Кој не претпочита да го мери крвниот притисок дома наместо во ординација или на клиника? Во денешно време, уредите за мерење на крвниот притисок се исто така достапни и за домашна употреба. Добро е да се знае дека крвниот притисок може точно да се измери и дома, во мирни услови, но за мерењето да биде точно треба да се обрне внимание на неколку работи кои се сметаат како „ситници“.
Точно мерење на крвниот притисок, точна дијагноза
Всушност, само веродостојно измерените вредности на крвниот притисок им овозможуваат на лекарите да постават точна дијагноза ; а точната дијагноза е предуслов за поставување на најсоодветната терапија . (1). Меѓутоа, мерењето на крвниот притисок, каде и да е, самото по себе содржи замки, а пациентите кои сами го мерат крвниот притисок во домашни услови, може да направат десетици грешки. (1,2). Во продолжение на овој текст може да најдете совети како да ја зголемите веродостојноста на измерениот крвен притисок во домашни услови.
Ефектот на бел мантил не е урбана легенда
Многу луѓе претпочитаат да го мерат крвниот притисок дома, отколку во здравствена установа. За ова придонесува и „ефектот на бел мантил“.
„Ефектот на бел мантил“ не е само урбана легенда, туку феномен што навистина постои. Некои пациенти прикажуваат покачен крвен притисок во присуство на здравствени работници или медицински сестри како резултат на некоја форма на анксиозност. Во „присуство на бел мантил“, и систолните (= горните) и дијастолните (= пониски) вредности на крвниот притисок може да бидат 20–25 милиметри живин столб (mmHg) повисоки, отколку оние измерени дома во мирни услови (2).
10 + 1 корисни совети за мерење на крвниот притисок дома (1,2)
Експертите идентификуваа голем број фактори кои влијаат врз точноста на мерењето на крвниот притисок (2). Бескорисно е да имате совршен апарат за мерење крвен притисок, ако лицето кое го мери крвниот притисок не внимава на некои правила што треба да ги следи.
Доколку се придржувате до следните 10 + 1 совети, измерените вредности ќе бидат посигурни.
- Секогаш мерете го крвниот притисок во исто време од денот. Крвниот притисок покажува значителни дневни флуктуации. Мерете го крвниот притисок во исто време секој ден, бидејќи само така ќе добиете споредливи податоци. На пример, испланирајте дека во 8:00 наутро ќе го мерите вашиот крвен притисок.
- Секогаш одморете 5 минути пред да започнете со мерење. Важно е да не извршувате некоја работа ни во седечка положба во овој период на „одмор“ од најмалку 5 минути. Доколку не се придржувате до овој совет за одмор и го измерите крвниот притисок набрзина, тоа најверојатно ќе резултира со повисоки вредности на mmHg (2).
- За време на мерењето на крвниот притисок, седнете и поставете ја раката на маса така што манжетната од апаратот за притисок да биде поставена на иста висина со вашето срце. Седете на столица со наслон за грбот и грбот нека ви биде потпрен за време на мерењето (2).
- Важно е манжетната да биде со соодветна големина. Кога избирате и купувате уред за крвен притисок, проверете дали големината на манжетната одговара на вашата рака. Манжетната треба да биде тесна, но не претесна (1,2). Заборавете на мерење на крвниот притисок врз облека. Никогаш не ја ставајте манжетната над облека, бидејќи тоа може да ги промени измерените вредности.
- Не пијте алкохол, не пушете и не пијте кафе 1 час пред мерење на крвниот притисок. (2)
- Доколку земате лекови за покачен крвен притисок, се препорачува да го земате после мерење на крвниот притисок.
- Доколку имате потреба да уринирате, немојте да го мерите крвниот притисок со полн мочен меур. Секогаш првин испразнете го мочниот меур. Мерењето на крвниот притисок кога мочниот меур е оптегнат може да ја зголеми систолната (= горната) вредност на притисокот и до 33 mmHg (1,2).
- Не мрдајте и не ги прекрстувајте нозете додека го мерите крвниот притисок. Седењето со скрстени нозе може да го зголеми измерениот систолен крвен притисок до 15 mmHg (2).
- Бидете тивки. Не зборувајте и луѓето нека не разговараат со вас додека го мерите крвниот притисок. (2)
- Доколку го повторите мерењето на крвниот притисок, почекајте најмалку 1 минута помеѓу двете мерења.
10 + 1. Водете евиденција за мерењата.
Дополнителна забелешка
Мерењето на крвниот притисок дома го прифаќаат и поддржуваат исто така и здравствените лица. Сепак, за точно мерење, треба да се имаат предвид некои аспекти.
Мерењето треба да биде професионално и точно. Точните и сигурни мерења на крвниот притисок дома им даваат насоки на лекарите и претставуваат еден од факторите кои што треба да се имаат предвид за понатамошно планирање и/или модификација на вашата терапија за покачен крвен притисок.
PP-ASP-MK-0124-1 05.08.2022
Референци:
- (1) Rishi Ramtahal; Common Errors in the Measurement of Blood Pressure; Int Arch Nurs Health Care 2015, 1:1 Return to content
- (2) Noa Kallioinen; Sources of inaccuracy in themeasurement of adult patients’ resting blood pressure in clinical settings: a systematic review; Journal of Hypertension 2017, 35:421–441 Return to content
поврзани статии:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.