Физичката активност претставува клучна компонента за подобро кардиоваскуларно здравје. Не е потребно секојдневно да поминувате многу часови во сала за вежбање. Каков било тип на физичка активност, вклучително и прошетка со Вашето милениче, на пример Вашиот пес, може да има позитивно влијание врз кардиоваскуларното здравје и Вашиот животен век.
Факти
- Технолошките достигнувања поттикнаа промени во начинот на превоз, комуникацијата, работното место и слободното време за разонода во домот, што придонесе седечкиот начин на живот да е сè позастапен во развиениот свет.(1)
- Возрасните во САД поминуваат, во просек, 11 – 12 часа дневно седејќи.(1)
Зошто долгото седење е опасно по Вашето здравје?
- Седењето подолго време го зголемува ризикот од развој на дебелина, хипертензија, покачен шеќер во крвта, зголемени нивоа на холестерол во крвта што доведува до метаболички синдром, кој подоцна резултира со зголемен ризик од срцев инфаркт , мозочен удар и смрт како последица на претходно споменатите состојби.(1,2)
- Континуираното седење (на пример, седење со часови без поместување од седечката позиција) предизвикува поголеми штетни кардиометаболни ефекти во споредба со седењето кое периодично се прекинува.(1)
Сепак, околу 40 % од возрасните лица не се заинтересирани за физичка активност.(2)
Дали знаевте?
И минималната активност е многу покорисна отколку да не се практикува никаква активност.(1,3)
- Дури и да се направат помалку од 10 000 чекори дневно, тоа ќе помогне да се намали ризикот од смртност од било која причина. Од студиите во кои биле вклучени повеќе од 20 000 возрасни лица, може да се заклучи дека практикувањето на секојдневно подолго пешачење е поврзано со прогресивно намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Меѓутоа, наместо 10 000 чекори, исто така би можеле да бидат корисни и „само“ неколку илјади чекори секој ден.(3)
- Физичка активност во траење од само 30 минути дневно може да ги неутрализира здравствените ризици поврзани со долготрајното седење – покажало истражувањето на Универзитетот Колумбија.(1)
Факти
- Физичката активност е поврзана со подолг животен век.
- Замената на времето поминато во седење со физичка активност има позитивни ефекти:
- Ако се заменат само 30 минути седење со лесна физичка активност, може да се намали ризикот од предвремена смрт за околу 17 %.(1)
- Ако се замени пак, времето поминато во седечка положба со поумерено до интензивно вежбање, како на пример, трчање или возење велосипед, може да се намали ризикот од предвремена смрт за околу 35 %.(1)
Прошетките со миленичињата се навистина здрави и се сметаат како вид на вежба
Сопствениците на миленичиња велат дека најдоброто нешто во врска со чувањето милениче како на пример пес, е нивната безусловна љубов. Сепак, чувањето на некое милениче може да понуди и други придобивки.
- Сопствениците на песови во просек пешачат 22 минути повеќе дневно од оние кои немаат такво милениче.(4)
- На тој начин, тие прават дополнителни 2 760 чекори секојдневно.(4)
- Тие чекорат забрзано, а со тоа се зголемуваат и отчукувањата на срцето.
- Нивното темпо е околу 5 километри на час, што соодветствува на физичка активност со умерен интензитет.(4)
Постојат бројни здравствени придобивки поврзани со редовната физичка активност, како што се: помал ризик од смрт поради кардиоваскуларни болести (вклучително срцеви заболувања и мозочен удар ), помал ризик од хипертензија, помал ризик од дијабетес тип 2, помал ризик од влијанието на покачени липиди во крвта итн.(5)
Па така, прошетката со Вашето милениче не значи само пријатно да го поминете времето во природа, туку овозможува и заштита од факторите на ризик поврзани со кардиоваскуларните болести.(4)
Резиме
- Секојдневно одвојувајте доволно време за физичка активност.
- Каква било физичка активност, дури и прошетката со Вашиот пес, може да го зачува Вашето кардиоваскуларно здравје, а тоа пак може да го подобри целокупното расположение и да го продолжи животниот век.
PP-ASP-MK-0180-1 30.03.2023
Литература:
- (1) Diaz KM, Duran AT, Colabianchi N, Judd SE, Howard VJ, Hooker SP. Potential Effects on Mortality of Replacing Sedentary Time With Short Sedentary Bouts or Physical Activity: A National Cohort Study. Am J Epidemiol. 2019;188(3):537-544. Return to content
- (2) 30 Minutes of Exercise Can Counteract a Day of Sitting. https://www.healthline.com/health-news/30-minutes-of-physical-activity-can-counteract-a-day-of-sitting; 09.01.2023. (2) 30 Minutes of Exercise Can Counteract a Day of Sitting. https://www.healthline.com/health-news/30-minutes-of-physical-activity-can-counteract-a-day-of-sitting; 09.01.2023. Return to content
- (3) Paluch AE, Bajpai S, Ballin M, Bassett DR, Buford TW, Carnethon MR et al. Prospective Association of Daily Steps With Cardiovascular Disease: A Harmonized Meta-Analysis. Circulation. 2023;147:122-131. Return to content
- (4) Dall PM, Ellis SLH, Ellis BM, Grant PM, Colyer A, Gee NR et al. The influence of dog ownership on objective measures of free-living physical activity and sedentary behaviour in community-dwelling older adults: a longitudinal case-controlled study. BMC Public Health. 2017;17(1):496. Return to content
- (5) Piercy KL, Troiano RP, Ballard RM, et al. The Physical Activity Guidelines for Americans. JAMA. 2018;320(19):2020-2028. doi:10.1001/jama.2018.14854. Return to content
поврзани статии:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.