дека не е вкусна, иако тешко дека ќе најдеме повкусни јадења од добра салата или специјалитет од зеленчук!
Здрави слатки
Често јадењето слатки го сметаме како главна причина за дебелеење. Сепак, доколку се придржуваме до одредени правила, десертите може ги претвориме во здрава исхрана. Иако можеби нема да бидат диетални, може да направиме десерти кои содржат многу помалку калории од вообичаените рецепти. Целосно избегнување на слатките не е добро за телото, затоа ајде да видиме кои трикови ќе ни помогнат да јадеме избалансирани десерти.
Лесна вечера
Што јадеме навечер е многу важно. Моторот на нашето тело работи побавно после 18 часот, затоа ако можеби не се храниме здраво во текот на денот, подобро е да одбереме здрава храна во вечерните часови. Така ќе избегнеме прекумерна телесна тежина, а ќе направиме многу и против покачување на холестеролот. Наместо вообичаенот сендвич, со неколку едноставни идеи лесно ќе добиеме здрава вечера.
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.