Општи одредби и услови за користење

Ви благодариме што нѐ посетивте!

Пристапот до интернет-страната и нејзиното користење подлежи на следните правила уредени како во овие Услови за користење. Користете ја интернет-страната само доколку се согласите со овие услови. Интернет-страната е создадена, управувана и ажурирана од страна на БАЕР ДОО Љубљана - Претставништво Скопје, со седиште на ул. „Антон Попов„ бр.1 ламела 2 мезанин локал 4, Скопје, Република Северна Македонија (во понатамошниот текст: „Баер Македонија„).

Интернет-страната, достапна под доменот https://moesrcemojzivot.mk, е портал што може да го посети или користи секој (во натамошниот текст: „Корисник„) кој обезбедува информации (на пр. билтени) за превенција и третман на кардио¬васкуларни заболувања и за брендовите и производните категории на Аспирин Протект.

Целта на интернет-страната е да обезбеди информации до корисниците во Република Северна Македонија за брендовите и производните категории на Аспирин Протект, заради подигнување на нивната свест.

Користење на информациите дадени на оваа интернет страна

Сите детали, документи, информации и илустрации објавени на оваа интернет-страна се сопственост на матичното друштво на Баер Македонија, Bayer Group. Каква било дозвола за нивно користење се дава само доколку на сите копии се прикаже релевантно известување за соодветните права, доколку таквите содржини се користат само за лични цели, доколку не се користат директно или индиректно за комерцијални активности или лична добивка, доколку деталите не се менуваат на кој било начин и доколку сите илустрации од интернет-страната се користат само во комбинација со придружниот текст.

Ограничување на одговорноста

Ние ги вложуваме сите разумни напори за да обезбедиме точност и целосност на информациите на интернет-страната и да ја одржуваме интернет-страната; сепак, ние не преземаме никаква одговорност за каква било штета што произлегува од какви било неточности и/или нецелосни информации и/или ненавременост на податоците и информациите презентирани на оваа интернет-страна. Корисникот експлицитно прифаќа дека и тој/таа има одговорност да ги следи сите промени на информациите достапни на интернет-страната. 

Препорачуваме да ги проверите нашите најнови совети дадени на интернет-страната – особено безбедносните табеларни податоци и упатствата за употреба на производите наведени на Интернет-страната – и нашите производи за да ја дознаете соодветноста на наменетите третмани и цели. Доколку Ви се потребни совети или упатства за нашите производи или услуги, Ве молиме контактирајте нè директно.

Корисниците на оваа интернет-страна се согласуваат дека до интернет-страната и нејзината содржина (објавени материјали, брошури, информации, податоци) пристапуваат на сопствен ризик. Ниту Баер Македонија, Bayer Group ниту трети страни вклучени во пишувањето, создавањето или преносот на оваа интернет страна не сносат одговорност за каква било штета или повреда што настанале заради прикажување или отворање на интернет-страната или нефункционирање на истата, заради пристап до интернет-страната или неможност за пристап или заради користење на интернет-страната или неможност за користење или заради потпирање на информации наведени на интернет-страната. Запомнете дека објавените информации не ги заменуваат советите, третманот или препораките на здравствените работници. Во врска со лековите и медицинските производи, силно препорачуваме да се консултирате со Вашиот лекар или фармацевт пред да ги користите.

Врски до интернет страни на трети страни

При користењето на оваа интернет страна, може да најдете референци или врски до други интернет страни. Баер Македонија ниту Bayer Group не превзема никаква одговорност за содржината, точноста или работењето на интернет страните на трети страни. Прикажувањето на таквите врски не значи дека Баер Македонија и/или Bayer Group се согласува со нивната содржина. Баер Македонија и/или Bayer Group не прифаќа никаква одговорност за достапноста или содржината на таквите интернет страни или за штета или повреда што настанале заради користење на тие содржини. Поставувањето врски до друга интернет страна не значи дека Баер Македонија и/или Bayer Group ја поддржува таа страна на кој било начин. Врските до други интернет страни се прикажуваат на Корисниците на интернет страната само заради нивна погодност. Корисниците може да ги посетуваат тие интернет страни само на сопствен ризик. Ако Баер Македонија и/или Bayer Group дознае дека која било врска објавена на оваа страна содржи незаконски информации, веднаш ќе преземе мерки за отстранување на врската откако нелегалноста ќе биде потврдена.

Пред да ја напуштите оваа интернет страна за да посетите интернет страна(и) на трети страни, од вас се бара внимателно да ги разгледате општите одредби и услови за користење и правилата за приватност на таа/тие интернет страна(и) на трети лица.

Содржина обезбедена од Корисникот

Корисникот на интернет страната не смее да објавува содржина на оваа интернет страна.

