Дали маслиновото масло и медитеранската исхрана се навистина здрави?

Дали маслиновото масло и медитеранската исхрана се навистина здрави?

Маслиновото масло е симбол на медитеранскиот регион, главна компонента на медитеранската исхрана. Меѓутоа, потрошувачката на маслиново масло повеќе не е привилегија на оние што живеат околу Медитеранот. Со придржување до медитеранската исхрана, секој може да ги искористи придобивките од исхраната богата со маслиново масло, која, меѓу другото, се поврзува со значително намалена зачестеност на кардиоваскуларни болести (1).

 

Маслиново масло: течното злато од медитеранскиот регион

Маслинките се плод на маслиновото дрво и може да се конзервираат во маслиново масло или солена вода, а потоа да се јадат цели или насечени. Од маслинки се пресува скапоцено масло, кое има широка употреба. Покрај тоа, маслиновото масло е исто така важна суровина за пржење и готвење, правење козметика и лекови.

Главни категории на маслиново масло

Слика 1.: Главни категории на маслиново масло (7)

Што значи медитеранската исхрана? (2)

Често и не помислуваме колку е важно тоа што го сервираме на чинијата. 
Низа научни студии покажуваат дека она што го јадеме има значително влијание врз нашето здравје.
Еден модел на здрава исхрана е таканаречената „медитеранска исхрана“ (2)

Суштината на медитеранската исхрана резимирана во 5 точки (3)

  1. Основата на исхраната треба да биде непреработена храна од растително потекло (овошје, зеленчук, семки и јаткасти плодови).
  2. Рибата и живината треба да ги користиме умерено.
  3. Консумацијата на млечни производи, црвено месо, преработена храна и слатки треба да ја ставиме во втор план.
  4. . Маслиновото масло, особено ладното цеденото маслиново масло (3,4), е суштинска состојка во медитеранската исхрана.
  5. Алкохолните пијалаци, особено виното, може да се консумираат во умерени количини за време на оброците (4).

 

Медитеранска исхрана-клуч за кардиоваскуларното здравје 

Придржувањето до медитеранската исхрана е тесно поврзано со намалување на ризикот од разни болести и смртни случаи.

  • Кардиоваскуларните болести, вклучувајќи ги коронарната срцева болест, мозочниот удар и хипертензијата се поретки кај оние кои се на медитеранска исхрана (3).

  • Лицата на медитеранска исхрана имаат помала зачестеност на дебелина, што го намалува ризикот и од многу други болести (2).

  • Покрај намалувањето на кардиоваскуларниот ризик, може да се намали и ризикот од одредени видови на рак, невродегенеративни болести и метаболички болести на пр. дијабетес тип (2) (3).

 

Маслиновото масло како подмачкувач на здравјето

Научните истражувања ја открија тајната на медитеранската исхрана: во голема мера тоа се должи на маслиновото масло и неговиот состав.
Маслиновото масло, особено ладно цеденото маслиново масло, е исклучително богато со таканаречените мононезаситени масни киселини. Околу 80 % од масните киселини во маслиновото масло се мононезаситена олеинска киселина (3). Сето ова е уникатно во светот на маслата. Незаситените масни киселини може да помогнат во оптимизирање на нивоата на маснотии во крвта. Од друга страна, животинските масти се богати со заситени масни киселини и претставуваат ризик за кардиоваскуларниот систем.
Корисните ефекти на маслиновото масло се должат на други состојки, како што се полифенолите (3,5), кои исто така имаат корисни ефекти врз кардиоваскуларните и канцерогените болести, вклучувајќи ги атеросклерозата, мозочниот удар и дисфункцијата на мозокот. (5). Полифенолите ја намалуваат концентрацијата на таканаречениот „лош холестерол“ и ја стимулираат улогата на „добриот холестерол“ во телото (5).

Соединенија на кои се должат корисните ефекти на маслиновото масло

Слика 2: Соединенија на кои се должат корисните ефекти на маслиновото масло (3)

Колкава заштита од кардиоваскуларни болести обезбедува медитеранската исхрана?

Врз основа на меѓународните студии и препораките на Европското здружение за кардиологија , корисно е да се придржуваме до медитеранската исхрана, бидејќи таа се поврзува со намален ризик од кардиоваскуларни болести, вклучувајќи ја и инциденцата на животозагрозувачки состојби како што е мозочниот удар (1,4-6).
Според истражувањето во кое учествуваа речиси 26.000 жени, медитеранската исхрана може да го намали ризикот од несакани кардиоваскуларни настани до 28 % (1)

Како да воведете медитеранска исхрана?

Медитеранската исхрана не е опција само за оние кои живеат на Медитеранот.

Но, пред да го дискутираме ова, важно е да спомнеме неколку работи.

  • Ладно цеденото маслиново масло почнува да загорува на околу 191 °C. При пржење внимавајте да не се прегрее или користете сончогледово масло за храна која треба да се пржи на врело масло.

  • Маслиновото масло има карактеристичен вкус, кој на почетокот може да ви биде чуден. Добро е да се користи како зачин во класичните италијански јадења, како што се шпагетите и мешаните салати.
    Медитеранската исхрана богата со маслиново масло нека ви биде првиот чекор во промената на начинот на живот.

Разгледајте ги нашите рецепти за разновидни јадења зготвени со маслиново масло.

Јадете здраво.

Салата во сад во форма на срце, со маслиново масло до неа

PP-ASP-MK-0123-1 05.08.2022

Литература:

  • (1) Ahmad S, Moorthy MV, Demler OV et al. Assessment of risk factors and biomarkers associated with risk of cardiovascular disease among women consuming a mediterranean diet. JAMA Network Open 2018;1(8)e185708 Return to content
  • (2) Santangelo C, Vari R, Scazzocchio B et al. Anti-inflammatory activity of extra virgin olive oil polyphenols: Which role in the prevention and treatment of immune-mediated inflammatory diseases? Endocrine, Metabolic & Immune Disorders - Drug Targets 2018;18:36-50. Return to content
  • (3) Yubero-Serrano EM, Lopez-Moreno J, Gomez-Delgado F et al. Extra virgin olive oil: More than a healthy fat. Eur J Clin Nutr. doi:10.1038/s41430-018-0304-x Return to content
  • (4) Estruch R, Ros E, Salas-Salvadó J et al. Primary prevention of cardiovascular disease with a Mediterranean diet supplemented with extra virgin olive oil or nuts. NEJM 2018;378:e34 Return to content
  • (5) Tressera-Rimbau A, Arranz S, Eder M et al. Dietary polyphenols in the prevention of stroke. Oxidative Medicine and Cellular Longevity 2017;Art ID:7467962 Return to content
  • (6) Visseren F, Mach F, et al. 2021 ESC Guidelines on cardiovascular disease prevention in clinical practice. Eur Heart J. 2021. doi:10.1093/eurheartj/ehab484 Return to content
  • (7) Codex alimentarius; Standards for olive oils and olive pomace oils CXS 33-1981 (7) Codex alimentarius; Standards for olive oils and olive pomace oils CXS 33-1981 Return to content

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.