Дијабетесот е еден од факторите на ризик за развој на инфаркт
Во развиените општества, дијабетесот стана епидемија.1 Дијабетесот тип II, како најчеста форма на болеста, најчесто се појавува на возраст над 35 години како резултат на прекумерна консумација на јаглехидрати. Исто така, многу жени страдаат од гестациски дијабетес , кој се јавува за време на бременост.
Дијабетесот може да предизвика сериозни компликации, вклучувајќи кардиоваскуларни проблеми, како што се миокарден инфаркт , мозочен удар или болести на периферните крвни садови
Што е дијабетес мелитус?
Дијабетес мелитус е метаболичко заболување во кое централно место зазема пореметената рамнотежата во метаболизмот на јаглените хидрати; сепак, болеста негативно влијае и врз метаболизмот на мастите и протеините. Основната причина за дијабетесот е релативниот или апсолутниот недостаток на инсулин или прекин во производството на инсулин од посебни клетки во телото.2 Бидејќи клетките не се во можност да ја апсорбираат гликозата од крвта, таа останува во крвта, и доаѓа до значително покачување на нивото на гликоза во крвта.
Типови дијабетес
Дијабетес мелитус тип I е предизвикан од оштетување на бета клетките на панкреасот. Обично се појавува пред 35-годишна возраст и е придружен со класични симптоми.
Најчестата форма на дијабетес е тип II - дијабетес кој не зависи од инсулин и се појавува заради прекумерно внесување на јаглени хидрати. Потрошувачката на големи количини на лесно апсорбливи јаглени хидрати предизвикува организмот да произведува сè поголеми количини на инсулин, а после неколку години поминати со високи нивоа на инсулин се појавува отпорност на инсулин .
Дијабетесот има и други, посебни форми, од кои најчест е гестацискиот дијабетес, кој се јавува за време на бременоста.2
Типични симптоми
Најтипични симптоми на дијабетес се често мокрење, постојана жед што доведува до зголемен внес на течности, како и слабеење без очигледна причина. Пациентите може да се жалат и на замор, гадење и заматен вид. Предупредувачките знаци може да вклучуваат бавно закрепнување од инфекции или понекогаш грчеви на листовите или отрпнатост на прстите. Симптоми на сериозна состојба се тешка конфузија, губење на свеста или кома.
Пациентот се дијагностицира со дијабетес ако нивото на гликоза на гладно е 7,0 mmol/L и повеќе или нивото на гликоза по оброк е 11,1 mmol/L и повеќе.2
Дијабетесот е еден од факторите на ризик за развој на инфаркт
Лекувањето на дијабетесот вклучува повеќе од редовно земање лекови, било тоа да е инсулин или орален антидијабетичен лек . Правилниот начин на живот, вклучително и правилната исхрана и редовната физичка активност, се од иста важност.3
Советите за исхрана на пациенти со дијабетес имаат за цел да постигнат и да одржуваат оптимална метаболичка состојба и да го одржуваат нивото на гликоза во крвта во нормални граници. Пациентите мора да имаат исхрана прилагодена на нивните индивидуални потреби, што значи соодветен енергетски внес и соодветен состав на храната што треба да ја консумираат секој ден. Се препорачува да се јадат помали, а почести оброци, што помага да се задржи нивото на гликоза и да нема флуктуации. Како општо правило, се препорачува пациентите да јадат зеленчук кој е богат со растителни влакна, како и интегрални житарки.
Комбинацијата на правилна исхрана со редовно вежбање може да помогне пациентот да ја намали телесната тежина, што може значително да го подобри неговото здравје. Исто како и исхраната, обемот, интензитетот и времетраењето на физичката активност треба да бидат прилагодени на индивидуалните потреби на пациентот. Пред да почнете со вежбање, лекарот треба да Ви препорача индивидуализирана програма за вежбање.
Важно е редовно да се проверува нивото на гликоза во крвта, бидејќи тоа може да помогне во спречување на опасни флуктуации на нивото на гликоза во крвта. Превисоките, но и прениските нивоа на гликоза во крвта може да доведат до сериозни кризи. Со редовна проверка на нивото на гликоза во крвта, пациентите активно придонесуваат за подобрување на нивната метаболичка состојба и за ублажување на ризикот од идни компликации.
