Многумина тешко ја поднесуваат жештината во летниот период.
Луѓето се собираат по јавните базени за да уживаат во разладувањето што го наоѓаат во водата. Студените освежителни пијалоци, уредите за климатизација и вентилаторите се продаваат како алва. Екстремните температури - особено кога се придружени со висока влажност - не само што се непријатни, туку и доста опасни, а во ретки случаи се и фатални за лица со срцеви заболувања.
На виталните органи им е потребна постојана телесна температура за да функционираат правилно. Телото реагира на промените во температурата на околината: кога времето е жешко, се обидува да се олади со потење, заради што ги шири крвните садови.
45-75% од телото е вода, но само 10% од таа вода е во крвта. Кога вежбате во топла и влажна околина, телото може да изгуби до 3 литри вода, што е целата количина на вода во крвта.2 Во овој случај, телото се обидува да ја врати изгубената вода од ткивата и внесените течности, затоа е неопходно редовно да се пие вода кога времето е жешко.1
Во нормални услови, телото се обидува да се олади со проширување на крвните садови во кожата и со зголемување на протокот на крв. Кај здрава личност, количината на крв во кожата може да се зголеми до три пати од нормалниот волумен. Срцето на луѓе со срцево заболување можеби нема да биде во можност да изврши таков подвиг или нивните крвни садови не може да се прошират до потребниот степен. Затоа, телата на лицата со срцево заболување потешко ја контролираат температурата, што може да доведе да се чувствуваат лошо, да добијат топлотен удар, а во потешки случаи може да настапи и смрт.1
Овој проблем може дополнително да се влоши ако пациентот зема лекови како што се диуретиците, бидејќи загубената течност од нивното дејство го зголемува ризикот од дехидратација и ја намалува можноста за потење. Бета-блокаторите, кои спречуваат чувство на поинтензивни отчукувања на срцето, исто така, доведуваат до прегревање на телото: при топло време, срцето треба побргу да пумпа за да го зголеми протокот на крв и така да го олади телото.1
Останете ладни
Од горенаведените причини, ако имате хронично срцево заболување, треба да го имате предвид следново:
- Наместо да престанете да вежбате, правете го тоа на некое поладно или климатизирано место. Наместо да пешачите по жешкото сонце во паркот, одберете ладен трговски центар.
- Кога има јака жештина надвор, останете во затворени климатизирани простории, како библиотеки, јавни установи, канцеларии, трговски центри, затворени базени итн.
- Не возете на многу жешко време, освен ако имате климатизација во автомобилот.
- Ако не можете да си дозволите клима уред, купете вентилатор со соодветна големина за Вашиот дом.
- Ако мора да извршувате обврски на жешко време, правете чести пауза за да се оладите.
- Носете широка и лесна облека.
- Пијте многу течности и избегнувајте консумирање кофеин и алкохол.3,4
Следете ги знаците
Прегревањето на Вашето тело носи големи ризици, така што раното откривање на релевантните знаци е од витално значење. Тие знаци обично се: 3,5
- обилно потење
- бледа кожа
- грчеви во мускулите
- сув јазик и жед
- чувство на умор и слабост
- вртоглавица
- главоболка
- гадење или повраќање
- несвестица.
Треба да обрнете посебно внимание на овие знаци при топлотни бранови и да побарате итна медицинска помош ако имате срцево заболување. Ова е особено случај со топлотниот удар, кога телесната температура се покачува над 39 степени, таа личи како да е испиена, топла и сува (неиспотена) кожа, се јавува брзо чукање на срцето, голема главоболка, збунетост, гадење или дури и губење на свеста. Ако не се добие итна медицинска помош, континуирано високата телесна температура при топлотен удар, може да предизвика поголемо оштетување на органите (претежно во мозокот) и може да доведе дури и до смрт.3,5
Ако кај некого ги забележите горенаведените симптоми, мора да повикате помош, да го однесете лицето на поладно место, да го покриете со влажен чаршав или да го изладите со мраз или ладен туш.
Исто така, не заборавајте да му давате големи количини вода!
Каде повеќе се потите: во пустина или во џунгла?
Кога времето е суво, потта испарува побргу, што значи дека дури и мали количини пот може да предизвикаат пад на телесната температура. Кога има голема влажност (во тропските предели, во сауна), на водата од телото ѝ е потребно многу повеќе време да испари заради високата содржина на вода во амбиенталниот воздух. За да компензира, телото уште повеќе се поти, што доведува до зголемена загуба на течности.
Референци:
- (1) Kenny GP, Yardley J, Brown C, Sigal RJ, Jay O. Heat stress in older individuals and patients with common chronic diseases. CMAJ. 2010;182(10):1053-1060. doi:10.1503/cmaj.081050. Return to content
- (2) Shaun K Riebl, Brenda M. Davy. The Hydration Equation: Update on Water Balance and Cognitive Performance. ACSMs Health Fit J. 2013 ; 17(6): 21–28 Return to content
- (3) Mayo Clinic Staff. Heat and exercise: Keeping cool in hot weather. (2017) Available at: https://www.mayoclinic.org/healthy-lifestyle/fitness/in-depth/exercise/art-20048167 [accessed 29 June 2020]. Return to content
- (4) Centers for Disease Control and Prevention – National Center for Environmental Health. Keep Your Cool in Hot Weather! (2018) Available at: https://www.cdc.gov/nceh/features/extremeheat/index.html [accessed 29 June 2020]. Return to content
- (5) Centers for Disease Control and Prevention. Warning signs and symptoms of heat-related illness. Available at: https://www.cdc.gov/disasters/extremeheat/pdf/Heat_Related_Illness.pdf [accessed 29 June 2020] Return to content
поврзани статии:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.