историјата на аспирин

Историјата на сестраниот аспирин

Беа потребни стотици години од откривањето на природната активна супстанца во врбата до развојот на современиот фармацевтски производ. Од патентирањето  на  ацетилсалицилната киселина во 1899 година, аспиринот стана основен лек за намалување на болката, а подоцна и за превенција на срцеви заболувања.

Историјат на сестраниот аспирин

Историјата на аспиринот почнува уште од античко време. Екстракти од растенија што содржат салицин биле користени за намалување на болката илјадници години. Во 400 година п.н.е., Хипократ препорачал употреба на лисја од врба за да се намали болката при породувањето и 2.000 години подоцна, во 1899 година, ацетилсалицилната киселина, популарно позната како аспирин, била патентирана во Канцеларијата за царски патенти во Берлин.(1)

историјата на аспирин

Лек од врба

Барајќи лекови во природата, луѓето уште пред илјадници години откриле дека растенијата богати со салицилати ја ублажуваат болката. Едно такво растение, врбата, зема неверојатен удел во фармацевтската индустрија. Истражувачите во модерното доба, добро знаеле дека Хипократ препорачувал лисја од врба за намалување болката при породување и за лекување на очни болести. Некои од нив ги следеле стапките на таткото на медицината и ги откриле најголемите тајни на активната супстанца на растението.

Во 1763 година, свештеникот Edward Stone, пред на членовите на Кралското друштво во Лондон, прв ги опишал антипиретичните ефекти на екстрактот од кора од врба. Англискиот свештеник навел 50 случаи во кои успешно користел сoмелена кора од врба, растворена во вода или чај.(2)

Лабораториски експерименти

Следниот поврзан настан се случил во 1828 година, кога Johann Buchner, фармаколог од Минхен, екстрахирал горчлив жолтеникав материјал од врба и го нарекол салицин, според латинското име на врбата (саликс). Една година подоцна, Henri Leroux го изолирал салицинот во јасна, кристална форма. Во 1838 година, еден италијанец кој студирал во Сорбона, Raffaele Piria, го разградил салицинот на шеќер и ароматично соединение. Со оксидација на ароматичното соединение добил салицилна киселина.(2,3)

Активната супстанција на аспиринот, ацетилсалицилната киселина, првпат е синтетизирана во 1853 година од Charles Gerhardt, професор по хемија на Универзитетот во Монпелје, но тој сметал дека процесот е премногу комплициран и престанал да експериментира со соединението.(3) Неколку години подоцна, Hermann Kolbe, професор по хемија во Марбург ја напишал хемиската структура на салицилната киселина, а подоцна, заедно со Friedrich von Heyden, развил метод за масовно производство.(4) Но, салицилната киселина имала непријатен вкус и еден несакан ефект: го иритирала желудникот.

ацетилсалицилна киселина

Почеток на успешната приказна

До пресвртница дошло во 1897 година, кога Felix Hoffmann произведе ацетилсалицилна киселина, која имала многу помалку несакани ефекти од салицилната киселина. Hoffmann работел во фармацевтскиот оддел на Bayer AG, германска компанија основана во 1863 година, која била пред влегување во фармацевтскиот пазар. Две години подоцна, во 1899 година, компанијата пуштила во употреба лек кој содржел ацетилсалицилна киселина и така започнала успешната приказна.(4)

Лек и превенција

Намалувањето на болката и аспиринот сега се неразделни термини. Околу 200 милиони таблети се консумираат, дневно. Благодарение на истражувањата и развојот, во средината на 20 век биле откриени нови области за употреба на активната супстанција.

Еден американски лекар, Lawrence Craven, забележал дека аспиринот може ефикасно да се користи како превенција на одредени срцеви проблеми: според неговото искуство, зачестеноста на миокарден инфаркт била помала кај пациенти кои земале аспирин за намалување на болката. Во почетокот на педесетите години на ХХ век, тој ги објавил своите резултати и во своите трудови утврдил дека ризикот од миокарден инфаркт е помал кога пациентот пиел аспирин, а аспиринот со мала доза бил доволен за овој ефект.(4-7) Тој посочил дека аспиринот може да спречи и коронарна тромбоза . Тој препорачал мажите помеѓу 45 и 65 години, кои имаат прекумерна телесна тежина или имаат седечки начин на живот, треба да земаат дневна доза на аспирин.(4,8) Craven не бил научник, туку тој дошол до овие заклучоци врз основа на голем број случаи во својата пракса и потенцирал дека неговата теорија треба да се докаже научно.

