Мотото на Bayer е „Наука за подобар живот“. Компанијата, која е позната по своите иновации, има долга и успешна историја.
Компанијата започнала со една мала, но иновативна фабрика за бои, во округот Бармен во Вупертал, за да прерасне во глобален концерн со повеќе од 110.000 вработени.1
Сè започна со пријателство на двајца мажи, нивната голема љубопитност и две кујни печки. Бизнисменот Фридрих Баер и бојачот Јохан Фридрих Вескот ги искористиле овие печки да направат експерименти и на крајот да откријат како да се направи бојата фуксин. На 1 август 1863 година го основаа „Friedr. Bayer et comp.“ компанија во Вупертал-Бармен, стартап од 19 век со огромен потенцијал.
Компанијата, која е позната по своите иновации, има долга и успешна историја. Она што започна како мала, но иновативна фабрика за бои, во округот Бармен во Вупертал, денес прерасна во глобален концерн со повеќе од 110.000 вработени.1 Во изминатите 150 години, пронајдоците на Bayer многупати помогнале за подобрување на квалитетот на животот на луѓето. Мотото на Bayer е „Наука за подобар живот“.
Иновација и промена за човештвото
Производите на Bayer станаа неопходни за нашите животи. Еден пример е лекот против болка, Aspirin®, кој бил пуштен на пазарот во 1899 година и до ден-денес останува еден од најдобрите производи на Bayer. Низ децениите, истражувачите на Bayer развија пионерски активни супстанци за лекување на заразни, тропски и кардиоваскуларни заболувања. Денес, истражувањето на фармацевтски производи во Bayer Pharmaceuticals главно е фокусирано на полето на кардиологијата, хематологијата, онкологијата, женското здравје и дијагностичките снимања.2,3
Иновации и промени за природата
Друга фокусна точка на истражувањето на Баер е земјоделството. Денес, Bayer CropScience е глобален лидер на глобалниот пазар на производи за заштита на земјоделските култури. Овој успех се заснова на иновации - не само хемиски и биолошки производи за заштита на земјоделски култури кои нудат одржливи решенија, туку и висококвалитетно семе.
150 години на постојани промени и обнова
Историјата на Bayer трае 150 години. Ова веднаш асоцира на зборовите традиција и континуитет. Сепак, Bayer во тие 150 години доживува постојани промени и обнови. Една компанија не може да постои долгорочно, без да се менува и да се прилагодува.
Од основањето на компанијата до денес
Компанијата беше основана под името „Friedr. Bayer et comp.“ на 1 август 1863 година од бизнисменот Фридрих Баер и фарбачот Јохан Фридрих Вескот во округот Бармен во Вупертал. Bayer првично произведувале синтетички бои, но опсегот на производи значително се зголемил со текот на годините. Во 1881 година, компанијата била трансформирана во акционерското друштво „Farbenfabriken vorm. Friedr. Bayer & Co.“ и прераснала во меѓународна компанија за хемикалии. За време на експанзијата, во 1912 година, Баер го преселила седиштето во Леверкузен. После Првата светска војна, компанијата станлаа дел од голем конгломерат. Во 1951 година, повторно била основана како независна компанија под името Farbenfabriken Bayer AG.2
Темпото на промени значително се забрзало по 125-годишнината на Bayer во 1988 година. Компанијата се фокусира повеќе кон нејзините основни активности, што резултирало во продажба на подружницата Agfa во 1999 година. Во 2005 година, Bayer преназначил значителни делови од традиционалниот бизнис на хемикалии под името Lanxess. Во исто време, здравствените услуги и земјоделските бизниси, наречени животни науки, биле систематски проширени, особено со аквизициите на Aventis CropScience (2001) и Schering AG, Berlin, Germany (2006). Благодарение на нашата моќ за иновации и нашата способност постојано да се прилагодуваме кон промените на пазарот, Bayer сега има водечки позиции во сите свои деловни области - во септември 2016 година, Баер и Монсанто потпишаа обврзувачки договор за спојување. „Како водечки мотор за иновации во земјоделството, ние им нудиме на вработените ширум светот привлечни работни места и можности за развој“, рече Вернер Бауман, претседател на Управниот одбор на Bayer. Инвентивниот дух и волјата да се успее се мост кој се протега од почетокот на компанијата пред 150 години до денес.
Референци:
- (1) Hannah Blake. A history of Bayer. Available at: https://pharmaphorum.com/views-and-analysis/a_history_of-_bayer/ [accessed 7 July 2020] Return to content
- (2) bayer.com/en/history.aspx Return to content
Поврзани статии:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.