Многу луѓе со различни срцеви заболувања и проблеми прават планови како да го поминат летниот одмор во странство. Со малку планирање и подготовка, може да го направат патувањето совршено безбедно.
Важно е да се консултирате со Вашиот лекар пред да одите на патување.
Одложете го патувањето ако...
- имате остра болка во градите, срцева слабост , аритмија или други слични симптоми кои се јавуваат дури и во мирување или при најмал напор
- сте имале срцев удар или срцев застој како резултат на срцев удар во рок од две седмици пред патувањето или во изминатите 8 седмици
- за оние со дијабетес проблемот е покомплициран, затоа консултирајте се со Вашиот лекар кога планирате да патувате.
Подготовки за патувањето
Ако не сте биле на преглед во последно време, посетете го Вашиот лекар пред да патувате. Така ќе откриете дали Вашата состојба е стабилна, а ќе ги добиете и потребните потврди за заболувањето од Вашиот лекар.
Побарајте од Вашиот лекар да ви го даде медицинското досие и медицинската историја, вклучувајќи ги и најновите резултати од ангиограмот и носете ги сите документи со Вас за време на патувањето.
- Запишете го името и деталите за контакт на Вашиот лекар и деталите на лицето за контакт во итни случаеви.
- Имајте со Вас список со сите Ваши лекови (имиња и пропишани дози).
- Земете доволно лекови со Вас за вашето патување. Побарајте лекарот да Ви препише повеќе од обично ако е потребно. Земете повеќе лекови од потребното, во случај да изгубите дел од нив.
- Чувајте ги лековите во нивното оригинално пакување за да се поедностави царинењето и да му помогнете на локалниот лекар што можеби ќе треба да Ве лекува во странство.
- Чувајте ги лековите во Вашата чанта/ранец за да не останете без нив во случај да треба да го чекате багажот што доцни или ако тој е изгубен на аеродромот.
Патување со авион
Во нормални услови летањето не претставува дополнителен ризик за лицата со срцеви заболувања. Според специјалистите, ако сте способни да се искачите по скалите на авионот без да правите паузи или можете да одите 100 метри со брзо темпо, без да почувствувате глад за воздух или стегање во градите, тогаш не треба да се грижите за летањето.
Бидејќи дозвола за летање добиваат само оние со стабилна состојба на срцето, и релативно ретко се појавуваат големи проблеми при летовите. Охрабрува фактот дека има дефибрилатори во најголем број аеродроми, па дури и на некои авиони.
Одвреме навреме, кружат гласини дека летањето може да влијае на пејсмејкерите, но нема докази што ги потврдуваат овие тврдења. Бидејќи тие можат да ги активираат безбедносните порти на аеродромите, треба да ги известите безбедносните служби на аеродромот ако имате какви било медицински импланти.
Најголемиот ризик при летање со срцево заболување се крвните тромби. При долги летови, работ на седиштата може да ги притисне вените под задниот дел на колената, особено кај оние со прекумерна телесна тежина, што резултира со намален проток на крв. Откинувањето на крвните тромби може да доведе до блокирање на помали крвни садови, што доведува до инфаркт , мозочен удар и белодробна емболија. Покрај слабата циркулација, и ниската влажност на воздухот може да придонесе за формирање на тромби заради дехидрирање и згуснување на крвта. Во авионот атмосферскиот притисок е понизок, нивото на кислород е исто како она на надморска височина од 2 до 3 илјади метри, што предизвикува зголемено ослободување на коагулантните материи во протокот на крвта, што го оптоварува срцето.1,2
Следствено на ова, подобрувањето на циркулацијата и хидратацијата се најефикасните начини за спречување на срцев инфаркт и мозочен удар при патување со авион.
Обидете се да резервирате место со поголем простор за нозете. Ако резервирате порано (или се пријавите преку интернет), поголеми се шансите да добиете удобно седиште.
- Движете се и истегнувајте ги нозете на секои триесет минути. Кога е можно, станете и прошетајте по патеката меѓу седиштата.
- Носете широка, лесна и удобна облека. Носете чевли кои се лесно се собуваат.
- Не пијте алкохол за време на летот, бидејќи тој ја зголемува дехидратацијата.
- Пијте доволно течности, по можност вода.
- Доколку е потребно, носете чорапи за компресија.
Избегнувајте да летате со авион ако3...
- Сте имале срцев удар во изминатите две до четири седмици
- Ви бил ставен стент на коронарна артерија во последните две седмици
- сте имале операција за бајпас на коронарна артерија во последните две до шест седмици (ако дошло до компликации во белите дробови, тогаш повеќе од три седмици)
- Имате нестабилна ангина , неконтролирани аритмии или имате претрпено ненадеен срцев удар.
Пациенти со песмејкери и дефибрилатори3...
- Песмејкерите и срцевите дефибрилатори се подложни на електромагнетна интерференција во присуство на силни електрични и магнетни полиња. Модерните уреди се добро заштитени од електромагнетно зрачење.
- Пациентите треба да се советуваат да ја поминат портата со нормално темпо на движење, ако тоа од нив се побара, наместо да заостануваат во редот. Тие, сепак, треба да ја предупредат службата за обезбедување за уредот кој го имаат, бидејќи металната обвивка од уредот може да го активира алармот на аеродромот.
- Голем број на докази покажуваат дека ризикот од значајна електромагнетна интерференција која би влијаела врз песмејкерот и срцевиот дефибрилатор во авионот е минимален.
Алтернативи на летање со авион
Ако не смеете да летате, пробајте да одберете поблиска дестинација до која може да се стигне со автомобил, автобус или воз. Патувањето со воз нуди најмногу можности за раздвижување. Атмосферскиот притисок и нивото на кислород тука не претставуваат никаков проблем, па нема ризик од формирање на тромби и развој на длабока венска тромбоза .
Осигурување
Дури и ако сте совршено здрави, добро е да сте подготвени од неочекувани настани кога патувате во странство. Несреќите може да дојдат секаде и секогаш, а трошоците за медицинска нега може да бидат астрономски доколку треба да ги платите од сопствен џеб. Доколку имате срцева состојба, информирајте се во осигурителните компании кои опции за патничко осигурување ви се достапни.
Откако ќе ги направите сите потребни аранжмани и Вашиот лекар ќе ви потврди дека може да патувате, слободно тргнете.
Среќен пат!
Референци:
- (1) American Heart Association. Travel and Heart Disease. Available at: https://www.heart.org/en/health-topics/consumer-healthcare/what-is-cardiovascular-disease/travel-and-heart-disease [accessed 30 June 2020] Return to content
- (2) Joy M. Cardiovascular disease and airline travel. Heart. 2007;93(12):1507-1509. doi:10.1136/hrt.2007.134247. Return to content
- (3) David Smith 1, William Toff, Michael Joy, et al. Fitness to fly for passengers with cardiovascular disease. Heart 2010 Aug;96 Suppl 2:ii1-16 Return to content
поврзани статии:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.