И покрај тоа што статистичките податоци за негативните ефекти на пушењето се прилично застрашувачки, тешко е да се донесе одлука да се прекине со пушењето. Пушењето убива околу 8 милиони луѓе во светот секоја година. Повеќе од 7 милиони се должат на директна употреба на тутунот, додека околу 1.2 милиони се непушачи кои биле секундарно изложени на пушење.
Преку 80% од светската популација пушачи која се проценува на 1.5 билиони живеат во земји со ниски и средни приходи.1
Не постои пушач кој не знае дека секоја цигара е закована шајка во мртовечкиот ковчег. Можe ли да се каже дека си играме со оган ако не престанеме да пушиме?
Можеби не си играме со оган, но дефинитивно си играме со животот. Пушењето е еден од најголемите светски здравствени проблеми, веднаш после високиот крвен притисок. Во текот на 20 век, пушењето убило околу 100 милиони луѓе, најголем дел во денешните богати држави. Дури 15% од смртноста во светот се должи на пушењето.2
Колкав е процентот на пушачи во светот?
Според една анкета на Светската Здравствена Организација, има околу 1,5 милијарди луѓе во светот кои редовно пушат. Во 2012 година, 37% од светската популација пушеле секој ден и тоа во просек по 19 цигари дневно.2
Кои се негативните здравствени ефекти од пушењето?
Пушењето значително ги зголемува ризиците за кардиоваскуларни заболувања (хипертензија, артериосклероза , тромбоза , ангина пекторис , миокарден инфаркт , мозочен удар , цереброваскуларна оклузија), за одредени видови тумори (карцином на белите дробови, орални тумори, карцином на грлото, карцином на хранопроводот, карцином на мочниот меур) и за хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ). Очигледно, ризикот се зголемува како што се зголемуваат годините на пушење и бројот на испушени цигари дневно. Пушењето исто така игра улога во развојот на остеопороза и некои заболувања на очите, како на пример, катаракта и макуларна дегенерација поврзана со возраста. Жените кои пушат имаат поголема веројатност да бидат неплодни, а мажите кои пушат имаат поголема веројатност да бидат импотентни. Пушењето во бременоста не е штетно само за мајката, тоа има негативен ефект и врз животниот век на фетусот. Новороденчињата чиишто мајки пушеле за време на бременоста, најверојатно ќе се родат со помала телесна тежина.3
Во која мера пушењето влијае врз прогнозата на различни болести?
Не само што пушењето ја зголемува честотата на голем број на болести, туку негативно влијае и на текот на болестите. Лице кое пуши има 2-3 пати поголема веројатност да умре од миокарден инфаркт отколку непушач.4 Пушењето на 1-14 цигари на ден се поврзува со 1,7 пати поголем ризик од фатална коронарна артериска болест.5 Кардиоваскуларниот ризик расте со бројот на испушени цигари на ден, но и со напредокот на возраста, со 5,3 пати повисок ризик кај жените кои пушат повеќе од 25 цигари дневно.6 Пушачите имаат до 5 пати поголем ризик од ненадејна срцева смрт од непушачите.7 Во една студија спроведена во Шведска било пронајдено дека пушењето исто така предизвикува повеќекратно зголемување на ризикот од смрт од мозочен удар.8 Сè на сè, може да се заклучи дека многу од смртните случаи предизвикани од кардиоваскуларни заболувања се поврзани со пушење.
Врската помеѓу пушењето и респираторните заболувања е јасна за сите, но дали сте свесни за улогата што пушењето ја има во развојот на кардиоваскуларните заболувања?
Пушењето е еден од клучните фактори на ризик за циркулаторни заболувања, бидејќи го оштетува функционирањето на ендотелиумот, односно внатрешната обвивка на крвните садови (ова се нарекува оксидативен стрес ) и предизвикува атеросклероза .9 Пушењето има негативен ефект врз метаболизмот на мастите: го намалува нивото на добар холестерол и го зголемува нивото на лош холестерол. Исто така, го зголемува нивото на јаглерод моноксид во крвта, што го прави ендотелиумот уште поранлив. Пушењето ги стега крвните садови, а како резултат на тоа до ткивата доаѓа помалку крв со свеж кислород.9 Студијата со млади, здрави, волонтери кои не пушат, покажа дека пушењето на само една цигара значително ја намалува варијабилноста на срцевиот ритам и значително го зголемува крвниот притисок. И активното и пасивното пушење ја зголемуваат коагулабилноста на крвта. Кога заедничката каротидна артерија е погодена од артериосклероза , протокот на крв во мозокот може да се намали до таков степен што одредени области на мозокот може да умрат бидејќи не се снабдени со крв и може да дојде до мозочен удар .10
Пушењето има клучна улога во развојот на кардиоваскуларните заболувања. Покрај претходно споменатите коронарна артериска болест, миокарден инфаркт и мозочен удар, пушењето се поврзува и со развојот на периферна артериска болест (артериска стеноза ). Пушењето цигари го зголемува ризикот за периферна артериска болест за 7 пати.11 Симптомите на периферна артериска болест (остра болка при физичко вежбање, чувствителност, грчеви, замор на мускулите во нозете) се развиваат многу порано кај пушачите, 10 години пред да се појават кај непушачите и се многу потешки. Кај двојно повеќе пациенти со периферно артериско заболување кои пушат, се ампутираат екстремитетите, споредено со пациентите со артериски заболувања кои не пушат.
