Согласно извештајот на Интернационалната федерација за дијабетес, во 2017 година во Македонија имало 12.2% пациенти со дијабетес на возраст помеѓу 20-79 години, и тој број за жал продолжува да расте.7 Загрижува фактот што се зголемува распространетоста на дијабетесот меѓу помладата популација.
Високото ниво на гликоза во крвта не е единствениот проблем што дијабетичарите треба да го решат, дијабетесот е и циркулаторно заболување.
Дијабетесот тип 2 може да помине незабележан со години, но неговата прогноза е исто толку лоша колку и прогнозата на миокардниот инфаркт . Миокардниот инфаркт има видливи симптоми во повеќето случаи и пациентите се свесни дека имаат сериозна состојба. Наспроти ова, кога ќе бидат дијагностицирани со дијабетес тип 2, пациентите веруваат дека се здрави бидејќи немаат никакви симптоми. Мора да се потенцира дека, за жал, прогнозата на пациентите со дијабетес воопшто не е подобра од прогнозата на пациентите со прележан миокарден инфаркт.1,2
Која е поврзаноста помеѓу дијабетесот и васкуларните заболувања?
И покрај тоа што кај дијабетесот се забрзува атеросклерозата во малите и големите крвни садови, тој се смета за претежно метаболно заболување. Дијабетесот сам по себе носи ист ризик од инфаркт како и кај пациентите кои веќе прележале миокарден инфаркт. Атеросклерозата е одговорна за речиси 80% од смртните случаи кај пациенти со дијабетес, или повеќе од 75% од причините за хоспитализација на дијабетичарите се кардиоваскуларни заболувања. Водечка причина за смрт е миокардниот инфаркт, а на второ место се цереброваскуларните заболувања кои всушност се забележуваат под едно име како мозочен удар .3
Дали дијабетесот може да се смета само како срцево заболување? Значи ли ова дека пациентите со дијабетес имаат поголем ризик и од други заболувања на васкуларниот систем?
Дијабетесот може да доведе до компликации и во малите крвни садови. Една од овие компликации е ретинопатијата или дијабетичката болест на окото.4 Важно е да знаете дека, ако имате дијабетес, Вашиот лекар не Ве упатува кај специјалист за очни болести за да ја проверите острината на видот, туку за да ги испитате крвните садови во очното дно, да се утврди дали има васкуларно оштетување, и ако има, каква е неговата природа и сериозност. Васкуларното оштетување е можеби најважната компликација на дијабетесот. Обично не може да се открие, но васкуларните оштетувања во очното дно добро ги одразуваат промените во телото. Од оваа причина, пациентите со дијабетес мора да ги проверуваат очите најмалку еднаш годишно.4 Колку се посериозни оштетувањата во малите крвни садови во окото, толку почесто треба да ги проверувате очите. Ова е исклучително важно, бидејќи може да се случи пациентот да нема никакви симптоми, а да ослепи за неколку седмици. Слично на ова се и бубрежните заболувања, кои ја рефлектираат состојбата на целото тело, а при дијабетес може да се развијат васкуларни лезии и во бубрезите. Слично на очните прегледи, проверката на бубрежната функција е неопходна кај пациенти со дијабетес без симптоми, бидејќи клиничките симптоми обично се присутни само кај понапреднати бубрежни заболувања. Денес бубрежната функција може да се тестира со рутински тест на крвта. Околу 20-40% од пациентите имаат бубрежно оштетување. Бубрежните заболувања обично се придружени со многу тешко васкуларно нарушување. Прогнозата на хроничните бубрежни заболувања е исто толку сериозна како онаа на малигните заболувања.4
Кои се заедничките карактеристики на терапијата за дијабетес и циркулаторните заболувања?
Покрај соодветно намалување на нивото на гликоза во крвта, постигнувањето на оптимален крвен притисок и лекувањето на нарушувања на метаболизмот на мастите и други фактори на ризик, се клучни за ублажување на ризикот од компликации од дијабетес. Со други зборови, лековите за хипертензија, лековите за нарушување на метаболизмот на мастите и лековите кои спречуваат згрутчување (инхибитори на агрегација на тромбоцити ) се исто толку важни во третманот на пациентите со дијабетес, колку и оралните лекови за терапија на дијабетесот (кои го намалуваат нивото на гликоза во крвта) и инсулинот.5
Аспирин® Протект 100 e лек за спречување на агрегацијата на тромбоцитите и за него не треба рецепт.8 Долготрајната употреба на овој лек се препорачува кај пациентите со дијабетес кои претходно имале кардиоваскуларен настан или пак селективно може да го земаат и пациенти со дијабетес и висок кардиоваскуларен ризик, по препорака на лекар.5
Во 90% од случаите, дијабетесот тип 2 се развива кај гојазни лица. Покрај правилно избраните лекови, третманот на пациентите со дијабетес се состои и во промена во начинот на живот: треба да почнете со соодветна исхрана и со редовно вежбање. Обично се препорачуваат 30 минути физичка активност на ден, и обично велиме дека нивото на активност е доволно ако почнете по малку да се потите. Секако, ако не сте спортувале и воопшто не сте биле активни, треба да започнете постепено. Мора да се потенцира дека со губење на телесната тежина не само што може да го намалите нивото на гликоза во крвта, туку тоа значително ќе придонесе и за намалување на крвниот притисок и позитивно ќе влијае на нарушувањата на метаболизмот во мастите.(6)
Референци:
- (1) Decker S (Scripps Whittier Diabetes Institute). Hidden Symptoms of Type 2 Diabetes. (2012) Available at: https://www.scripps.org/news_items/4260-hidden-symptoms-of-type-2-diabetes [accessed 18 June 2020]. Return to content
- (2) Petrie JR, Guzik TJ and Touyz RM. Diabetes, Hypertension, and Cardiovascular Disease: Clinical Insights and Vascular Mechanisms. Canadian Journal of Cardiology 34 (2018) 575e584. Return to content
- (3) Aronson D, Rayfield EJ. How hyperglycemia promotes atherosclerosis: molecular mechanisms. Cardiovasc Diabetol. 2002;1:1. Published 2002 Apr 8. doi:10.1186/1475-2840-1-1. Return to content
- (4) American Diabetes Association. 11. Microvascular Complications and Foot Care: Standards of Medical Care in Diabetes-2020. Diabetes Care. 2020;43 (Suppl 1): S135-S151. doi:10.2337/dc20-S011. Return to content
- (5) American Diabetes Association. 10. Cardiovascular Disease and Risk Management: Standards of Medical Care in Diabetes-2020. Diabetes Care. 2020;43(Suppl 1):S111-S134. doi:10.2337/dc20-S010. Return to content
- (6) American Diabetes Association. 8. Obesity Management for the Treatment of Type 2 Diabetes: Standards of Medical Care in Diabetes-2020. Diabetes Care. 2020;43(Suppl 1):S89-S97. doi:10.2337/dc20-S008. Return to content
- (7) IDF DIABETES ATLAS; 8 edition; https://www.idf.org/e-library/epidemiology-research/diabetes-atlas/134-idf-diabetes-atlas-8th-edition.html. Return to content
- (8) Аспирин® Протект 100 mg, гастрорезистентни таблети; Внатрешно упатство за лекот, август 2020. Return to content
поврзани статии:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.