Пијте чај - останете здрави

Пијте чај - останете здрави

Нема ништо поубаво од топол чај наутро за да го започнете го денот или со голема чаша ладен чај за да ве олади во летните горештини. Повеќе од 5.000 години, разни народи и култури низ целиот свет уживаат во пиењето чај, што го прави најконсумиран пијалок по водата. За среќа, нашите предци кои пиеле чај ја препознале неговата вредност, па затоа ја продолжиле традицијата на уживање во овој еликсир за кој сега знаеме дека нуди моќни здравствени придобивки. Една од многуте познати придобивки откриени со современи истражувања: со често консумирање чај до поздраво срце.

Според податоците објавени во 2012 г. во „Food & Function“, црниот и зелениот чај може да го намалат ризикот од коронарни срцеви заболувања и мозочен удар од 10% до 20%.1 Пред две години, една од најголемите студии за влијанието на пиењето чај врз здравјето на срцето беше објавена во Артериосклероза, тромбоза и васкуларна биологија. Студијата следела повеќе од 37.000 луѓе во Холандија во период од 13 години и покажала дека луѓето кои пијат многу чај имаат помала веројатност да умрат од срцеви заболувања од луѓето кои не пијат чај. Учесниците во студијата кои пиеле три до шест чаши чај дневно, имале 45% помала веројатност да умрат од срцеви заболувања од оние кои пиеле помалку од една чаша дневно, а пиењето повеќе од шест чаши чај дневно носи 35% помал ризик од развој на срцеви заболувања отколку да пиете помалку од една чаша дневно.2

Пијте чај - останете здрави

Дефиниција за чај

Иако сите четири типа чај познати како вистински чаеви - бел, зелен, улонг и црн - нудат огромни здравствени придобивки, повеќето студии покажуваат дека црните и зелените чаеви се покорисни за здравјето на срцето. Секој вид на чај се прави од лисјата на зимзелената грмушка Camellia sinensis, но разликите меѓу нив се должат на начините на кои тие се преработуваат. Белиот чај е најмалку обработен и се прави од пупки и одредени лисја од растението Camellia sinensis, кои се ставаат на пареа, па се сушат. Зелениот чај се произведува од свежо собрани лисја, кои веднаш се ставаат на пареа за да се спречи оксидација или изложеност на кислород. Улонг чајот се остава кратко време да оксидира, а црниот чај е целосно оксидиран. Резултатите од различните степени на оксидација влијаат на компонентите кои се важни за здравјето и секој вид на чај го прават уникатен.

Почнете со зелено

Ставањете на пареа на зелениот чај ги уништува ензимите кои ги разградуваат пигментите за боја во лисјата, овозможувајќи им да ја одржат својата зелена боја. Листовите потоа се виткаат и сушат, зачувувајќи ги природните полифеноли кои се моќни антиоксиданти.

Повеќето полифеноли во зелениот чај се во форма на флавоноиди, познати како катехини. Тоа се соединенија од кои произлегуваат својствата на чајот кои се важни за срцето. Поради разликите во преработката, зелениот чај содржи најмногу катехини споредено со другите сорти на чај.

Неколку неодамна објавени студии покажуваат дека моќните антиоксиданти во зелениот чај помагаат во спречувањето на атеросклероза , поточно коронарната артериска болест заради нивните антиинфламаторни ефекти врз формирањето на плаки во крвотокот и на артериските sидови.7

Катехините од зелениот чај помагаат и во намалување на холестеролот. Една анализа објавена во списанието на Американското здружение за диететика од 2011 г. објавила дека „консумирањето на катехини од зелениот чај се поврзува со статистички значајно намалување на нивоата на вкупен и LDL холестерол“. Покрај тоа, чајот спречува оксидација на честичките на LDL, што инаку предизвикува создавање на плаки во артериите.3