Зошто пушачите не ги оставаат цигарите иако ги знаат сериозните негативни ефекти на пушењето врз нивното здравје?
Прво, затоа што пушењето предизвикува сериозна зависност. Само 5-7% од пушачите се повремени пушачи, односно немаат зависност (пушат до 5 цигари на ден), но огромното мнозинство има зависност. Стапката на еднократни корисници кои стануваат зависници е највисока кај тутунот, во споредба со дрогата и алкохолот. 60% од зависниците од хероин, кокаин и алкохол велат дека пушењето најтешко се откажува.
Што да им кажеме на пушачите? Зошто да прекинат со пушење?
Откако ќе се откажете, здравствените ризици почнуваат да се намалуваат, иако степенот на намалување на ризикот зависи од индивидуата и поминатото време. Постојат среднорочни и долгорочни здравствени бенефити од откажувањето на пушењето:12
- Во рок од 20 минути Вашиот пулс и крвниот притисок се намалуваат.
- За 12 часа, нивото на јаглеродниот моноксид во крвта паѓа до нормална вредност.
- За 2-12 недели вашата циркулација се подобрува и се подобрува функцијата на Вашите бели дробови.
- За 1-9 месеци, се намалува кашлањето и гладта за воздух.
- За 1 година, Вашиот ризик за коронарна срцева болест е речиси половина од онаа кај пушачите.
- По 5 години, Вашиот ризик за мозочен удар се намалува до ниво на непушач, 5-15 години од откажување на пушењето.
- За 10 години, Вашиот ризик од белодробен карцином паѓа на половина од оној кај пушачите, а Вашиот ризик за орален карцином, карцином на грлото, хранопроводот, мочниот меур, цервиксот на вагината и панкреасот исто така се намалува.
- По 15 години, ризикот од коронарна срцева болест е ист како кај непушачите.
Сето ова и уште многу други фактори треба да се земат предвид, но секој пушач индивидуално треба да одговори на прашањето зошто треба да ги остави цигарите. Животот ќе заврши еден ден, но од ас најмногу зависи колку години ќе живеете здраво и квалитетно.
Референци:
- (1) https://www.who.int/news-room/fact-sheets/detail/tobacco. Return to content
- (2) https://www.who.int/gho/tobacco/use/en/ . Return to content
- (3) Onor IO, Stirling DL, Williams SR, et al. Clinical Effects of Cigarette Smoking: Epidemiologic Impact and Review of Pharmacotherapy Options. Int J Environ Res Public Health. 2017;14(10):1147. Published 2017 Sep 28. doi:10.3390/ijerph14101147. Return to content
- (4) Rosamond W, Flegal K, Furie K, et al. Heart disease and stroke statistics--2008 update: a report from the American Heart Association Statistics Committee and Stroke Statistics Subcommittee [published correction appears in Circulation. 2010 Jul 6;122(1):e10. Kissela, Bret [corrected to Kissela, Brett]]. Circulation. 2008;117(4):e25-e146. doi:10.1161/CIRCULATIONAHA.107.187998. Return to content
- (5) Briffa, T, Greenhalgh, EM, & Winstanley, MH. 3.1 Smoking and heart disease. In Scollo, MM and Winstanley, MH [editors]. Tobacco in Australia: Facts and issues. Melbourne: Cancer Council Victoria; 2019. Available from http://www.tobaccoinaustralia.org.au/chapter-3-health-effects/3-1-smoking-and-heart-disease [accessed 25 June 2020] Return to content
- (6)Willett WC, Green A, Stampfer MJ, et al. Relative and absolute excess risks of coronary heart disease among women who smoke cigarettes. N Engl J Med. 1987;317(21):1303-1309. doi:10.1056/NEJM198711193172102. Return to content
- (7) Dagfinn Aune1, Sabrina Schlesinger, Teresa Norat et al. Tobacco smoking and the risk of sudden cardiac death: a systematic review and meta-analysis of prospective studies. European Journal of epidemiology 2018 (33): 509-521 Return to content
- (8) Hart CL, Hole DJ, Smith GD. Risk factors and 20-year stroke mortality in men and women in the Renfrew/Paisley study in Scotland. Stroke. 1999;30(10):1999-2007. doi:10.1161/01.str.30.10.1999 Return to content
- (9) Messner B, Bernhard D. Smoking and cardiovascular disease: mechanisms of endothelial dysfunction and early atherogenesis. Arterioscler Thromb Vasc Biol. 2014;34(3):509-515. doi:10.1161/ATVBAHA.113.300156. Return to content
- (10) Carotid Artery Disease. https://www.columbianeurology.org/neurology/staywell/document.php?id=35842. Return to content
- (11) Price JF, Mowbray PI, Lee AJ, Rumley A, Lowe GD, Fowkes FG. Relationship between smoking and cardiovascular risk factors in the development of peripheral arterial disease and coronary artery disease: Edinburgh Artery Study. Eur Heart J. 1999;20(5):344-353. doi:10.1053/euhj.1998.1194. Return to content
- (12) https://www.who.int/tobacco/quitting/benefits/en/. Return to content
поврзани статии:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.