Прекугранична употреба

Оваа интернет страна ја следи, управува и ажурира претставништвото на Баер во Република Северна Македонија. Таа е дизајнирана специјално за употреба во Република Северна Македонија. Баер Македонија не превзема никаква одговорност за точноста на содржината на оваа интернет страна на други места освен во Република Северна Македонија, особено за достапноста на производите и услугите со слично име, со слична презентација или пакување или под истите услови. Производите на оваа интернет страна може имаат различно пакување, етикетирање, презентација и означување во зависност од земјата. Доколку преземете содржини од оваа интернет страна, имајте предвид дека истото го преземате на сопствена одговорност, особено што е потребно вашето постапување да е во согласност со локалното законодавство, применливо во местото на вашето живеалиште.

Вашите лични податоци испратени на оваа интернет страна подлежат на условите на Информации за заштита на личните податоци, што е достапна и на оваа страна.

Оваа интернет страна е обезбедена „како што е“, затоа Баер Македонија и/или Bayer Group  не дава гаранција, без оглед дали е изразена, имплицирана, законска или од друг вид, за сигурноста и ажурирањето на информациите на оваа интернет страна, за пристап до интернет страната без прекин или без грешки, за немање на вируси на интернет страната, за точноста или целосноста на содржината споделена на интернет страната. Корисникот експлицитно прифаќа дека и тој/таа има одговорност да ги следи сите промени на информациите достапни на интернет страната.

Го задржуваме правото да го ограничиме, одложиме или прекинеме пристапот до кој било или до сите делови на оваа интернет страна или до какви било нејзини функции во кое било време, без претходно предупредување.

Ако ви треба дополнително упатство во врска со содржината објавена на оваа страна, стапете во контакт со давателот на содржината користејќи некој од деталите за контакт наведени во импринт.

Трговски марки

Сите имиња на брендови или трговски марки на оваа интернет страна се сопственост на Bayer Group, или подружници, филијали, даватели на лиценца или заеднички вложувачи на Bayer Group. Неовластената употреба или злоупотребата на овие трговски марки или други материјали е експлицитно забранета и претставува повреда на авторското право, трговската марка или други права на индустриска сопственост.

Оваа интернет страна е во сопственост на Bayer Group. Авторското право, трговската марка и другите права на интелектуална сопственост на сликите и содржините на текстовите, вклучувајќи ги трговските марки, имињата на домените и друга интелектуална сопственост, на интернет страна или во испратените билтени, се сопственост на Bayer Group или се прикажани на интернет страната со дозвола на релевантниот сопственик.

Корисникот може да ја прелистува оваа интернет страна и да ја користи нејзината содржина, во целост или делумно, за приватни цели, без финансиска добивка, под услов известувањата за авторско право, трговските марки, останатите права од областа на индустриска сопственост, како и други права да останат непроменети. Секоја друга употреба на оваа интернет страна од страна на Корисникот, спротивна на наведеното, подлежи на соодветно постапување согласно важечките закони.

Во никој случај содржината на оваа интернет страна не смее да се толкува како давање право на користење на кое било од авторските права, трговските марки и/или останатите права од областа на индустриска сопственост прикажани на оваа интернет страна.

Продажба на производите на BAYER

Нашите производи се продаваат согласно тековните одредби на нашите Општи услови за продажба и испорака.

Меродавно право

Сите законски побарувања или судски постапки поврзани со оваа интернет страна или нејзиното користење се предмет на толкување на законите на Република Северна Македонија, освен одредбите од меѓународното приватно право и Хашката конвенција во врска со униформното право на меѓународна продажба на добра од 1 јули 1964 година и со Конвенцијата на ОН за продажба од 11 април 1980 година.

Извештаи со визија за иднина

Оваа интернет страна може да содржи извештаи , засновани врз тековни претпоставки и предвидувања направени од страна на Bayer Group. Разни ризици неизвесности и други фактори што и се познати на Bayer Group, може да доведат до материјални разлики помеѓу вистинските идни резултати, финансиската состојба, развојот или работењето на компанијата и проценките дадени овде. Овие фактори ги вклучуваат и оние што се дискутирани во јавните извештаи на Bayer, кои се достапни на Интернет страната на Bayer Group на http://www.bayer.com/.

Компанијата не превзема никаква одговорност за ажурирање на овие изјави за очекувањата или за усогласување со идните настани или случувања.

Го задржуваме правото да ги менуваме или дополнуваме општите одредби и услови за користење, но притоа ве охрабруваме од време на време истите да ги земете во предвид.

Последно ажурирање: 3.6.2022 г.

COR-ASP-MK-0002-1 12.08.2022

© Copyright БАЕР ДОО Љубљана – Претставништво Скопје

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.