Некои фактори имаат клучна улога во развојот на кардиоваскуларните заболувања. Комбинацијата на повеќе фактори на ризик може значително да го зголеми ризикот од мозочен удар , коронарна срцева болест и срцев инфаркт .
Некои фактори на ризик се наследни, но многу од нив може да се контролираат со здрав начин на живот и со соодветни лекови. Најчестите фактори на ризик се наведени подолу.1
Висок крвен притисок
Континуирано покачен крвен притисок може да го зголеми ризикот од мозочен удар и инфаркт . Бидејќи симптомите за оваа состојба се помалку забележливи во секојдневието, треба редовно да го мерите крвниот притисок. Хипертензијата се дефинира како покачен крвен притисок над 140/80mmHg.1
Физичка неактивност
Отсуството на физичка активност може да го удвои ризикот од коронарна срцева болест. Одржувајте го Вашето здравје и подобрете ја циркулацијата со редовно вежбање. Се препорачува да се прават умерени физички вежби најмалку во времетраење од 150 минути неделно.1
Пушење
Пушењето може за два до четири пати да го зголеми ризикот за коронарна срцева болест која предизвикува срцев инфаркт. Ако ги оставите цигарите ќе го намалите ризикот, иако сте пушеле со години.2
Дијабетес
Една од долгорочните последици од дијабетесот е оштетување на sидот на крвните садови, што го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Главните фактори кои придонесуваат во развојот на дијабетес се прекумерна телесна тежина, отсуство на физичка активност и генетска предиспозиција. Добрата контрола на дијабетесот е неопходна за намалување на ризикот од кардиоваскуларни заболувања.3
Високо ниво на холестерол
Иако холестеролот се формира во црниот дроб, количеството холестерол во крвта може да се зголеми и заради исхрана богата со масти. Со натрупување во крвните садови и формирање на наслаги, тој ја намалува нивната флексибилност, што води кон зголемен ризик од атеросклероза .4
Лоша исхрана
Како што споменавме порано, лошата исхрана може да доведе до зголемено ниво на холестерол и зголемен ризик од дијабетес. Здравата и умерена исхрана и вежбањето ќе помогнат да останете здрави и да се заштитите од кардиоваскуларни заболувања.
Варијации поврзани со полот
Докажано е дека мажите се изложени на поголем ризик за развој на кардиоваскуларни заболувања. Во телото кај жените се произведува женски хормон (естроген) кој го штити васкуларниот систем. По менопаузата, доаѓа до значителен пад на производството на естроген и со тоа се намалуваат разликите меѓу мажите и жените во однос на зачестеноста и ризикот од кардиоваскуларни заболувања.5
Возраст
Колку сте постари, толку е поголема веројатноста да заболите од кардиоваскуларни заболувања. Откако ќе наполните 40 години, треба да почнете подобро да се грижите за Вас.1
Наследна предиспозиција
Ако некој близок роднина веќе заболел од кардиоваскуларно заболување на помлада возраст (под 65 години кај жени и под 55 години кај мажи), тоа значи дека може да имате генетска предиспозиција. За оваа состојба нема лек. Можете единствено да ги минимизирате останатите фактори на ризик.1
Референци:
- (1) Piepoli MF, Hoes AW, Agewall S, et al. 2016 European Guidelines on cardiovascular disease prevention in clinical practice: The Sixth Joint Task Force of the European Society of Cardiology and Other Societies on Cardiovascular Disease Prevention in Clinical Practice (constituted by representatives of 10 societies and by invited experts)Developed with the special contribution of the European Association for Cardiovascular Prevention & Rehabilitation (EACPR). Eur Heart J. 2016;37(29):2315-2381. doi:10.1093/eurheartj/ehw106. Return to content
- (2) Rigotti NA, Pasternak RC. Cigarette smoking and coronary heart disease: risks and management. Cardiol Clin. 1996;14(1):51-68. doi:10.1016/s0733-8651(05)70260-5. Return to content
- (3) American Diabetes Association. 3. Prevention or Delay of Type 2 Diabetes: Standards of Medical Care in Diabetes-2020. Diabetes Care. 2020;43(Suppl 1):S32-S36. doi:10.2337/dc20-S003. Return to content
- (4) Mach F, Baigent C, Catapano AL, et al. 2019 ESC/EAS Guidelines for the management of dyslipidaemias: lipid modification to reduce cardiovascular risk. Eur Heart J. 2020;41(1):111-188. doi:10.1093/eurheartj/ehz455. Return to content
- (5) Gao Z, Chen Z, Sun A, Deng X. Gender differences in cardiovascular disease. Medicine in Novel Technology and Devices. 2019;100025. doi:10.1016/j.medntd.2019.100025. Return to content
Поврзани статии:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.