Во последно време многу се зборува како Аспирин® Протект 100 го штити срцето. Каков е овој ефект? Кога треба и кога не треба да го пиете?
Кој Аспирин® треба да го пијам?
Лекот Аспирин® има широка терапевтска примена. Може да го користите кога имате покачена температура, за намалување на болка, кога имате симптоми на настинка, а исто така и за да спречите повторен инфаркт на срцето или мозокот.1-4 Затоа се прашувате, кој тип треба да го пиете и кога?
При покачена температура или за намалување на болката, изберете таблета со 400 - 500 mg од активна супстанца ацетилсалицилна киселина и земајте ја само додека е неопходно, што е можно пократко и секако не повеќе од 3-4 дена, согласно упатствата за употреба за соодветниот Аспирин®.1-3
Аспирин® Протект 100, кој содржи 100 mg активна супстанција, пијте го за спречување на кардиоваскуларни заболувања, вклучително и инфаркт. Овој лек содржи ниско ниво на активна супстанција и е специјално направен за долготрајна терапија , а има и заштитна облога која го штити желудникот.4
Како делува Аспирин® Протект 100?
Тромбоцитите се важна компонента на крвта. Нивната функција е да се слепуваат и натрупаат заедно и на тој начин да формираат крвен тромб , па така да го запрат крварењето кога е оштетен некој крвен сад. Меѓутоа, кај атериосклерозата (болест на крвните садови каде доаѓа до натрупување на маснотии и други супстанции на ѕидот на крвниот сад), тромбоцитите имаат тенденција да се натрупуваат дури и кога не треба и на тој начин да ги блокираат важните крвни садови5. Ацетилсалицилната киселина, како активната супстанција на Аспирин® Протект 100, помага во спречување на абнормално слепување и групирање на тромбоцитите, со што се спречува формирање на крвни тромби кои би можеле да ги стеснат или блокираат крвните садови. Кога се зема редовно во мали дози (1 таблета Аспирин® Протект 100 на ден), го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања.4
Во кои случаи се препорачува терапија со Аспирин® Протект 100?
Во согласност со упатството, Аспирин® Протект 100 може да се користи за да се намали ризикот од прв инфаркт кај луѓе со кардиоваскуларни ризик фактори (како на пр. шеќерна болест, хиперлипидемија , хипертензија, дебелина, пушење, старост), при сомнение за акутен инфаркт на срцето, превенција од повторен срцев или мозочен инфаркт, за намалување на ризикот за минливи исхемични напади и повторен мозочен удар кај пациенти со ТИА, кај стабилна и нестабилна ангина пекторис , превенција на циркулаторна опструкција поради крвни грутки (трембоемболија) после васкуларни хируршки процедури.4
Како да го пиете Аспирин® Протект 100?
Неопходна е консултација со лекар пред да поченете да пиете Аспирин® Протект 100. Лекот треба да го пиете, како што Ви препорачал Вашиот лекар.
Гастро-резистентните таблети најдобро е да се земат пред оброк со многу течност. Аспирин® Протект 100 е наменет за долготрајна терапија , трудете се да не ја прошуштате својата дневна доза. Ова е неопходно затоа што лекот ќе делува поволно ако го земате редовно и долготрајно. Ако сте пропуштиле доза, не грижете се. Земете ја наредната таблета, како вообичаено, следниот ден. Не земајте дупла доза.
Аспирин® Протект 100 има посебна, гастро-резистентна обвивка, која го штити желудникот. Заради оваа гастро-резистентна обвивка, активната состојка се апсорбира во цревата, со што се намалува ризикот од стомачни тегоби.6,7
Референци:
- (1) Аспирин® 500 mg, таблети; Внатрешно упатство на лекот, април 2010 Return to content
- (2) Аспирин® плус Ц 400 mg / 240 mg ,шумливи таблети; Внатрешно упатство на лекот, декември 2010 Return to content
- (3) Аспирин® комплекс 500 mg / 30 mg, гранули за перорална суспензија; Внатрешно упатство на лекот, ноември 2019 Return to content
- (4) Аспирин® Протект 100 mg, гастрорезистентни таблети; Внатрешно упатство на лекот, август 2020. Return to content
- (5) Atherosclerosis - Mayo clinic - https://www.mayoclinic.org/diseases-conditions/arteriosclerosis-atherosclerosis/symptoms-causes/syc-20350569 (last visited July, 2020.) Return to content
- (6) Cole AT, Hudson N, Liew LC, Murray FE, Hawkey CJ, Heptinstall S. Protection of human gastric mucosa against aspirin-enteric coating or dose reduction?. Aliment Pharmacol Ther. 1999;13(2):187‐193. doi:10.1046/j.1365-2036.1999.00470.x. Return to content
- (7) Banoob DW, McCloskey WW, Webster W. Risk of gastric injury with enteric- versus nonenteric-coated aspirin. Ann Pharmacother. 2002;36(1):163-166. Return to content
Поврзани статии:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.