Депресијата може сериозно да го зголеми ризикот од срцево заболување

Депресијата може сериозно да го зголеми ризикот за срцева слабост

Една голема студија укажува на степенот со кој депресијата може да го зголеми ризикот за срцево заболување во иднина.  При анализа на резултатите од истражување кај речиси 63,000 лица во Норвешка и нивно следење во тек на 11,3 години, истражувачите откриле дека умерена депресија води до 2,4% зголемен ризик за срцева слабост . Инциденцијата на миокарден инфаркт исто така била висока (14%) во периодот на следење на истите пациенти.(1)

Авторот на студијата, Лиса Тусет Густад, предупредува дека депресијата може сериозно да влијае на интересот на една личност за одредени активности, како на пример за вежбање, губење на телесната тежина, оставање на цигарите или здрава исхрана, а сето тоа го зголемува ризикот за срцеви заболувања.(1)

Депресијата може сериозно да го зголеми ризикот од срцево заболување

Каква е врската помеѓу мозокот и срцето?

Според една теорија, велат истражувачите, депресијата ги зголемува нивоата на хормоните на стрес, што со тек на време може да доведе до воспаление, како фактор на ризик за срцеви заболувања.2,3 „Ако сте под стрес, чувствувате дека срцето ви чука побрзо и дека дишете забрзано, што е резултат на ослободување на хормоните“, вели Густад.4 „Тие хормони на стрес исто така предизвикуваат воспаление и атеросклероза , што може да доведат до срцеви заболувања.“ Неможноста на вашето тело да се справи со стресот може да има последици, потенцијално може да предизвика депресија или срцеви заболувања. Постоечките проблеми во справување со стресот би можеле исто така да предизвикаат депресија и срцеви заболувања, што не мора да значи дека едното настанува пред другото. „Раните симптоми на депресија вклучуваат губење на интерес и губење на задоволство за нешта што вообичаено ни биле интересни или нè задоволувале“. „Ако се чувствувате така, разговарајте со пријателите, но ако оваа состојба трае повеќе од еден месец, посетете го вашиот лекар. Депресијата лесно се лекува во раните фази.“

Аспирин® Протект 100, содржи ацетилсалицилна киселина која ги спречува кардиоваскуларните настани преку инхибиција на формирањето на крвни тромби и на тој начин го намалува ризикот од срцеви и мозочни инфаркти.5 Терапијата со овој лек зависи од вашиот кардиоваскуларен ризик или присуство на докажана кардиоваскуларна болест. 

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот односно медицинското помагало консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт 

Референци:

  • (1) Gustad LT, Laugsand LE, Janszky I, Dalen H, Bjerkeset O. Symptoms of anxiety and depression and risk of heart failure: the HUNT Study. Eur J Heart Fail. 2014;16(8):861‐870. doi:10.1002/ejhf.133. Return to content
  • (2) Han QQ, Yu J. Inflammation: a mechanism of depression?. Neurosci Bull. 2014;30(3):515‐523. doi:10.1007/s12264-013-1439-3. Return to content
  • (3) Zhou L, Ma X, Wang W. Inflammation and Coronary Heart Disease Risk in Patients with Depression in China Mainland: A Cross-Sectional Study. Neuropsychiatr Dis Treat. 2020;16:81‐86. Published 2020 Jan 9. doi:10.2147/NDT.S216389. Return to content
  • (4) Gustad LT, Bjerkeset O, Dalen H, Janszky I. Associations of depression and anxiety symptoms with cardiac function and cardiovascular disease in the general population. A linkage between the HUNT population study, hospital data and cause-of death register. 2015. ISBN 978-82-326-0856-0. Return to content
  • (5) Аспирин® Протект 100 mg, гастрорезистентни таблети; Внатрешно упатство за лекот, август 2020. Return to content

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.