Со ова јадење ќе ја засакате слатководната риба. Вкусот на штуката доаѓа до израз и уште повеќе се истакнува со малку сол.
Совршено се комбинира со здрав гарнир: тиквички на скара и додаток од сладок компир Слатките компири во последниве години станаа многу популарни, што не е ни чудо со оглед на нивната разноврсност и убавиот вкус. Патем, тие не се ист вид со компирите. Но, богати се со витамини Б2, Б6, Ц и Е, како и калиум, бакар и манган. Содржат многу малку масти и холестерол, a и покрај нивното име. Порција слатки компири од 140 gr содржи само 100 калории. Може да ги варите, печете, да ги правите на скара - но овој рецепт ќе ги направи деликатес.
Состојки:
- 600 gr филети од жолта штука
- 800 gr сладок компир
- 2/3 шолја кајмак
- 85 ml млеко
- мелени морски оревчиња
- 1 1/6 кафена лажица сол
- мелен бибер
- 1 ловоров лист
- 3 стебленца мајчина душица
- 1 чешне мелен лук
- 1 тиквичка со средна големина
- 2 кафени лажици путер
Подготовка:
Штука:
Исечете ги филетите од штука на саканата големина, а потоа испржете ги со кожата надолу во малку врело маслиново масло. Би требало да се готови за 8-10 минути.
Додаток од сладок компир
Излупете ги и ситно исечете ги слатките компири, а потоа наредете ги во добро подмачкана тепсија. Загрејте ја млечната мешавина (млеко, кајмак, лук, морски оревчиња, мајчина душица, ловоров лист, сол и бибер) и истурете ја врз слатките компири.
Налегнете ги малку, а потоа покријте ги со хартија за печење. Печете во рерна на 175 степени околу 45 минути, целосно покриено со алуминиумска фолија. Кога се готови, ставете тепсија со иста големина одозгора и оставете да се излади. Повторно загревајте во рерната по потреба.
Пресечете ја тиквичката надолжно и пржете ја во тава со путер додека не стане крцкава.
Извор:
67 Étterem (www.67etterem.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.