Што треба да знаете за миокардниот инфаркт

Што треба да знаете за миокардниот инфаркт

Миокардниот инфаркт е едно од најсериозните кардиоваскуларни заболувања и е директна закана по животот. Времето е најголем фактор за преживување: лекарите може да заштедат голем дел од оштетениот срцев мускул, ако пациентот добие соодветна нега во рок од два часа од почетокот на симптомите. Затоа, важно е да се биде свесен за симптомите, како да се постапи и како да се превенира. Важно е да се запомни: “Времето е битно за срцевиот мускул”.

Што точно претставува инфарктот?

 

Што треба да знаете за миокардниот инфаркт

Инфарктот може да се појави не само во срцето, туку во буквално секој орган на човечкото тело, вклучително и во мозокот и во белите дробови. Во медицинска смисла, инфарктот се однесува на кој било случај кога се намалува снабдувањето со крв на ткиво заради блокирање или стеснување на артериите, што предизвикува недостаток на кислород. Ако оваа состојба трае повеќе од неколку минути, клетките во погодените ткива почнуваат да умираат. Акутниот миокарден инфаркт (АМИ) е смрт на ткивото на срцевиот мускул предизвикан од недостаток на кислород. Текот на миокардниот инфаркт во голема мера зависи од степенот на изумреност на ткивото, состојбата на коронарните артерии, како и од сите коморбидитети што ги има пациентот.

Симптоми

Пред некој да има инфаркт - можеби и години претходно - може да доживее одредени типични знаци наречени напади на ангина пекторис , кои вклучуваат болка во градите, која претставува предупредување за намаленото снабдување на срцевиот мускул со крв.
Кога инфарктот се случува кај помлада личност, овие предупредувачки знаци се поретки. Меѓутоа, кај постарите луѓе, благи физички напори или емоционален стрес, дури и ненадејно опаѓање на температурата на околината може да предизвика болно затегнување кое се чувствува под градната коска, што може да се протега до вилиците или кон левото (ретко кон десното) рамо, зглоб и прсти. Понекогаш болката се чувствува само ако е подалеку од срцето, на местата до кои болката се протега.
Ако снабдувањето со крв се обнови за неколку минути, по мал одмор или земање лекови што содржат азотен оксид, болката бргу ја снемува. Срцевиот мускул ја враќа целосната функционалност, без да претрпи оштетување. Болката што се чувствува за време на миокарден инфаркт е слична на онаа при ангина пекторис, но е многу посилна, трае подолго (најмалку дваесет минути) и не поминува по земање лекови кои содржат азотен оксид. Може да биде придружена со вознемиреност, страв од смрт, ладна пот, гадење, повраќање и замор. Миокардниот инфаркт може да биде придружен и со други симптоми, наречени атипични симптоми, како што се болка која патува кон стомакот или грбот или стомачна непријатност. Овие симптоми се повеќе типични за инфаркт кој го зафаќа долниот дел на левата комора. Некој може да има миокарден инфаркт дури и без никакви симптоми или со многу благи симптоми. Ова се нарекува тивок инфаркт и се открива многу подоцна, кога се прави ЕКГ тест од некоја друга причина.1,2

Што треба да се превземе

Ако сметате дека имате знаци на инфаркт, заземете удобна позиција и веднаш повикајте итна медицинска помош на бројот 194. Никогаш не пробувајте да одите до лекарска ординација и никогаш не пробувајте да возите. Ако забележите дека некој во Ваша близина ги има горенаведените симптоми на инфаркт, веднаш повикајте итна медицинска помош.

Ако пациентот не дише и нема пулс , веднаш започнете со реанимација . Не треба да заборавите дека имате само неколку минути за да го спречите смртниот исход. Лицето има шанси да преживее само ако вештачкото дишење и компресиите на градите почнат да се прават во рок од десет минути. Судбината на пациентот зависи и од големината на регионот на срцевиот мускул во кој изумира ткивото и од времето што е потребно за да се отвори блокираната артерија . Затоа, најважно е да се обезбеди што е можно побрз транспорт во кардиолошки центар за да се извршат соодветни процедури за коронарната артерија да стане проодна и да се врати протокот на крв во ткивата. Бидејќи брзото дејство може да спаси живот, лицето кое прво ќе забележи дека некој е во лоша состојба има голема одговорност. Половина од луѓето кои умираат во рок од една година по преживеан миокарден инфаркт, умираат во рок од еден или два часа од почетокот на симптомите, најчесто пред воопшто да стигнат до болница.3 Единствениот начин да се подобрат овие тажни статистики е сериозно да се сфатат предупредувачките знаци на инфаркт и да се повика итна медицинска помош.

Што може да направат лекарите?

Лекарот кој со возило на итна медицинска помош пристигнал на местото на настанот поставува дијагноза за инфаркт, дава лекови за ублажување на болката и го пренесува пациентот во болница, која има лабораторија за срцева катетеризација . ЕКГ се прави уште во возилото на итната медицинска помош за да се процени локацијата и големината на пределот на срцевиот мускул зафатен од изумрено ткиво и да се утврди дали оштетувањето на срцето предизвикала аритмија опасна по живот. Секоја минута е важна или како што велат лекарите, времето е битно за срцевиот мускул. 

