Редовното одење во сауна може да помогне во заштитата од срцев удар

Редовното одење во сауна помага во заштитата од срцев удар

Финците ги опишуваат сауните како „аптека за сиромашни“, а истражувачите докажаа дека сауните се навистина корисни за здравјето.

Редовното одење во сауна може да помогне во заштитата од срцев удар

Научниците откриле дека сувата топлина на сауната не помага само за потење, туку таа може да го продолжи животот, намалувајќи го ризикот од срцев удар кај средовечните мажи до 63%. Авторите на студијата од Универзитетот од Источна Финска признале дека не се сигурни како сауната го подобрува здравјето на срцето. „Потребни се понатамошни студии за утврдување на потенцијалниот механизам што ги поврзува одењето во сауна и кардиоваскуларното здравје“, вели д-р Јари Лауканен, кој го објавил истражувањето во списанието „Jama Internal Medicine“.1

Студијата била спроведена кај 2315 мажи од Финска на возраст од 42 до 60 години, кои биле набљудувани повеќе од 21 година. Во периодот на истражувањето, доказите покажале 190 ненадејни смртни случаи од срцевата болест, 281 фатални случаи на корорнарна срцева болест, 407 смртни случаи од кардиоваскуларни заболувања и 929 смртни случаи од „секакви причини“. Значаен е податокот кој вели дека оние што редовно користеле сауна, се чини дека се заштитени од срцеви проблеми.1

Било откриено дека ризикот од ненадејна смрт од срцева болест е за 22% помал кај мажите кои оделе во сауна два до три пати седмично и 63% помал кај оние кои оделе во сауна четири до седум пати седмично.1

Слично е забележано и за коронарната срцева болест, при што одењето во сауна два до три пати седмично го намалува ризикот од смрт за 23%, а четири до седум пати седмично го намалува ризикот од смрт за 48%. Стапката на смртност од кардиоваскуларни заболувања е помала за 27% кога мажите оделе во сауна два до три пати седмично, а 50% помала кога оделе во сауна четири до седум пати седмично.1

Д-р Рита Редберг, од Универзитетот Калифорнија и уредничка на Јama Internal Medicine, вели: „Иако не знаеме зошто мажите кои почесто оделе во сауна се подолговечни - без разлика дали е заради времето поминато во топла соба, заради релаксацијата, слободното време што овозможува повеќе време за релаксација или дружењето во сауната - јасно е дека времето поминато во сауна е корисно за здравјето“.

Редовното одење во сауна може да помогне во заштитата од срцев удар

Претходни студии покажале дека сауните може да го намалат крвниот притисок, да го намалат стресот, да помогнат при дијабетес и белодробни заболувања, па дури и да ја избркаат обичната настинка.2

Некои спортисти користат сауни за да ја зголемат својата издржливост, затоа што таа помага да се зголемат белодробниот капацитет, црвените крвни зрнца и плазмата. Покрај тоа, нурнувањето во ладна вода после сауна може да ги зголеми антиоксидансите во организмот и да го зајакне вашиот имунолошки систем. 

Сауните во Финска постојат илјадници години. Првите доселеници ископале дупки во земјата и ги наполниле со жешки камења кои ги попрскале со вода за да испушти пареа позната како „loyly“. Една финска поговорка вели: „Ако болното лице не се излечи со катран, алкохол или сауна, тогаш му нема спас“.

До неодамна, жените се пораѓале во сауни, бидејќи биле сметани за најчиста просторија во куќата.

Референци:

  • (1) Laukkanen T, Khan H, Zaccardi F, Laukkanen JA. Association between sauna bathing and fatal cardiovascular and all-cause mortality events. JAMA Intern Med. 2015;175(4):542-548. doi:10.1001/jamainternmed.2014.8187. Return to content
  • (2) Hussain J, Cohen M. Clinical Effects of Regular Dry Sauna Bathing: A Systematic Review. Evid Based Complement Alternat Med. 2018;2018:1857413. Published 2018 Apr 24. doi:10.1155/2018/1857413. Return to content

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.