Дали би ви паднало на ум дека редовното миење на забите не е важно само за здравјето на забите? Постои поврзаност помеѓу миењето на забите и честотата на миокарден инфаркт . Британски истражувачи во една неодамнешна студија посочија дека луѓето кои ги мијат забите двапати дневно, не само што може да спречат рано расипување на забите, туку значително го намалуваат и нивниот ризик од миокарден инфаркт.
Ако ги миете забите 3 минути секое утро и секоја вечер, веќе сте направиле нешто за здравјето на забите и на срцето. Оваа поврзаност можеби Ви се чини чудна на прв поглед, но таа била откриена при една неодамнешна британска студија, објавена од страна на еден научник од Универзитетскиот колеџ во Лондон, во која биле анализирани здравствените податоци на 11.869 мажи и жени од 1995, 1998 и 2003 година.1
Претходни студии исто така сугерирале дека постои поврзаност помеѓу срцевите заболувања и воспалителните заболувања. Честите воспаленија, вклучително и воспаленијата во усната шуплина, придонесуваат за артериосклероза , која е клучен фактор на ризик за срцеви заболувања. Експертите велат дека ако не ги четкате забите доволно често, концентрацијата на C-реактивен протеин (CRP) во крвта значително се зголемува, што може да предизвика воспаление.1 Ова многу лесно се спречува, па сè што треба да направите е да ги миете забите 3 минути, двапати дневно. Интересно е што истражувачите велат дека, ако сте во можност, треба да користите електрична четка за заби. Електричната четка за заби со ротационо осцилирачки движења е поефективна во отстранувањето на забните наслаги, во споредба со обична четка за заби.2
Што друго можете да направите за да имате здраво срце? Треба редовно да вежбате, да престанете со пушење цигари, да јадете храна што полесно се вари, редовно да ги миете забите, како што предмалку научивте, но секако треба да примените и други методи за да спречите миокарден инфаркт . Не чекајте да се појават проблеми, па дури тогаш да дејствувате!
Референци:
- (1) De Oliveira C, Watt R, Hamer M. Toothbrushing, inflammation, and risk of cardiovascular disease: results from Scottish Health Survey. BMJ. 2010;340:c2451. Published 2010 May 27. doi:10.1136/bmj.c2451 Return to content
- (2) J V T Hamerlynck et al; Brushing the teeth with an electric toothbrush with an oscillating rotating movement more effective against plaque and gingivitis than brushing with a conventional toothbrush; Nederlands tijdschrift voor geneeskunde 149(48):2673-5 · December 2005 Return to content
поврзани статии:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.