Дознајте го Вашиот кардиоваскуларен ризик за полесно да ги разберете препораките на вашиот лекар и следете го позитивниот напредок и првите резултати.
Инфаркт. Застрашувачки збор. Сите знаеме некое лице кое е однесено во болница заради инфаркт . Ако имал среќа, избегнал фатален исход. Неколку фактори одредуваат кој има поголем ризик и кој може да биде засегнат. Корисно е да се запознаете со овие фактори на ризик, бидејќи ако едно лице има два или три ризик фактори тогаш, за жал, има предиспозиција за инфаркт. Проценката на Вашиот кардиоваскуларен ризик е од непроценливо значање заради навремено превземање на соодветни чекори за кардиоваскуларна превенција , базирани на Вашиот ризик.1
За да го дознаете ова, може да Ви помогне табелата за проценка на ризик. Со оваа едноставна алатка може да го процените Вашиот кардиоваскуларен ризик. Потребни Ви се неколку едноставни податоци за да можете да пресметате дали би требало да очекувате развој на сериозна кардиоваскуларна болест во следните 10 години. Ние ќе Ви објасниме чекор по чекор како да ја користите оваа табелата.1
Хоризонталната оска ги покажува нивоата на холестерол во серумот. Кога Ви земаат крв, овие информации обично ги има во лабораториските резултати. Проверете ги резултатите од Вашата последна анализа и внесете ги вредностите во табелата. Кои нивоа на холестерол се сметаат за високи? Студиите на популација во САД укажуваат дека оптималните вредности на вкупен холестерол изнесуваат околу 150 mg/dL (3.8 mmol/L), што соодветствува на вредности на LDL холестерол од околу 100 mg/dL (2.6 mmol/L).2 Комбинацијата на седечки начин на живот и лоша исхрана може да предизвика зголемување на нивото на масти во крвта, што може да биде исклучително штетно за кардиоваскуларниот систем. Акумулираните масти во нашето тело содржат супстанции кои предизвикуваат воспаление, што може значително да ги оштети sидовите на крвните садови, и на тој начин да создаде оптимални услови за формирање на тромби. Заради ова, нивото на серумскиот холестерол е главен предиспонирачки фактор за инфаркт .2
Вертикалната оска го покажува систолниот крвен притисок (кој се нарекува и „горна граница“). Може да го дознаете со едноставно мерење на крвниот притисок. Високиот крвен притисок често не го следат симптоми и затоа се препорачува да се проверува одвреме- навреме. Крвниот притисок се смета за покачен ако горната граница надминува 140mm Hg.3
Полот, возраста и пушењето цигари се релевантни фактори за проценка на ризикот. Благодарение на хормонот наречен естроген, жените под 55-годишна возраст помалку заболуваат од мажите на иста возраст. По менопаузата, телото престанува да го произведува овој корисен хормон, а со тоа и разликата помеѓу жените и мажите почнува да се намалува.4
Едноставно искористете ја оваа табела за да одредите во која категорија на ризик припаѓате. На пример, многу жени кои не се пушачи и мажи кои се под 40 годишна возраст и имаат ниско ниво на холестерол и нормален крвен притисок, припаѓаат во зелената зона од оваа табела, што значи дека спаѓаат во категоријата ниско-ризични. Како се зголемува возраста, но и колку што крвниот притисок и нивото на холестерол се оддалечуваат од нормалните вредности, тие лица прво преминуваат во жолта зона, што значи дека постои зголемен ризик, а потоа во црвена зона, што значи дека постои висок ризик.1
Не се обесхрабрувајте ако Вашиот резултат не е во зелената зона.