За црниот чај

Црниот чај можеби нема толку полифеноли како неговиот зелен соперник, но промените во неговите полифеноли за време на процесот на оксидација произведуваат збир на уникатни соединенија кои имаат свои придобивки за здравјето на срцето. Всушност, една студија од 2012 г. открила дека пиењето три чаши црн чај дневно во тек на 12 седмици доведува до значително намалување на нивото на шеќер и триглицериди во крвта, зголемување на нивото на HDL холестерол и зголемено ниво на антиоксиданси, што може да заштити од оксидативен стрес и воспаление.4

Други истражувања, како што е истражувањето од 2012 г., објавено во „Archives of Internal Medicine“, покажуваат дека црниот чај ја подобрува ендотелната функција и крвниот притисок.5

Пијте чај - останете здрави

Хербални чаеви

И покрај тоа што зелениот, бел, улонг и црниот чај ги содржат најмоќните антиоксиданси, и хербалните чаеви се здрава опција. „Хербалните чаеви имаат пониски концентрации на антиоксиданси затоа што хемискиот состав варира многу кај растенијата“, објаснува диететичарката Емили Бејли, која ја надгледува копоративната велнес програма на „Republic of Tea“ и е директор за нутриционизам во „NutriFormance-Fitness, Therapy, and Performance“ во Сент Луис. Докажано е дека црвениот или ројбос чајот, направен од јужноафриканското растение Aspalathus linearis, позитивно влијаат на срцето. При една студија од 2011 г., волонтерите пиеле шест чаши ројбос чај дневно во тек на шест седмици и било забележано намалување на нивниот LDL холестерол.6

Честа состојка кај многу хербални чаеви е хибискусот, кој исто така е добар за срцето, а редовното консумирање може да го намали крвниот притисок кај возрасните лица со хипертензија.

Хербалните чаеви особено се препорачуваат за оние кои не сакаат зелен или црн чај; клучно е да ги пиете често. Сè уште не се знае колку чај треба да се консумира, но зголемено пиење чај може да биде многу корисно.

Иако има таблети со состојки од чај, кои исто така може да бидат корисни, експертите препорачуваат чај во течна форма.

Секако, не треба да пиете неколку литри одеднаш. Пијте чаеви во сите периоди на денот за да одржите високо ниво на антиоксиданси во вашето тело, чисти крвни садови и да спречите формирање на тромби и атеросклероза . Чајот може да се консумира на различни начини со што ќе ја разбиете монотонијата. Топол или ладен или со исцеден лимон, според вашите желби и вкус. Треба да знаете дека додавањето млеко во вашиот чај може да го ослаби неговиот поволен ефект.

Референци:

  • (1) Bøhn SK, Ward NC, Hodgson JM, Croft KD. Effects of tea and coffee on cardiovascular disease risk. Food Funct. 2012;3(6):575-591. doi:10.1039/c2fo10288a. Return to content
  • (2) de Koning Gans JM, Uiterwaal CS, van der Schouw YT, et al. Tea and coffee consumption and cardiovascular morbidity and mortality. Arterioscler Thromb Vasc Bio. 2010;30(8):1665-1671. Return to content
  • (3) Kim A, Chiu A, Barone MK, et al. Green tea catechins decrease total and low-density lipoprotein cholesterol: a systematic review and meta-analysis. J Am Diet Assoc. 2011;111(11):1720-1729. Return to content
  • (4) Bahorun T, Luximon-Ramma A, Neergheen-Bhujun VS, et al. The effect of black tea on risk factors of cardiovascular disease in a normal population. Prev Med. 2012;54 Suppl:S98-S102. Return to content
  • (5) Hodgson JM, Puddey IB, Woodman RJ, et al. Effects of black tea on blood pressure: a randomized controlled trial. Arch Intern Med. 2012;172(2):186-188. Return to content
  • (6) Marnewick JL, Rautenbach F, Venter I, et al. Effects of rooibos (Aspalathus linearis) on oxidative stress and biochemical parameters in adults at risk for cardiovascular disease. J Ethnopharmacol. 2011;133(1):46-52. Return to content
  • (7) Ming Li et al; Epigallocatechin-3-gallate inhibits angiotensin IIand interleukin-6-induced C-reactive proteinproduction in macrophages; Pharmacological Reports, 2012, 64, 912-914. Return to content

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.