Точна е старата поговорка која вели: едно јаболко на ден и ќе бидете здрави како дрен. Не е случајно што нашите предци го користеле јаболкото како лек: статистиките од неодамнешните истражувања покажуваат дека јаболкото е основна компонента за здрав начин на живот. Здравствените придобивки од јаболкото се следниве: намалување на ризикот од срцеви заболувања, карцином, Алцхајмерова болест, мозочен удар , подобрување на функцијата на белите дробови, превенција на дијабетес.1,2
Едно јаболко на ден и ќе бидете здрави како дрен
Точна е старата поговорка која вели: едно јаболко на ден и ќе бидете здрави како дрен. Не е случајно што нашите предци го користеле јаболкото како лек: статистиките од неодамнешните истражувања покажуваат дека јаболкото е основна компонента за здрав начин на живот. Здравствените придобивки од јаболкото се следниве: намалување на ризикот од срцеви заболувања, карцином, гојазност , Алцхајмерова болест, мозочен удар, подобра функција на белите дробови, и превенција на дијабетес.1,2
Зошто јаболкото има толку многу придобивки?2
- Општо е познато дека големите количини на витамин Ц го прават јаболкото одличен засилувач на имунитетот. Иако само по себе јаболкото не е доволно за зајакнување на имунолошкиот систем, неговите позитивни ефекти се неспорни.
- Киселините во јаболкото го стимулираат варењето на храната и функцијата на мозокот.
- Јаболко со просечна големина содржи приближно 4 грама растворливи растителни влакна, кои се идеални за регулирање на шеќерот во крвта и нивото на холестерол во крвта. Тие набабруваат во присуство на вода и формираат супстанција што личи на гел, која ја забавува апсорпцијата на шеќерите. И пектинот во јаболкото помага во одржување на оптимално ниво на шеќер во крвта така што ја забавува неговата апсорпција.
- Пектинот од јаболкото, исто така, го чисти цревниот тракт.
- Дополнителниот ефект на растворливите растителни влакна се состои во тоа што тие влегуваат во реакција со холестеролот во цревата и како резултат на тоа што се стврднуваат како желе, се намалува нивото на холестерол.
- Јаболкото содржи антиоксиданси кои исто така играат важна улога во намалувањето на нивото на холестерол. Тие спречуваат оксидација на „лошиот“ холестерол, со што се намалува неговото ниво.
- Антиоксидансите во јаболкото може да ја зголемат издржливоста ако се јадат пред вежбање.
- Меѓу фитонутриентите - соединенија произведени од растенијата, спаѓа и кверцетинот, за кој е докажано дека го намалува ризикот од срцев удар, мозочен удар и карцином.
- Џвакањето јаболко не ги отстранува забните плаки и може да придонесе за повторно појавување на плаки во текот на првите 24 часа, но има брз ефект кон намалување на задржувањето на бактериите во плунката, слично како после четкањето на забите.4
Која сорта јаболка се најздрави?
Иако јаболката со црвеникава лушпа се послатки, за некои слаткиот вкус можеби и не е толку битен, сепак се работи за вкус, а пристапот е индивидуален .
За да утврдиме која сорта на јаболка е најздрава, мора да се потпреме на истражувањата базирани на факти. Канадските истражувачи ги анализирале нивоата на антиоксиданси во осум различни сорти на јаболка и дошле до овие заклучоци: колку е повисоко нивото на антиоксиданси, толку е поздраво јаболкото. Црвениот делишес е на прво место, тие имаат 1,5 пати повеќе феноли од американската сортата наречена „крал“, која исто така има црвена лушта. Најздравата зелена сорта е дури на петтото место и содржи само околу половина од антиоксидансите споредена со победникот.3
Значи, со сигурност може да се заклучи дека треба да ги изберете црвените сорти јаболка во маркетот, бидејќи тие се поефикасни во намалување на нивото на холестерол. Тие помагаат во спречување на дебелеењето и намалување на ризикот од атеросклероза .
Колку јаболка треба да јадеме?
Се препорачува да јадеме една или две јаболка на ден за да почнеме да ги чувствуваме здравствените придобивки. Меѓутоа, потребна е умереност за да не се намалат придобивките. Јаболкото содржи јаглехидрати, што значи дека ако јадеме премногу јаболка може да доведат до зголемување на телесната тежина или да предизвикаат дијабетес на долг рок.
Како да ги јадеме?
Содржината на полифеноли, примарниот извор на антиоксиданти е пет пати поголема во лушпата на јаболкото отколку во месото. Па така, најдобро е да ги јадеме јаболката свежи, неизлупени.3 Здраво е да се консумираат и како сок, иако во таа форма се губат некои од придобивките, како што се заштитата на забите и ефектот на белеење. Во питата со јаболка, корисните својства се уште помали, особено ако јаболката претходно се излупат. Најнездрав начин е консумирање со шеќер, тој треба да се замени со алтернативни засладувачи. Јаболкото може да се става во супи, а добро се комбинира и со месо.
Да сумираме, треба да јадете едно до две јаболка на ден, од црвените сорти и да не ги лупите за да го одржувате вашето здравје.
Референци:
- (1) Perry A. Apples fight heart disease, cancer and strokes. Available at: https://www.dailymail.co.uk/health/article-36536/Apples-fight-heart-disease-cancer-strokes.html [accessed 30 June 2020]. Return to content
- (2) Brazier Y. What to know about apples. (2019) Available at: https://www.medicalnewstoday.com/articles/267290 [accessed 30 June 2020]. Return to content
- (3) Tsao R, Yang R, Young JC, Zhu H. Polyphenolic Profiles in Eight Apple Cultivars Using High-Performance Liquid Chromatography (HPLC). Journal of Agricultural and Food Chemistry. 2003;51(21):6347–6353. doi:10.1021/jf0346298. Return to content
- (4) Rubido S. Effect of chewing an apple on dental plaque removal and on salivary bacterial viability Published online 2018 Jul 18. doi: 10.1371/journal.pone.0199812. Return to content
поврзани статии:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.