Општо е познато е дека кардиоваскуларните болести се водечка причина за смрт во светот.(4) Ни жените не се поштедени. Затоа е потребно да поведеме поголема грижа за нив. Прочитајте го овој текст и дајте и Вие придонес во рано препознавање на знаците на срцев инфаркт кај жените.
Дали сте знаеле?
- Кардиоваскуларните болести се водечка причина за смрт кај жените во Европа и во светот. Во споредба со мажите, кардиоваскуларните болести кај жените честопати се недијагностицирани и нелекувани.(1)
- Срцевиот инфаркт е одговорен за една третина од смртните случаи кај жените во светот и има полош исход и повисока смртност кај нив.(1)
- Жени на возраст под 65 години умираат два пати повеќе од кардиоваскуларни болести, отколку од карцином на дојка.(1)
Која би била можната причина за повисоката стапка на смрт од срцев инфаркт кај жените?
- Честопати, жените доцна ги препознаваат знаците на срцев инфаркт , бидејќи клиничката слика може да биде различна и да се постави погрешна дијагноза или да се поврзе со симптоми поврзани со стрес.(1)
- Жените многу помалку се изучувани во клинички студии и затоа многу помалку се знае за нив.(1)
- Заради специфичноста на појавата на првите симптоми, неодамнешна студија покажа дека дури 41% од жените чекале подолго од 12 часа пред да повикаат Итна медицинска помош.(1)
- Според една студија од Универзитетот од Оксфорд, покачениот крвен притисок, пушењето цигари (статусот и интензитетот) и дијабетесот дополнително го зголемуваат ризикот за срцев инфаркт кај жените отколку кај мажите.(4)
Дали само повозрасните жени имаат ризик од срцев инфаркт?
Појавата на срцев удар е поретка кај помладите жени во однос на мажите, но инциденцијата се изедначува како што одминува возраста кај нив.(4)
Една студија од САД покажала дека расте стапката на смртност од срцеви заболувања кај жени под 65 годишна возраст. Додека стапката на смртност од карцином покажала опаѓање, смртноста од срцеви заболувања од 2010 година продолжила да расте.(3)
Младите жени сѐ помалку се грижат за своето здравје. Студија покажала дека тие се многу помалку свесни и помалку информирани за факторите на ризик за развој на срцево заболување пред да добијат срцев инфаркт, отколку мажите.(3)
Доколку не се превземат јавни здравствени мерки за намалување на кардиоваскуларните ризик фактори, фокусирајќи се на високоризичните групи, смртноста од срцевите заболувања може да ја надмине смртноста од карцином кај помладите жени.(3)
Што би можеле да направиме?
- Треба сериозно да ја сфатиме појавата на некои симптоми кај жените, кои можат да укажуваат на болест на срцето и/или срцев инфаркт. За разлика од срцевиот удар кај мажите, кој предизвикува силна болка во градите и промена која се забележува на ЕКГ, кај жените срцевиот инфаркт може да има поинакви симптоми. Тромбот не ја блокира артеријата целосно, симптомите се суптилни, наодите од ЕКГ се различни, така што овие жени честопати не се дијагностицираат и се враќаат дома (5)
- Жената има голема улога во грижата за семејството, децата, родителите и сите нејзини членови и честопати дава предност на здравјето на нејзините најмили пред сопственото здравје. Но, жените мора да поведат грижа и за себе, бидејќи голем дел од срцевите болести доколку навреме се откријат, можат да се превенираат.(3)
- Повеќе физичка активност, правилна исхрана, престанок со пушење, како и контрола на крвниот притисок, шеќерот и холестеролот во крвта, како и телесната тежина може да помогнат во превенција на кардиоваскуларните болести.(3)
- Ако се сомневате на појава на некое кардиоваскуларно заболување, консултирајте го вашиот лекар.
- Aко пак, имате некаква кардиоваскуларна болест, тогаш следете ги советите од вашиот лекар, редовно земајте ги препишаните лекови и соодветно сменете го вашиот животен стил.
Референци:
- (1) ) https://www.escardio.org/The-ESC/Advocacy/women-and-cardiovascular-disease (2021.12.01.) (1) ) https://www.escardio.org/The-ESC/Advocacy/women-and-cardiovascular-disease (2021.12.01.) Return to content
- (2) Stramba-Badiale, Women and research on cardiovascular diseases in Europe: a report from the European Heart Health Strategy (EuroHeart) project, European Heart Journal (2010) 31, 1677–1685 Return to content
- (3) https://www.escardio.org/The-ESC/Press-Office/Press-releases/Heart-disease-deaths-rising-in-young-women (2021.12.01.) (3) https://www.escardio.org/The-ESC/Press-Office/Press-releases/Heart-disease-deaths-rising-in-young-women (2021.12.01.) Return to content
- (4) 4. R C Millet E et al, Sex differences in risk factors for myocardial infarction: cohort study of UK Biobank participants, BMJ 2018;363:k4247 | doi: 10.1136/bmj.k4247 Return to content
- (5) Dey S, Flather MD, Devlin G, et al. Sex-related differences in the presentation, treatment and outcomes among patients with acute coronary syndromes: the Global Registry of Acute Coronary Events. Heart. 2009;95(1):20-26. doi:10.1136/hrt.2007.138537. Return to content
PP-ASP-MK-0073-1 18.02.2022
поврзани статии:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.