Што се случува во кардиолошкиот центар? Лекарите и специјално обучените медицински сестри го проверуваат пулсот, крвниот притисок и нивото на кислород во крвта на пациентот. На пациентот му се даваат таблети аспирин за да се намали ризикот од формирање на крвни тромби во коронарните артерии, што ги подобрува неговите шанси за преживување. Се дава терапија со кислород за да се зголеми нивото на кислород во крвта и се даваат други лекови за да се нормализира срцевиот ритам на пациентот. Кај пациентите со миокарден инфаркт, најдобро е да се направи  перкутана коронарна интервенција ако постојат услови за тоа, односно ако не поминале повеќе од 12 часа од појава на симптомите до 2 часа од поставувањето на дијагнозата.1 Со оваа интервенција, може да се зачува значителен дел од оштетениот срцев мускул, на тој начин што блокираната коронарна артерија се проширува со помош на балон кој се вметнува со помош на катетер. За време на интервенцијата, катетерот со балон се вметнува во една од најголемите артерии, обична онаа во препоните, или раката за да стигне до коронарната артерија. Интервентниот кардиолог ја наоѓа точната локација каде е блокирана артеријата и го користи балонот за да ја притисне плаката што го спречува протокот на крв кон ѕидот на артеријата и го отстранува крвниот тромб . За да се спречи повторно формирање на плаки на оштетениот ѕид на артеријата, во коронарната артерија се става цилиндрична метална мрежа, наречена стент .

Што треба да знаете за миокардниот инфаркт

Животниот стил се менува по прележан инфаркт

Пред неколку децении, од постинфарктните пациенти се бараше да останат во кревет шест седмици. Дури и кога го преживуваа овој период, овие пациенти имаа огромно оштетување на срцето и имаа многу лош исход. Денес сме добро запознаени со несаканите ефекти од долгото лежење во кревет. Затоа, откако ќе помине акутната фаза, од пациентите веднаш се бара да се движат, обично првиот ден по инфарктот; дозволено е да станат од креветот и да шетаат по рамна површина. Физичката активност е многу важна за да се спречат рани компликации, како што е длабоката тромбоза во вените. Ако инфарктот зафатил само мал дел на срцевиот мускул и пациентот нема никакви симптоми, хоспитализацијата трае само неколку дена. Негата по инфарктот потоа се одвива како дел од програмата за рехабилитација насочена кон спречување на повторен инфаркт , намалување на стапката на смртност и подобрување на квалитетот на живот на пациентот.

Подготвеноста на пациентот да ги следи добиените совети за новиот начин на живот, заедно со лековите препишани од лекарот, има големо влијание врз идниот исход. Најважниот ваков совет е итно и целосно прекинување со пушење; следење на пропишаната исхрана и редовно вежбање. Одлуката за физичка активност се донесува за секој пациент посебно, а се базира на функцијата на левата комора, дали е воспоставена целосна реваскуларизација , контрола на срцевиот ритам и карактеристиките на работното место на пациентот. Се охрабруваат пациентите да прават лесна до умерена физичка активност по испишување од болница.1 Пред да се почне со каква било програма за вежбање, важно е да се направи консултација со лекар за се добијат совети за интензитетот, времетраењето и честотата на активностите кои се соодветни на физичките способности на пациентот.

Инфарктот може да се спречи. Има начини крвните садови да се одржуваат здрави и флексибилни. Здравата исхрана и поактивниот начин на живот, кој вклучува вежбање, се несомнено важен чекор. Аспирин® Протект 100 е лек кој содржи ацетилсалицилна киселина. Земање на 1 таблета на ден го инхибира абнормалното слепување на тромбоцити , со што се спречува формирање на крвни тромби кои ги стеснуваат или блокираат крвните садови и на тој начин се намалува ризикот од инфаркт.4
Кај пациентите по прележан миокарден инфаркт, Аспирин® Протект 100 е доживотна терапија

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот односно медицинското помагало консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт.

Рееференци:

  • (1) Ibanez B, James S, Agewall S, et al. 2017 ESC Guidelines for the management of acute myocardial infarction in patients presenting with ST-segment elevation: The Task Force for the management of acute myocardial infarction in patients presenting with ST-segment elevation of the European Society of Cardiology (ESC). Eur Heart J. 2018;39(2):119-177. doi:10.1093/eurheartj/ehx393. Return to content
  • (2) de Torbal A, Boersma E, Kors JA, van Herpen G, Deckers JW, van der Kuip DA, Stricker BH, Hofman A, Witteman JC. Incidence of recognized and unrec- ognized myocardial infarction in men and women aged 55 and older: the Rotterdam Study. Eur Heart J 2006;27(6):729–736. Return to content
  • (3) Moeini M, Mahmoudian SN, Khalifezadeh A, Pour AH. Reviewing time intervals from onset of the symptoms to thrombolytic therapy in patients with ST segment elevation myocardial infarction (STEMI). Iran J Nurs Midwifery Res. 2010;15(Suppl 1):379-385. Return to content
  • (4) Аспирин® Протект 100 mg, гастрорезистентни таблети; Внатрешно упатство за лекот, август 2020. Return to content

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.