производството на аспирин

Aspirin® е и основен лек за кардиоваскуларна превенција

Во доцните 60-ти, д-р Харви Џ. Вајс, Присила Пајпер и Сер Џон Вејн ги проучувале ефектите на аспиринот, а по нивната работа биле спроведени клинички испитувања за да се потврди дали лекот може да спречи кардиоваскуларни инциденти.(9)

Клиничкото испитување што започна во 1989 година научно го потврди она што го тврдеше д-р Крејвен речиси 50 години порано - тоа потврди дека редовното пиење аспирин може да спречи миокарден инфаркт и мозочен удар .(10-13) Aspirin® Protect 100 стана основен лек во терапиите за превенција на кардиоваскуларни заболувања.

Референци:

  • (1) Connelly D. A history of aspirin. Clinical Pharmacist, September 2014, Vol 6, No 7, online | DOI: 10.1211/CP.2014.20066661. Return to content
  • (2) Desborough MJR, Keeling DM. The aspirin story - from willow to wonder drug. Br J Haematol. 2017;177(5):674‐683. doi:10.1111/bjh.14520. Return to content
  • (3) Bellis M. The History of Aspirin. ThoughtCo, Feb. 11, 2020. Available at: thoughtco.com/history-of-aspirin-4072562 [accessed 8 June 2020]. Return to content
  • (4) Montinari MR, Minelli S, De Caterina R. The first 3500 years of aspirin history from its roots - A concise summary. Vascul Pharmacol. 2019;113:1‐8. doi:10.1016/j.vph.2018.10.008. Return to content
  • (5) Craven LL. Acetylsalicylic acid, possible preventive of coronary thrombosis. Ann West Med Surg. 1950;4(2):95. Return to content
  • (6) Craven LL. Coronary thrombosis can be prevented. J Insur Med. 1950;5(4):47‐48. Return to content
  • (7) Craven, L.L. (1956) Prevention of coronary and cerebral thrombosis. Mississippi Valley Medical Journal, 78, 213–215. Return to content
  • (8) Craven L. Experiences with aspirin (acetylsalicylic acid) in the nonspecific prophylaxis of coronary thrombosis. Miss Valley Med J 1953;75:38–44. Return to content
  • (9) Miner J, Hoffhines A. The discovery of aspirin's antithrombotic effects. Tex Heart Inst J. 2007;34(2):179-186. Return to content
  • (10) Steering Committee of the Physicians' Health Study Research Group. Final report on the aspirin component of the ongoing Physicians' Health Study. N Engl J Med. 1989;321(3):129‐135. doi:10.1056/NEJM198907203210301. Return to content
  • (11) Antithrombotic Trialists' Collaboration. Collaborative meta-analysis of randomised trials of antiplatelet therapy for prevention of death, myocardial infarction, and stroke in high risk patients [published correction appears in BMJ 2002 Jan 19;324(7330):141]. BMJ. 2002;324(7329):71‐86. doi:10.1136/bmj.324.7329.71. Return to content
  • (12) Lewis HD Jr, Davis JW, Archibald DG et al. Protective effects of Aspirin™ against acute myocardial infarction and death in men with unstable angina. Results of a Veterans Administration Cooperative Study. N Engl J Med 1983;309(7):396–403. Return to content
  • (13) Guirguis-Blake JM, Evans CV, Senger CA, O'Connor EA, Whitlock EP. Aspirin for the Primary Prevention of Cardiovascular Events: A Systematic Evidence Review for the U.S. Preventive Services Task Force. Ann Intern Med. 2016;164(12):804‐813. doi:10.7326/M15-2113. Return to content
  • (14) https://www.bbvaopenmind.com/en/science/research/aspirin-120-years-of-the-first-miracle-drug/ (14) https://www.bbvaopenmind.com/en/science/research/aspirin-120-years-of-the-first-miracle-drug/ Return to content

Поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.