Гојазноста честопати предизвикува кардиоваскуларни заболувања, на пример, миокарден инфаркт , мозочен удар или венска тромбоза , а тие заболувања сочинуваат значаен дел од вкупните смртни случаи.1
Познат е фактот дека гојазноста честопати предизвикува кардиоваскуларни заболувања, инфаркт на миокардот, хипертензија, мозочен удар и венска тромбоза.1
Дали гојазноста е естетски проблем или е болест?
Светската здравствена организација (СЗО) проценила дека во 2016 година повеќе од 1.9 билиони возрасни луѓе во светот имале прекумерна телесна тежина (39% од популацијата) и над 650 милиони (13% од популацијата) била гојазна.1 Тоа е глобален феномен и е многу повеќе од естетско прашање.
Освен ако се погледнете во огледало, како на друг начин може да утврди гојазноста?
Гојазни сте ако индексот на телесна маса (BMI) е 30 или повеќе. Ова може да го пресметате со делење на телесната маса изразена во килограми со квадратот на Вашата висина изразен во метри.2 Пред неколку години беше усвоена теоријата дека обемот на дебелината треба да се определува со количината на масното ткиво, а не со телесната маса. Само размислете за Арнолд Шварценегер, кој со години тежеше 103 kg, немаше вишок масти. Во исто време, лице со иста телесна маса може да има голема количина на непотребни масти. Сепак, важно е каде во телото се наоѓа вишокот масно ткиво.3 Има две форми на масни ткива, тоа се поткожното масно ткиво (под кожата) и висцералното масно ткиво. Втората форма може да биде присутна на неколку места. Најчесто и највидливо складирање е во стомачната празнина.4
Абдоминална дебелина
Поткожна дебелина
Може ли висцералната дебелина да се развие на друго место или само во абдоминалната празнина?
Висцералната дебелина може да се развие во многу делови од телото. Во составот на стомакот, масното ткиво може да се депонира во оментумот (обвивка која ја обложува стомачната празнина), под кожата на стомачниот ѕид, кој со двоен ѕид ги штити цревата од механичко оштетување и студ. Исто така, може да се депонира во мезентериумот - можеби сте запознаени со масното ткиво од оваа регија ако сте виделе заколени свињи или пилиња. Мезентеричното масно ткиво има поинаков изглед и поинаку делува од другите масни ткива. Тоа е многу поактивно, а супстанциите што ги содржи и ги произведува се поразлични од оние во поткожното масно ткиво. Другиот слој на масно ткиво во стомачната празнина е слојот зад перитонеумот (т.н. ретроперитонеален слој), кое ги обвиткува бубрезите како капсула. Ги штити бубрезите од дразби, механички ефекти и топлина.5
Абнормално лоцираните масни наслаги може да бидат присутни во многу други области на телото, на пример во црниот дроб и во панкреасот. Во мускулните клетки може да се депонираат ситни масни глобули (триглицеридни топчиња). Други области на таложење се внатрешниот дел од бутовите и регијата под дијафрагмата, односно помеѓу дијафрагмата и белодробната плевра (обвивка која ги обложува белите дробови). Масното ткиво може да се депонира во дојките, па дури и во голтникот, што може да доведе до паузи во дишењето за време на спиењето, т.н. спиечка апнеа. Познато е дека регионалната дистрибуција на телесни масти е значаен индикатор за метаболичкото и кардиоваскуларното пореметување кај некои лица.5 Спиечката апнеа мора да се сфати сериозно, бидејќи значително го намалува снабдувањето на мозокот со кислород и има секундарно дејство врз циркулацијата и отчукувањата на срцето, па како резултат на тоа, може да предизвика голем број на срцеви заболувања.6 Масното ткиво има негативно влијание врз срцевата функција , не само механички, туку и со формирање на наслаги околу голем број крвни садови. Како што се формира масното ткиво, така се ослободуваат супстанции кои директно им наштетуваат на соседните крвни садови.5
Зошто масната храна прави наслаги во повеќе делови од телото?
Бидејќи луѓето сакаат таа да го прави тоа. Со милиони години проблемот не беше во земањето премногу масти - напротив, немаше доволно. За време на леденото доба, вишокот масно ткиво им помагало на луѓето да се заштитат од студот. Мастите сè уште беа ценета стока во средниот век. Во некои земји имало периоди кога мастите биле поскапи од месото. Логично е, бидејќи мастите имаат 9,1 kcal енергија во 1 грам, додека 1 грам протеини во месото содржи само 4,1 kcal. Ова значи дека мастите складираат многу енергија и се многу хранливи.7
Лебот и путерот сè уште се најевтината храна. Но, денес се оди и во друга крајност: насекаде може да се слушне дека само пилешкото и рибата се здрави и дека воопшто не треба да јадете свинско месо.
