Водете грижа за здравјето на вашите деца! Промена на вашиот начин на живот за да се спречи срцев удар

Водете грижа за здравјето на Вашите деца! Важно е да се направи промена во начинот на живот за да се спречи срцев удар

Кардиоваскуларните заболувања, високиот крвен притисок или дијабетесот тип 2 кај возрасните, честопати потекнуваат уште од детството.

Има многу деца со прекумерна телесна тежина, а високиот крвен притисок станува сè почест кај адолесцентите. Сите овие нарушувања на здравјето може да се спречат.

Водете грижа за здравјето на Вашите деца! Важно е да се направи промена на начинот на живот за да се спречи срцев удар

Кардиоваскуларните заболувања, високиот крвен притисок или дијабетесот тип 2 кај возрасните, честопати потекнуваат уште од детството. Има многу деца со прекумерна телесна тежина, а високиот крвен притисок станува сè почест кај адолесцентите.1 Сите овие нарушувања на здравјето може да се спречат. Најважно од сè e да се сфати дека здравиот живот е долгорочна инвестиција која се исплати. Од друга страна, непожелните последици од нездравиот начин на живот се исто така долгорочни.

Она што најмногу ни треба, се темелни промени. Бидејќи семејните навики имаат суштинска улога во социјализацијата на децата, важно е да се даде пример уште од самиот почеток. Децата ги имитираат своите родители, ги прифаќаат нивните навики без да забележат, што значи дека лошите примери се копираат исто колку и добрите. Она што децата го гледаат и го доживуваат дома е од суштинско значење.

Слаба самоконтрола

Водете грижа за здравјето на вашите деца! Промена на вашиот начин на живот за да се спречи срцев удар

Јадењето е централен дел на културата на многу народи. Луѓето ширум светот уживаат да јадат и да нудат храна на другите. Поканата на вкусен ручек е симбол на гостопримство, а нудењето слатки, десерти или омилени грицки за Вашите деца е знак на наклонетост. Срцевите заболувања може да потекнуваат и од стомакот. Сè започнува со слаба самоконтрола - малку слатки, малку закуска, малку брза храна за уживање или затоа што е во мода, без спортување, седење пред ТВ или компјутер со чипс и газирани безалкохолни пијалоци, и така поминува времето од ден на ден. Ако мислите дека вака правите добро за Вашето дете, се лажете. Всушност, нездравата, еднолична исхрана богата со јаглехидрати и натриум може да доведе до гојазност , дијабетес и висок крвен притисок .

Разновидна исхрана наместо слатки

Повеќето деца своите главни оброци преку ден ги јадат во градинка или во училиште. Иако постојат строги правила за масовно угостителство, не може да се очекува училишните кујни да ја понесат целата одговорност за здрава исхрана на децата. Важно е децата да имаат здрав појадок, кој по можност треба да содржи млечни производи, овошје и многу растителни влакна и да јадат доволно зеленчук и овошје, а не само пржено пилешко и помфрит. Треба да се направи распоред за оброците и наместо чипс и слатки да се вметнат неколку здрави закуски за време на утринските и попладневните часови.2 Не ги охрабрувајте децата да пијат безалкохолни пијалоци со шеќер. Тие од мали нозе треба да научат да ја гасат жедта со вода или евентуално со незасладен овошен чај. Енергетските пијалоци стануваат сè попопуларни кај тинејџерите. Тие не само што се нездрави, туку се и штетни заради високата содржина на кофеин. Избегнувајте ги, не ги консумирајте дури ни за проба и потрудете се и Вашите деца да не ги купуваат.

Немојте да мислите дека здравото живеење ќе ги направи несреќни - баш напротив. Тие ќе пораснат среќни, и што е уште поважно, здрави, особено ако нема да мораат цел живот да се борат со вишок килограми.

Уживање во вежбањето

За да станат здрави возрасни личности, децата треба да се навикнат на редовно вежбање уште од мали нозе. На почетокот, тоа е лесно - всушност, повеќето мали деца не застануваат на едно место. Оваа фаза на трчање и скокање трае додека не почнат да одат на училиште, кога многу деца почнува се менуваат. Утрата ги поминуваат на училиште, во попладневните часови имаат домашна работа или седат пред компјутерскиот екран, па за спорт останува премалку време. И родителите се презафатени, па не одат на игралиште или на спортски терени. Возењето велосипед се прави само во викенди, а пешачењето или искачувањето на планина е реткост. Вежбањето е важно, особено физичката активност во природа. Треба да им дадете добар пример на вашите деца. Викендите и слободното време нека ви поминуваат во физички активности. Редовното пешачење, велосипедизмот, играњето фудбал или бадмингтон не само што се здрави активности, туку и ве расположуваат. Децата кои се навикнати на физичко вежбање уште од рано детство, ќе уживаат да спортуваат, а вежбањето ќе им биде убава навика. Оптималната возраст за почнување со тренинзи и организирани спортови е на 6 или 7 години. Децата на оваа возраст се доволно фокусирани и се способни да совладаат секвенци на движење, наместо само да имитираат4. Овој период од животот е особено погоден за подобрување на издржливоста и функцијата на срцето и белите дробови. Идеален спорт за оваа возраст е пливањето, бидејќи помага да се зголеми издржливоста и претставува основа за сите спортови на вода. Од 10-годишна возраст, треба да се избере спорт што детето може да го практикува на долг рок, како што се на пример се спортовите со топки. Од 14-15 години па натаму, дури и подолгите и почестите тренинзи не предизвикуваат голема физичка и ментална исцрпеност. Адолесцентите ако сакаат може да почнат со кајакарење, мечување или боречки вештини.3,4

Без разлика кој спорт ќе го одбере Вашето дете, систематското вежбање позитивно ќе влијае на развојот на срцето и циркулацијата.

Референци:

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.