Размислувајте за иднината. Живејте добро. Живејте го Вашиот живот свесно
Јадете поздраво, почесто станувајте од Вашата удобна фотелја и вежбајте повеќе, ако ништо повеќе, симнете се од автобусот една станица порано и пешачете повеќе. Гојазноста не е битна само заради изгледот. Не треба да слабеете само за да ги исполните надворешните стандарди за убавина. За да го зачувате Вашето здравје, обрнете внимание на тоа што јадете, какви состојки користите и како да ја замените традиционалната храна со поздрави алтернативи. Јадете повеќе зеленчук, месо и овошје, а помалку шеќер и житарки. Полека, како што ги трошите купените резервни продукти, заменувајте ги со поздрави. Во еден момент ќе се фатите себеси како користите интегрално брашно или брашно со помалку јаглехидрати и како се префрлате на ксилитол и маслиново масло.
Знаеме дека е лесно да се рече отстранете го стресот, но тешко е да се постигне тоа. Одредено ниво на стрес дури може да биде добро за Вас и може да Ве исполни со енергија и упорност, но постојаниот, емоционално исцрпувачки стрес може да предизвика заболувања. Имајте активности со кои ќе ги полните батериите и накратко излегувајте од монотоната рутина. Разговорот со пријателите, играњето со Вашето домашно милениче или гледањето филм со партнерот може многу да ви помогнат во подобрување на расположението.
Дури и по неколкудецениско пушење, ако ги оставите цигарите, ќе го намалите ризикот од срцев инфаркт .5 Вкупната стапка на смртност кај поранешни пушачи постепено се намалува, за да ги стигнат непушачите по 10 до 15 години апстиненција од цигарите. Никогаш не е доцна да ги оставите цигарите и покрај тоа што можеби не Ви се верува дека е така.5
Покрај промените во начинот на живот, и лековите може да помогнат во спречување на кардиоваскуларни проблеми предизвикани од горенаведените фактори на ризик. Аспирин® Протект 100 спречува абнормално формирање на тромби, намалувајќи го ризикот од инфаркт.6 Не чекајте да се појави проблем, па тогаш да реагирате. Ако имате ризик над 10% според табелата за проценка на ризикот, тоа значи дека треба да поразговарате со вашиот лекар за да одлучите што треба да превземете во иднина.
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот односно медицинското помагало консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт
Референци:
- (1) Piepoli MF, Hoes AW, Agewall S, et al. 2016 European Guidelines on cardiovascular disease prevention in clinical practice: The Sixth Joint Task Force of the European Society of Cardiology and Other Societies on Cardiovascular Disease Prevention in Clinical Practice (constituted by representatives of 10 societies and by invited experts)Developed with the special contribution of the European Association for Cardiovascular Prevention & Rehabilitation (EACPR). Eur Heart J. 2016;37(29):2315-2381. doi:10.1093/eurheartj/ehw106. Return to content
- (2) Grundy SM, Stone NJ, Bailey AL, et al. 2018 AHA/ACC/AACVPR/AAPA/ABC/ACPM/ADA/AGS/APhA/ASPC/NLA/PCNA Guideline on the Management of Blood Cholesterol: A Report of the American College of Cardiology/American Heart Association Task Force on Clinical Practice Guidelines [published correction appears in Circulation. 2019 Jun 18;139(25):e1182-e1186]. Circulation. 2019;139(25):e1082-e1143. doi:10.1161/CIR.0000000000000625. Return to content
- (3) Williams B, Mancia G, Spiering W, et al. 2018 ESC/ESH Guidelines for the management of arterial hypertension [published correction appears in Eur Heart J. 2019 Feb 1;40(5):475]. Eur Heart J. 2018;39(33):3021‐3104. doi:10.1093/eurheartj/ehy339. Return to content
- (4) Gao Z, Chen Z, Sun A, Deng X. Gender differences in cardiovascular disease. Medicine in Novel Technology and Devices. 2019;100025. doi:10.1016/j.medntd.2019.100025. Return to content
- (5) Rigotti NA, Pasternak RC. Cigarette smoking and coronary heart disease: risks and management. Cardiol Clin. 1996;14(1):51-68. doi:10.1016/s0733-8651(05)70260-5. Return to content
- (6) Аспирин® Протект 100 mg, гастрорезистентни таблети; Внатрешно упатство за лекот, август 2020 Return to content
поврзани статии:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.