Може да јадете свинско месо, но не премногу, и важно е и правилно да се зготви.8 Нутритивната вредност пак на рибите зависи од содржината на масни киселини кои се корисни за здравјето. Највисока вредност на EPA (еикосапентаноична киселина) била забележана во мастите кај крапот (2.92%), кај некои Сибирските кечиги (2.38%), сомот (1.63%), и уште еден тип на крап.9
Дали ова значи дека мастите не ни се непријатели?
На организмот му е потребна одредена количина масти, но важно е да се најде здрав сооднос и истиот да се следи. Ако не внесувате масти, ќе се разболите,...па само помислете на екстремно слабите манекенки. Но ќе се разболите и ако консумирате прекумерна количина на масти. Голем број болести се развиваат како резултат на прекумерна консумација на масти.
Гојазноста може да предизвика кардиоваскуларни заболувања, на пример хипертензија, заболувања на црниот дроб, а како резултат на тоа, нарушувања на метаболизмот на мастите, а исто така и мускулноскелетни проблеми. Малкумина знаат дека дополнителното оптоварување на зглобовите не е единствената причина за развој на мускулноскелетни проблеми. Одредени супстанции произведени во масното ткиво влегуваат во зглобните шуплини и во ткивото на 'рскавицата предизвикуваат стерилно воспаление (без гној). Како резултат на тоа, се развива воспаление во 'рскавицата и зглобната шуплина, што доведува до мускулноскелетни проблеми.10 Покрај тоа, дебелината може да предизвика многу други болести, од кои најважни се малигни тумори, претежно карцином на дебелото црево, карцином на ректумот, карцином на дојката, карцином на грлото на матката, карцином на јајниците и карцином на панкреасот.11
Како дебелината влијае на васкуларниот систем?
Ендотелот, како внатрешна обвивка на крвните садови, тежи неколку килограми и игра важна улога во развојот на артериосклероза и метаболизмот на тромбоцитите. Производството и разложувањето на големиот број на т.н. простагландини во голема мера зависи од активноста на ѕидот на крвните садови. Кога овие не функционираат правилно, почнуваат да се формираат крвни тромби што потоа доведува до артериосклероза. Гојазноста е фактор кој го предизвикува овој процес. Како? Како што веќе споменавме, супстанциите што предизвикуваат воспаление се создаваат во мастите, тие предизвикуваат значително оштетување на ѕидовите на крвните садови, што придонесува за формирање на крвни тромби, што е втора фаза на оштетувањето. Потоа, како резултат на процесите на регенерација на телото, супстанците се депонираат за да се изгради крвниот сад и да се поврати првобитната структура. Ова значи дека холестеролот не е примарната причина за артериосклерозата и заболувањата на крвните садови. Секако, нарушувањето на метаболизмот на холестеролот игра улога во тој процес, но примарна причина е замастениот црн дроб и голема количина липиди низ целото тело кои се депонираат како триглицериди, прво во црниот дроб, а подоцна и во ткивата. Ова предизвикува неколку секундарни, дегенеративни промени на организмот.1
Може ли да се каже дека артериосклерозата е болест на цивилизацијата?
Не. Бројни скенирања на компјутерска томографија на египетски, јужноамерикански и ескимски мумии покажале знаци на артериосклероза на релативно рана возраст.12 Овие луѓе различно се хранеле и дефинитивно биле физички активни.13 Артериосклерозата е болест типична за човечкиот род, почетокот може да се одложи со здрав начин на живот, но бидејќи ние сме луѓе, секогаш постои ризик. Формирањето на крвни тромби игра важна улога во развојот на артериосклерозата. Артериосклерозата кај луѓето настанува порано и почесто кај оние лица кои имаат покачени нивоа на холестерол во крвта.13 Тромбите се исто така биолошка формација која е присутна веќе неколку милиони години. Пред многу години главната закана била некој да се повреди и да искрвари до смрт. Затоа, телото се обидело да го спречи крварењето. Ова значи дека формирањето крвни тромби е физиолошка функција. Коагулација на крвта може да се случи преку активација на надворешна и внатрешна патека. Надворешната патека се активира кога има оштетување на ткивото. Внатрешната патека е формирање на крвни тромби како резултат на оштетување на ѕидот на крвните садови. Двата процеса завршуваат со формирање на крвни тромби, кога всушност се формира протеинска мрежа, т.н. фибринска мрежа. Гојазноста може да го спречи разложувањето на фибринската мрежа, односно процесот на фибринолиза .14
Како може да се спречи формирањето на крвни тромби?
