Повеќе жени умираат од срцев удар отколку од рак на дојка.

Срцевиот удар зема повеќе животи отколку ракот на дојка. И на женските срца им треба внимание

Повеќе жени умираат од срцев удар отколку од рак на дојка.

Една од две жени ќе биде погодена од кардиоваскуларни заболувања во нејзиниот живот. Спротивно на распространетото верување, срцевите заболувања всушност земаат повеќе животи кај жените, отколку ракот на дојка.1 Гледавме како жените го совладуваат ракот на дојка преку разни кампањи за рак на дојка, подигајќи ја свеста за важноста на скринингот и преку безброј третмани со лекови. На ред е истото тоа да го направиме и за срцето. Д-р Ц. Ноел Бери Мерц, врвен експерт за оваа проблематика, имаше TED-говор* во 2011 г. на оваа тема.

Повеќе жени умираат од срцев удар отколку од рак на дојка.

„Од 1984 година наваму, во САД повеќе жени умираат од срцеви заболувања отколку мажи. Порано ги сметавме срцевите заболувања за машки проблем, што никогаш не било вистина“, рече таа, додавајќи: „Оваа машка линија, која ја покажува стапката на смртност се спушта надолу, надолу, надолу, надолу, а гледате како женската линија од 1984 година оди нагоре, и разликата се зголемува: Повеќе жени, два, три, четири пати повеќе жени умираат од срцеви заболувања споредено со мажите. Ова нè наведе да заклучиме дека дијагностичките и терапевтските стратегии, кои во последните 50 години ги развија мажите, за мажите... не се толку ефикасни за жените“.2

Таа во својата презентација укажува на неопходноста од создавање кампања за решавање на овој проблем, слична на кампањата за ракот на дојка која би помогнала што повеќе жени да научат за ова прашање. „Сите знаеме некоја жена која била погодена од карцином на дојка. Честопати не можеме ни да помислиме дека млада жена може има срцеви заболувања. Ќе ви кажам зошто. Срцевите заболувања ги убиваат луѓето, честопати, тоа е многу брзо. Кога првпат ќе се појави срцево заболување кај жени и мажи, половина од нив завршуваат со ненадејна смрт заради срцев застој - немаме можност да се збогуваме, немаме можност да ги однесеме на хемотерапија . Смртноста од рак на дојка е сведена на четири проценти, а жените се залагаат за него веќе 40 години. Бети Форд и Ненси Реган настапија храбро и изјавија: „Јас преживеав рак на дојка“. И тогаш лекарите се зазедоа за овој проблем. Направивме истражувања. Сега имаме ефикасни терапии. Жените живеат подолго од кога било. Тоа мора да се случи и со срцевите заболувања, време е. Не се случува, а време е.

Жените имаат различни симптоми за срцеви заболувања од мажите

Д-р Ц. Ноел Бери Мерц посочува важна разлика за симптомите на срцевиот инфаркт кај мажите и жените. Жените имаат различни симптоми на срцеви заболувања од оние што ги изучувавме во последните 50 години, за кои откривме добри методи за дијагностика и терапија . Тоа беше наменето за мажите. Жените се различни, нивните срцеви заболувања не се изучуваат, тие само се спомнуваат. Не се лекуваат, не се откриваат и за нив не се користат сите модерни лекови.3

Како изгледа срцевиот удар кај мажите? Тој предизвикува ужасна болка во градите која се забележува на ЕКГ и лекарите ја гледаат абнормалната крива. Постои голем тромб во артеријата кој треба да се отстрани. Некои жени исто така имаат такви срцеви напади, но огромен број има поразлични симптоми. Тромбот не ја блокира артеријата целосно, симптомите се суптилни, наодите од ЕКГ се различни, така што овие жени честопати не се дијагностицираат и се враќаат дома.

Кај жените, решението можеби е терапијата со матични клетки

Д-р Бејри Мерц ја истакнува важноста на истражувањето за матичните клетки, особено терапијата со матични клетки кај жените. „Ако прашате, која е физиолошката разлика помеѓу жените и мажите? Жените носат нов живот на светот. Тоа се матичните клетки. Значи, имаме хипотеза дека женските матични клетки би можеле да бидат подобри во идентификувањето на повредата, да направат некаква поправка на клетките или дури и да создадат нови органи што е една од работите што се обидуваме да ги направиме со терапија со матични клетки.“4

И покрај тоа што, како резултат на истражувања и кампањи за подигање на свеста, во последните 15 години се забележува пад на смртноста кај жените, сепак сè уште 2 до 3 пати повеќе жени умираат од срцев удар отколку мажи. Таа ја повикува секоја жена да се приклучи на Кампањата со црвен фустан, иницијатива покрената за заштита на женските срца ширум светот.

Целата презентација е достапна на следниот линк:

http://www.ted.com/talks/noel_bairey_merz_the_single_biggest_health_threat_women_face

*TED е непрофитна организација посветена на ширење идеи, обично во форма на кратки, моќни говори (18 минути или помалку). TED била основана во 1984 г. како конференција каде се спојуваат технологијата, забавната индустрија и дизајнот. Оттаму потекнува и името: T - технологија, Е - забава (entertainment), D - дизајн. Денес ги покрива скоро сите области - од наука до бизнис и глобални теми.

Референци:

  • (1) Canto JG, Kiefe CI. Age-specific analyses of breast cancer versus heart disease mortality in women. Am J Cardiol. 2014;113(2):410-411. doi:10.1016/j.amjcard.2013.08.055. Return to content
  • (2) American Heart Association. Statistical Fact Sheet 2013 Update. Women & Cardiovascular Diseases. Available at: https://www.heart.org/idc/groups/heart-public/@wcm/@sop/@smd/documents/downloadable/ucm_319576.pdf [accessed 30 June 2020]). Return to content
  • (3) Dey S, Flather MD, Devlin G, et al. Sex-related differences in the presentation, treatment and outcomes among patients with acute coronary syndromes: the Global Registry of Acute Coronary Events. Heart. 2009;95(1):20-26. doi:10.1136/hrt.2007.138537. Return to content
  • (4) Manukyan MC, Weil BR, Wang Y, et al. Female stem cells are superior to males in preserving myocardial function following endotoxemia. Am J Physiol Regul Integr Comp Physiol. 2011;300(6):R1506-R1514. doi:10.1152/ajpregu.00518.2010. Return to content

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.