Стабилната ангина пекторис , т.е. болка во градите, е најчеста манифестација на исхемично срцево заболување. Терминот потекнува од грчкиот збор „ankhon“, што значи „затегнување“, а латинскиот збор „pectus“, значи „гради“, што буквално значи чувство на затегнатост во градите.
Во денешната медицинска терминологија, ангина пекторис е дефинирана како привремена болка во градите или стегање во градите што се јавува поради недоволно снабдување на срцевиот мускул со кислород, што трае неколку минути и престанува ако пациентот остане во мирување.
Недоволното снабдување на срцевиот мускул со кислород резултира со зголемена побарувачка на кислород од страна на срцевиот мускул при физички напор (стабилна ангина ); а понекогаш, срцевиот мускул бара повеќе кислород и заради психички стрес, студен воздух или јадење (провоцирана ангина).
Типови на ангина пекторис
Во зависност од симптомите што ги доживува пациентот, ангина пекторис се класифицира како типична, атипична или екстракардијална.
Типичната ангина пекторис се карактеризира со следново:
- Болка и/или непријатност под градната коска, во вратот, вилицата, рамото или раката
- Овој симптом се активира при физички напор или психички стрес
- Болката или непријатноста исчезнуваат во мирување или по пиење на нитроглицерин.
Атипичната ангина пекторис се карактеризира со тоа што има две од трите горенаведени карактеристики.
Во случај кога болката во градите е екстракардијална, т.е. не е локализирана во срцето, има само еден или евентуално ниту еден од типичните симптоми.
Начини на лекување
Стратегијата за лекување на стабилната ангина пекторис напредувала многу во последниве години. Кога ја одредуваат терапијата, лекарите не се водат само од потребата да се ублажат симптомите, туку во предвид се земаат и други фактори. Лекувањето се фокусира не само на абнормалните промени во крвните садови, туку и на оштетувањето на срцевиот мускул. Може да се користат повеќе лекови за да се ублажат симптомите на ангина пекторис, да се намали нивната честота, да се намали честотата и присилните контракции на срцевиот мускул и да се спречат васкуларните грчеви. Лекарите се стремат да го подобрат исходот преку превенција на сериозни компликации како што е миокарден инфаркт или смрт. Прогнозата може да се подобри преку примена на антитромботични лекови (лекови кои го инхибираат слепувањето на тромбоцитите, меѓу кои е Аспирин® Протект 100), како и преку намалување на нивото на лош холестерол (LDL-C). Во одредени случаи, може да бидат потребни дополнителни интервенции, вклучувајќи ангиопластика (употреба на катетер за проширување на крвен сад) и операција за бајпас , но овие процедури не се соодветни за сите.
За пациентите со дијабетес кои имаат и стабилна ангина пекторис потребна е специјална нега. Кај овие пациенти, симптомите на ангина имаат тенденција да бидат многу благи. Ова е делумно затоа што една од најчестите компликации на дијабетесот - невропатијата (губење на функцијата на сетилните нерви) честопати влијае на функционирањето на кардиоваскуларниот систем. Ова спречува пациентите да чувствуваат силно, болно стегање во градите кое е карактеристично за ангина пекторис, иако со 24-часовен ЕКГ се откриваат исхемични епизоди (периоди на недоволно снабдување со кислород).1
Што можете да направите за да ја подобрите вашата состојба?
Прво и најважно, секој што сè уште пуши цигари треба веднаш да престане. Постои јасен доказ дека пушењето е најважниот фактор на ризик за повторно појавување на коронарна артериска болест. Престанокот на пушењето целосно ги ублажува симптомите и ја подобрува прогнозата.
Исто така, треба редовно да го проверувате Вашиот липиден статус. Здравата исхрана може да го намали и целокупното ниво на холестерол и нивото на „лош холестерол“ (LDL), а со тоа да го намали и ризикот од коронарна артериска болест. Исто така, добро е да се изгуби вишокот телесна тежина, така ќе се подобри здравјето на срцето и на кардиоваскуларниот систем.
Важно е и да се нормализира телесната тежина затоа што гојазноста, особено ако е локализирана во абдоминалниот регион, во голема мера го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Затоа, неопходно е да вежбате редовно, што помага да се нормализира телесната тежина. Вежбањето ги зголемува и физичките способности на пациентите со ангина пекторис , ги ублажува нивните симптоми, го подобрува нивниот крвен притисок и има позитивен ефект врз целокупниот метаболизам . Срцата на оние што вежбаат имаат подобра коронарна циркулација, пулсот при мирување е помал, а поповолен е односот помеѓу пулсот при одмор и работа. Редовното вежбање исто така штити од влошување на дијастолната функција на левата комора кое настапува со возраста. Покрај тоа, вежбањето ќе го намали ризикот од инфаркт и придонесува за подобар исход кај пациентот. Кога правите програма за вежбање, секогаш треба да се консултирате со Вашиот лекар, кој ќе ги процени Вашите физички способности и сериозноста на симптомите и ќе ви даде личен совет за препорачаното ниво на физичка активност.
И психолошките фактори може да играат голема улога во провоцирање на напади на ангина пекторис. Самата дијагноза ангина пекторис може да предизвика вознемиреност. Постојат повеќе техники за релаксација и други методи кои може да бидат многу корисни во справувањето со стресот. За жал, многу луѓе се наклонуваат кон алкохолот за да ја намалат својата вознемиреност. Меѓутоа, наместо да ги реши нивните проблеми, алкохолот може да биде извор на дополнителни проблеми. Постои општоприфатена заблуда дека алкохолот е добар за срцето. Иако една мала чаша црвено вино на ден може навистина да биде корисна, редовното консумирање на големи количини алкохол може да го зголеми ризикот од повеќе срцеви заболувања и е особено штетно за луѓето со хипертензија или со конгестивна срцева слабост . Иако земање на мали до умерени количини алкохол (1-2 чаши на ден) не го зголемува ризикот од миокарден инфаркт, количините алкохол кои се >100 g неделно, се поврзани со зголемена кардиоваскуларна смртност.1
Аспирин® Протект 100 е лек кој содржи ацетилсалицилна киселина. Една таблета на ден, кога се пие редовно, го инхибира слепувањето на тромбоцитите, со што се спречува формирање на крвни тромби кои ги стеснуваат или блокираат крвните садови и на тој начин се намалува ризикот од инфаркт кај лица со зголемен ризик.2 Актуелните докази поддржуваат примена на дневни дози Аспирин® од 75-100 mg за превенција на исхемични настани кај пациенти со коронарна артериска болест кои прележале или не прележале миокарден инфаркт.1
Не го занемарувајте овој проблем. Не чекајте да дојде до оштетување на организмот, па потоа да реагирате.
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот односно медицинското помагало консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт
Референци:
- (1) Knuuti J, Wijns W, Saraste A, et al. 2019 ESC Guidelines for the diagnosis and management of chronic coronary syndromes. Eur Heart J. 2020;41(3):407-477. doi:10.1093/eurheartj/ehz425. Return to content
- (2) Аспирин® Протект 100 mg, гастрорезистентни таблети; Внатрешно упатство за лекот, август 2020. Return to content
поврзани статии:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.