Мора да вложиме напори да го модифицираме формирањето на крвни тромби и мора да се осигураме дека сме направиле доволно. Постојат ефективни лекови кои спречуваат формирање на крвни тромби, но факторите кои помагаат во разложување на крвните тромби може да се активираат и со намалување на телесната тежина при што ќе се намали и количината на вишокот масти депонирани во организмот. Во однос на второто, најдобри резултати беа постигнати со подобрување на начинот на живот, со посебен фокус на зголемена физичка активност. Ова значи дека и лековите и промената на начинот на живот се неопходни за да се спречи формирање на нови тромби и за да се разложат веќе формираните крвни тромби - тоа се два препорачани начини за да се спречи артериосклерозата кај гојазни лица.1
Аспирин® Протект 100 е лек кој содржи ацетилсалицилна киселина. Земање 1 таблета на ден го инхибира абнормалното слепување на тромбоцитите, со што се спречува формирање на крвни тромби кои ги стеснуваат или блокираат крвните садови и на тој начин се намалува ризикот од инфаркт . Се препорачува да се употребува за намалување на ризикот од прв акутен инфаркт на срцето кај луѓе со кардиоваскуларни ризик фактори (како на пр. шеќерна болест, хиперлипидемија , хипертензија, дебелина, пушење, старост), како и за секундарна превенција на кардиоваскуларни настани кај пациенти со докажано кардиоваскуларно заболување.15
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот односно медицинското помагало консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт
Референци:
- (1) CercatoC, Fonseca F. Cardiovascular risk and obesity. Diabetology & Metabolic Syndrome. 2019;11:74. doi:10.1186/s13098-019-0468-0. Return to content
- (2) World Health Organization. Fact Sheet – Obesity and overweight. Available at: https://www.who.int/news-room/fact-sheets/detail/obesity-and-overweight# [accessed 17 June 2020] Return to content
- (3) Adab P, Pallan M, Whincup PH. Is BMI the best measure of obesity? [published correction appears in BMJ. 2018 May 23;361:k2293]. BMJ. 2018;360:k1274. Published 2018 Mar 29. doi:10.1136/bmj.k1274. Return to content
- (4) Shuster A, Patlas M, Pinthus JH, Mourtzakis M. The clinical importance of visceral adiposity: a critical review of methods for visceral adipose tissue analysis. Br J Radiol. 2012;85(1009):1-10. doi:10.1259/bjr/38447238. Return to content
- (5) Frühbeck G. Overview of adipose tissue and its role in obesity and metabolic disorders. Methods Mol Biol. 2008;456:1-22. doi:10.1007/978-1-59745-245-8_1. Return to content
- (6) Mayo Clinic Staff. Sleep Apnea – Symptoms & Causes. (2018) Available at: https://www.mayoclinic.org/diseases-conditions/sleep-apnea/symptoms-causes/syc-20377631 [accessed 17 June 2020] Return to content
- (7) Youdim A. Carbohydrates, Proteins, and Fats. (2018) Available at: https://www.merckmanuals.com/home/disorders-of-nutrition/overview-of-nutrition/carbohydrates,-proteins,-and-fats [accessed 17 June 2020] Return to content
- (8) Arnarson A. Pork 101: Nutrition Facts and Health Effects. (2019) Available at: https://www.healthline.com/nutrition/foods/pork [accessed 17 June 2020] Return to content
- (9) Pyz-Aukasik R, Kowalczyk-Pecka D. Fatty Acid Profile of Fat of Grass Carp, Bighead Carp, Siberian Sturgeon, and Wels Catfish. Journal of Food Quality. 2017. 1-6. doi: 10.1155/2017/5718125. Return to content
- (10) King LK, March L, Anandacoomarasamy A. Obesity & osteoarthritis. Indian J Med Res. 2013;138(2):185-193. Return to content
- (11) National Cancer Institute. Obesity and Cancer Fact Sheet. (2017) Available at:https://www.cancer.gov/about-cancer/causes-prevention/risk/obesity/obesity-fact-sheet[accessed 17 June 2020] Return to content
- (12) Thompson RC, Allam AH, Lombardi GP, Wann LS, Sutherland ML, Sutherland JD, Thomas, G. S. Atherosclerosis across 4000 years of human history: the Horus study of four ancient populations. The Lancet, 381(9873), 1211–1222. doi:10.1016/s0140-6736(13)60598-x. Return to content
- (13) Subcommittee on arteriosclerosis: Cowles A, Chairman EVA, Houston Merritt H, Duff LG, Moore AR, Kendall EF, B Shumacker H, Levy RL, Wright IS. The pathogenesis of arteriosclerosis. International Journal of Epidemiology. 2015;44(6):1791–1793. doi:10.1093/ije/dyv347. Return to content
- (14) Mertens I, Van Gaal LF. Obesity, haemostasis and the fibrinolytic system. Obes Rev. 2002;3(2):85-101. doi:10.1046/j.1467-789x.2002.00056.x. Return to content
- (15) Аспирин® Протект 100 mg, гастрорезистентни таблети; Внатрешно упатство за лекот, август 2020. Return to content
поврзани статии:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.