Во врска со артериосклерозата

Од артериосклероза до инфаркт

Во врска со артериосклерозата

Различните ткива што го сочинуваат човечкото тело (мускулни, нервни, кожни и сврзни ткива) се снабдуваат со хранливи материи и кислород од артериите. Кога се здрави, овие крвни садови се силни и флексибилни и нивните внатрешни sидови се екстремно мазни, дозволувајќи крвта да тече брзо и без пречки.

Како што минува времето, на внатрешните sидови на овие садови, се наталожуваат масни и калциумови наслаги наречени плаки , кои предизвикуваат нивно стеснување. Особено е опасно што на површината на овие плаки може да се налепат тромбоцити и да формираат крвни тромби, кои дополнително го стеснуваат луменот или може да се откинат помали делови и да блокираат помали крвни садови.

Кога на овој начин ќе се блокира коронарна артерија , може да настане срцев инфаркт . Блокирањето на крвните садови во мозокот може да предизвика мозочен инфаркт (исхемичен мозочен удар ), кој го оштетува ткивото на мозокот. Ако се блокира еден крвен сад во некој од екстремитетите (обично во ногата), тоа може да доведе до потешкотии при одење, или, во посериозни случаи, до појава на рани или гангрена, кои се водечки симптоми на периферна артериска оклузивна болест.

Миокарден инфаркт

Миокардниот инфаркт се јавува кога наеднаш престанува или се намалува протокот на крв во дел од срцевиот мускул. Ако протокот на крв е блокиран подолг временски период, недостатокот на кислород предизвикува оштетување на срцевиот мускул, а потоа тој изумира. Локацијата на блокадата и големината на погодената област имаат директно влијание врз тоа колку срцето е во состојба да продолжи со пумпање крв. Најлош случај е кога срцето не е во состојба да го снабдува мозокот со доволно кислород, што доведува до смрт.

Симптоми1

Симптомите на миокардниот инфаркт се доста разновидни. Тие многу зависат од возраста на пациентот, од сите придружни болести што ги има пациентот, како и од локацијата и степенот на оштетувањето. Ако почувствувате некој од следниве симптоми, побарајте лекарска помош:

  • Чувство на стегање позади градната коска, силна болка во градите
  • Болка што се протега кон левата рака, левото рамо, левата плешка, вратот или брадата
  • Повраќање
  • Гадење
  • Пореметен срцев ритам
  • Тешкотии при дишењето
  • Ладна пот

Мозочен инфаркт (мозочен удар)

Крвните тромби што се откинуваат на помали делови, може да сигнат до мозокот и да ги блокираат мозочните крвни садови. Штетата предизвикана од недостаток на кислород повторно зависи од локацијата на блокадата и од големината на погодените области. Оштетувањето на ткивата може да доведе до парализа, проблеми со видот или говорот, губење на меморијата, па дури и смрт.

Симптоми2

Клетките на централниот нервен систем бараат постојано снабдување со кислород, што се обезбедува преку крвната циркулација. Ако има крвен тромб кој спречува крвта да стигне во некоја област, невроните во тоа подрачје за кратко време се оштетуваат и умираат. Симптомите обично се појавуваат ненадејно и може да бидат:

  • Отрпнатост или слабост на лицето, раката или ногата на едната страна од телото
  • Гадење или повраќање
  • Проблеми во комуникацијата, тешкотии во зборувањето
  • Силна главоболка без очигледна причина
  • Вртоглавица, конфузија или во посериозни случаи, губење на свеста

Што да правиме како превенција?

Од артериосклероза до инфаркт

Артериосклерозата не се манифестира со симптоми што секојдневно би нè предупредувале да внимаваме на неа. Сепак, инфарктот предизвикан од артериосклероза е премногу сериозна болест за да чекаме да настане проблем, па тогаш да делуваме. Фактот дека нашите крвни садови се во лоша состојба, честопати станува очигледен кога нашето тело ќе доживее миокарден или мозочен инфаркт .

Сепак, има начини да ги одржуваме крвните садови здрави и флексибилни. Здравата исхрана и поактивниот начин на живот, кој вклучува вежбање, се несомнено важен чекор.3

Табелата SCORE за проценка на ризик дава лесен начин да се пресмета ризикот од инфаркт. Ако резултатот надминува 5%, превземете итни мерки.

Гастрорезистентните таблети Аспирин Протект 100 се препорачуваат за намалување на ризикот од прв акутен инфаркт на срцето кај луѓе со кардиоваскуларни ризик фактори (како на пр. шеќерна болест, хиперлипидемија , хипертензија, дебелина, пушење, старост), како и за секундарна превенција на кардиоваскуларни настани кај пациенти со докажано кардиоваскуларно заболување.4

Не чекајте да се појават проблеми, па дури тогаш да делувате!

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот односно медицинското помагало консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Референци:

  • (1) Lu L, Liu M, Sun R, Zheng Y, Zhang P. Myocardial Infarction: Symptoms and Treatments. Cell Biochem Biophys. 2015;72(3):865-867. doi:10.1007/s12013-015-0553-4. Return to content
  • (2) Yew KS, Cheng EM. Diagnosis of acute stroke. Am Fam Physician. 2015;91(8):528-536. Return to content
  • (3) Piepoli MF, Hoes AW, et al. 2016 European Guidelines on cardiovascular disease prevention in clinical practice: The Sixth Joint Task Force of the European Society of Cardiology and Other Societies on Cardiovascular Disease Prevention in Clinical Practice (constituted by representatives of 10 societies and by invited experts) Developed with the special contribution of the European Association for Cardiovascular Prevention & Rehabilitation (EACPR). Atherosclerosis. 2016;252:207‐274. doi:10.1016/j.atherosclerosis.2016.05.037. Return to content
  • (4) Аспирин® Протект 100 mg, гастрорезистентни таблети; Внатрешно упатство за лекот, август 2020. Return to content

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.