Изненадува фактот што чоколадото не влијае само на Вашата тежина и расположение, туку и на Вашето срце. Редовната, но умерена консумација на чоколадо помага во спречувањето на одредени воспалителни процеси кои може да предизвикаат кардиоваскуларни заболувања.2
Горенаведеното тврдење се заснова на мерењето на нивото на CRP и антиоксидантното дејство на темното чоколадо. Вредностите на CRP се поврзани со зголемен ризик од кардиоваскуларни настани и васкуларни нарушувања кај пациенти со дијабетес.1 Една студија во која биле мерени вредностите на CRP, покажала дека при умерена, редовна консумација на темно чоколадо, вредностите на CRP може да се намалат. Ова значи дека темното чоколадо може да ја намали инфламацијата и со тоа да обезбеди клинички бенефит во превенција на кардиоваскуларните заболувања, бидејќи колку што е пониско нивото на CRP, толку е помал ризикот од воспаление.2
За да се докаже ова, на Католичкиот универзитет Кампобасо била направена студија кај 4849 здрави лица на возраст над 35 години. 1374 од нив повремено земале темно чоколадо, а 824 го правеле тоа редовно, обично повеќе од 5 грама на ден. Д-р Џузепе и нејзините колеги докажале дека просечното ниво на CRP кај оние лица кои не јадат темно чоколадо е повисоко од оние кои го консумираат. Исто така, втората група се хранела поздраво од оние кои не консумирале темно чоколадо. Имајќи го предвид горенаведеното, очигледна е поврзаноста помеѓу консумацијата на темно чоколадо и пониското ниво на CRP.
Интересно е тоа што консумацијата на 20 грама темно чоколадо секој трет ден имало очигледен позитивен ефект, но зголемувањето на внесот не ги зголемило придобивките - напротив, позитивниот ефект на темното чоколадо врз нивото на CRP речиси исчезнал. Затоа, умерено консумирајте темно чоколадо.
Референци:
- (1) Ellinger S, Stehle P. Impact of Cocoa Consumption on Inflammation Processes-A Critical Review of Randomized Controlled Trials. Nutrients. 2016 May 26;8(6). pii: E321. doi: 10.3390/nu8060321. Return to content
- (2) Di Giuseppe R, di Castelnuovo A, Centritto F et al. Regular consumption of dark chocolate is associated with low serum concentrations of C-reactive protein in a healthy Italian population. J Nutr. 2008 Oct;138(10):1939-45. Return to content
поврзани статии:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.