Прекувременото работење е лошо за срцето

Прекувременото работење е лошо за срцето

Прекувремена работа - поим кој сите го знаат. Понекогаш ви требаат само еден или два часа за да ја завршите работата, понекогаш дури и повеќе. Но дали прекувременото работење го зголемува ризикот од појава на срцеви заболувања? Јапонците дури имаат и збор за оваа состојба: „karosi“ буквално значи смрт од прекумерна работа.1

Група истражувачи предводени од Мика Кивимаки и Мариана Виртанен ја спровеле студијата „Whitehall II“ за да ги истражат работните навики и здравствената состојба на вработените во британската канцеларија за државни служби, како и зачестеноста на срцев удар и ангина пекторис - спазматски контракции на склеротични коронарни артерии, кај нив. Откриле дека три до четири часа редовна прекувремена работа се поврзува со поголема стапка на коронарна срцева болест.2

Прекувременото работење е лошо за срцето

Тековната анализа на студијата, која започнала во 1985 година, разгледувала над 6.000 британски државни службеници (4.262 мажи и 1.752 жени), на возраст од 39 - 61 година, кои биле анкетирани за бројот на часови поминати на работа секој ден. За време на просечното 11-годишно следење на 6014 лица, имало 369 случаи на фатална коронарна срцева болест, нефатални срцеви удари ( миокарден инфаркт ) или ангина пекторис .2

Истражувањето, објавено во European Heart Journal, идентификувало голем број на можни објаснувања за врската помеѓу прекувремената работа и срцевите заболувања, вклучувајќи посебно однесување на овие луѓе (луѓето кои работат прекувремено имаат тенденција да бидат агресивни, конкурентски настроени и напнати), депресија, анксиозност и нарушување на спиењето, а сите тие состојби придонесуваат за кардиоваскуларни проблеми.2 Покрај тоа, вработените кои работат прекувремено, имаат поголема веројатност да работат и да одбиваат боледување кога се болни. Една од лошите страни на забрзаното темпо на живот е поминување од една стресна состојба во друга без тие да се процесираат целосно. Иако стресот е претежно ментален, тој предизвикува примарен нагон за борба или за бегство што се јавува кога има физичка опасност. Срцевата работа се забрзува, се покачува крвниот притисок и почнувате побрзо да дишете. Хроничниот стрес може да ја исцеди енергијата на телото, а може да предизвика дури и проблеми со срцето.1

Авторите истакнале дека се потребни дополнителни детални истражувања за да се разберат сите детали од директната корелација помеѓу прекувремената работа и срцевите заболувања, вклучително и тоа дали враќањето во нормално работно време по долга прекувремена работа може да го намали ризикот од проблеми со срцето.2

Овие заклучоци може дополнително да се изменат ако се спроведе слично истражување на други типови работни места. Виртанен и нејзините колеги истражувале само канцелариски работници во владиниот сектор, а слични истражувања се потребни и за физичките работници и работниците во приватниот сектор за да се обезбеди поинакво разбирање на проблемот.2

Студијата јасно покажува дека здравиот баланс помеѓу работата и слободното време е клучен за Вашата благосостојба. Постојат многу едноставни работи што може да ги направите во вашиот секојдневен живот за да го заштитите моторот на Вашето тело дури и кога сте на работа, како на пример одење на кратка прошетка на свеж воздух за време на паузата за ручек, качување по скали наместо со лифт, замена на слатките закуски со свежо овошје и зеленчук. Добра практика е и да станете од столот и да се истегнете четири или пет минути или да направите неколку гимнастички вежби кога седите пред вашата работна маса. Зголемувањето на протокот на крв може да ги подобри и Вашите ментални перформанси. Посадете неколку домашни растенија за да ја разубавите канцеларијата и да го освежите воздухот. Создадете весела атмосфера со разнобојни канцелариски материјали, тефтери и слично. Целосно искористете ја вашата фантазија, креативност и флексибилност на работното место. Исто така практикувајте и вежби на издржливост, сила, рамнотежа и флексибилност која може да го унапреди вашето здравје и физичките особини.3

Лицата на возраст помеѓу 40-70 години со зголемен кардиоваскуларен ризик, по спроведен лекарски преглед можеби селективно ќе имаат потреба од земање антиагрегациски лекови како што е Аспирин® Протект 100 за примарна превенција на кардиоваскуларни болести. Секогаш треба да се процени и вашиот ризик за крварење.4 Овие лекови помагаат да спречат кардиоваскуларни проблеми, преку инхибиција на формирањето на крвни тромби и на тој начин го намалуваат ризикот од срцеви и мозочни инфаркти.5 Не чекајте да се појави проблем, па тогаш да реагирате.4

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот односно медицинското помагало консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт

Референци:

  • (1) Virtanen M, Kivimäki M. Long Working Hours and Risk of Cardiovascular Disease. Curr Cardiol Rep. 2018;20(11):123. Published 2018 Oct 1. doi:10.1007/s11886-018-1049-9. Return to content
  • (2) Virtanen M, Ferrie JE, Singh-Manoux A, et al. Overtime work and incident coronary heart disease: the Whitehall II prospective cohort study. Eur Heart J. 2010;31(14):1737-1744. doi:10.1093/eurheartj/ehq124. Return to content
  • (3) Four Types of Exercise Can Improve Your Health and Physical Ability. https://www.nia.nih.gov/health/four-types-exercise-can-improve-your-health-and-physical-ability. Return to content
  • (4) Arnett DK, Blumenthal RS, Albert MA et al. 2019 ACC/AHA Guideline on the Primary Prevention of Cardiovascular Disease: A Report of the American College of Cardiology/American Heart Association Task Force on Clinical Practice Guidelines Circulation . 2019 Sep 10;140(11):e596-e646. Return to content
  • (5) Аспирин® Протект 100 mg, гастрорезистентни таблети; Внатрешно упатство за лекот, август 2020. Return to content

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.