Поголема активност = побавно стареење

Поголема активност = побавно стареење

Ова чудесно откритие е дело на тим научници од Лондон, предводени од Лин Черкас, кои направиле детална анализа на начинот на живот и ДНК кај 1200 идентични близнаци.

Поголема активност = побавно стареење

Истражувачите од Кралскиот колеџ откриле значителни разлики помеѓу близнаците кога ја анализирале физичката активност на учесниците на просечна возраст од 49 години. Краевите на хромозомите (т.н. теломери), кај оние учесници кои редовно вежбале, во просек биле за 200 нуклеотиди (дел од ДНК) подолги во споредба со нивните генетски идентични браќа и сестри кои избегнувале физичка активност.1

Делот на теломерот кој се наоѓа на крајот на човечките хромозоми се скратува во текот на нашиот живот, секој пат кога клетката се дели. Ако нашите теломери се прекратки, нашите клетки може да престанат да се делат, па дури и да изумрат. Па оттука, должината на Вашите теломери се показател колку сте млади или стари, на клеточно ниво - „New Scientist“.

Набљудувајќи го процесот на скратување на ДНК во лабораториски услови, тие откриле јасна корелација помеѓу зголемена физичка активност и побавно скратување, што значи подолг животен век на клетките и побавно стареење.

Со ова може да се објасни и зошто физички поактивните лица имаат помала стапка на гојазност , кардиоваскуларни заболувања и дијабетес, а имаат и помалку видливи знаци на стареење, особено кога ќе се споредат со лицата кои поголем дел од времето го поминуваат во седење.

Покрај вежбањето, постојат неколку други фактори кои придонесуваат за превенција на срцеви заболувања и тоа: здрава исхрана, живот без зависности или употреба на лекови. Аспирин® Протект 100 е еден од најпознатите лекови во светот за превенција на кардиоваскуларни заболувања и милиони луѓе низ целиот свет го користат со децении. Докажано е дека редовната употреба на овој лек го намалува ризикот од повторен срцев инфаркт и мозочен удар . Има едноставен механизам на дејство. Тромбоцитите кои се важна компонента на крвта, имаат функција да се натрупуваат и да формираат крвен тромб и на тој начин да го запрат крварењето кога некој крвен сад е оштетен. Меѓутоа, при атеросклероза , тромбоцитите имаат тенденција да се натрупуваат дури и кога не треба и така да блокираат важни крвни садови. Ацетилсалицилна киселина, активната состојка на Аспирин® Протект 100 помага во спречување на абнормално натрупување на тромбоцитите, со што се спречува формирање на крвни тромби кои би можеле да ги стеснат или блокираат крвните садови.2

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот односно медицинското помагало консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт

Референци:

  • (1) Cherkas LF, Hunkin JL, Kato BS, et al. The association between physical activity in leisure time and leukocyte telomere length. Arch Intern Med. 2008;168(2):154-158. doi:10.1001/archinternmed.2007.39. Return to content
  • (2) Аспирин® Протект 100 mg, гастрорезистентни таблети; Внатрешно упатство за лекот, август 2020. Return to content

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.