Грижете се за Вашето срце: најдете цел во животот

Грижете се за Вашето срце: најдете цел во животот

Немате време да вежбате затоа што сте фокусирани на Вашата кариера? Сите го наведуваме ова како изговор, но американските истражувачи докажале дека ако имате цели во животот, кај Вас се намалува веројатноста за појава на срцева болест.

Време за денска релаксација. Опуштете се во мрежеста лулка, затворете ги очите и замислете како го живеете вашиот совршен живот. Која е Вашата работа од соништата? Каде и како живеете? Замислете го семејството, пријателите и друштвото со коешто би сакале да бидете.

Негувајте го вашето срце: Најдете цел во животот

Американски истражувачи откриле дека луѓето кои знаат кон што целат во животот и сметаат дека нивниот живот вреди да се живее, имаат 17% помала веројатност да имаат кардиоваскуларен настан.1

Главниот истражувач на студијата, Ренди Коен изјавил: „Имањето цели во животот го штити Вашето срце, а со тоа и Вашиот живот“. „Нашите резултати потврдија дека наоѓањето цел во животот е тесно поврзано со подобро здравје на срцето“.

Врска помеѓу животот без цел и развој на срцева болест

Истражувачите собрале податоци од 10 други студии во кои биле опфатени 137,000 лица за да ја анализираат корелацијата помеѓу тежнеењето кон поставените цели, целокупната стапка на смртност и стапката на смртност како резултат на кардиоваскуларни заболувања. Откриле јасни докази дека оние лица кои немаат јасна идеја за нивниот живот и не се сигурни каде одат и што сакаат да постигнат, веројатно ќе заболат од некаква форма на срцево заболување.1

Негувајте го вашето срце: Најдете цел во животот

Овие откритија се во согласност со влијанието на психолошките фактори како вознемиреност, загриженост и неизвесноста. Оваа студија може да биде почетна точка за понатамошно истражување на врската помеѓу тежнеењето кон поставени цели во животот и зачувување на здравјето. Ако знаете за оваа поврзаност, може дури и да Ве мотивира да го пронајдете она што сакате да го направите во Вашиот живот.

Ако веќе сте целосно задоволни од Вашиот живот, само дишете слободно и знајте дека така Вашето срце ќе биде здраво. Ако од која било причина не сте задоволни од тоа како се одвива Вашиот живот, ова е уште една добра причина да ги преиспитате работите и да го правите она што вистински Ве исполнува.

Референци:

  • (1) Cohen R, Bavishi C, Rozanski A. Purpose in Life and Its Relationship to All-Cause Mortality and Cardiovascular Events: A Meta-Analysis. Psychosom Med. 2016;78(2):122-133. doi:10.1097/PSY.0000000000000274. Return to content

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.