Превенција од компликации
Една од најтешките компликации на дијабетесот е дегенерација на мрежницата во окото (ретинопатија), што може да доведе до нарушен вид, па дури и до целосно губење на видот.4,5
Друга сериозна компликација ги зафаќа крвните садови во бубрезите (нефропатија), што може да доведе до откажување на бубрезите ако не се лекува или ако се лекува неправилно.4
Оштетување на нервниот систем, поврзано со различни симптоми и знаци, може да доведе до значително влошување на квалитетот на живот. Нервните оштетувања може да предизвикаат губење на чувствителноста, па затоа пациентите понекогаш не ги забележуваат повредите на долните екстремитети. Ова може да доведе до безболни рани на стопалата, а нелекуваните рани може да бидат жариште на разни инфекции, вклучително и габични инфекции. Многу пациенти не се свесни дека оваа состојба, медицински наречена дијабетичко стопало, е сериозна закана за здравјето; и доколку не се води соодветна грижа за стопалата, може да дојде до гангрена на екстремитетот, па дури и до нивна ампутација.4,5
Друга компликација што вреди да се спомене е еректилната дисфункција кај мажите, која, спротивно на популарното верување, не е природен дел од процесот на стареење, туку е предупредувачки знак дека можеби има некој проблем со циркулацијата.4
Покрај тоа, пациентите со дијабетес мора да бидат свесни дека имаат поголем ризик за сериозни кардиоваскуларни заболувања, како што се миокарден инфаркт , мозочен удар или периферна артериска болест. Луѓето со дијабетес тип II имаат кардиоваскуларен ризик еднаков на ризикот кај постинфарктните пациенти кои немаат дијабетес. Поради оваа причина, медицинската грижа не е ограничена само на проверка и нормализирање на нивото на гликоза во крвта, туку вклучува и детални кардиолошки прегледи. Доколку при овие прегледи се утврди дека дијабетесот е придружен со хипертензија или нарушувања на липидниот метаболизам , лекарот ги лекува и овие коморбидитети за да спречи сериозни компликации. И покрај тоа, околу две третини од пациентите со дијабетес умираат од циркулаторни заболувања. Водечка причина за смрт е инфаркт на миокардот, а на второ место се цереброваскуларните заболувања во кои спаѓа мозочниот удар.5
Редовното земање лекови може да помогне во спречување на кардиоваскуларни заболувања. Аспирин® Протект 100 е лек кој содржи ацетилсалицилна киселина. Земање 1 таблета на ден го инхибира абнормалното слепување на тромбоцитите, со што се спречува формирање на крвни тромби кои ги стеснуваат или блокираат крвните садови и на тој начин се намалува ризикот од инфаркт.6
Бидејќи дијабетесот го зголемува ризикот од инфаркт, кога се присутни и други кардиоваскуларни фактори на ризик можеби ќе треба да земате и Аспирин® Протект 100 по консултација со Вашиот лекар.
Не занемарувајте го овој проблем. Не чекајте да дојде до оштетување на организмот, па потоа да реагирате.
Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот односно медицинското помагало консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт
Референци:
- (1) Pouya Saeedi a,*, Inga Petersohn a, Paraskevi Salpea et al. Global and regional diabetes prevalence estimates for 2019 and projections for 2030 and 2045: Results from the International Diabetes Federation Diabetes Atlas, 9th edition. Diabetes Res Clin Pract 2019 Nov;157:107843 Return to content
- (2) American Diabetes Association. 2. Classification and Diagnosis of Diabetes: Standards of Medical Care in Diabetes-2020. Diabetes Care. 2020;43(Suppl 1):S14-S31. doi:10.2337/dc20-S002. Return to content
- (3) American Diabetes Association. 3. Prevention or Delay of Type 2 Diabetes: Standards of Medical Care in Diabetes-2020. Diabetes Care. 2020;43(Suppl 1):S14-S31. doi:10.2337/dc20-S002. Return to content
- (4) American Diabetes Association. 11. Microvascular complications and foot care. Diabetes:: Standards of Medical Care in Diabetes-2020. Diabetes Care. 2020;43(Suppl 1):S14-S31. Return to content
- (5) Leon BM, Maddox TM. Diabetes and cardiovascular disease: Epidemiology, biological mechanisms, treatment recommendations and future research. World J Diabetes. 2015;6(13):1246-1258. doi:10.4239/wjd.v6.i13.1246. Return to content
- (6) Аспирин® Протект 100 mg, гастрорезистентни таблети; Внатрешно упатство за лекот, август 2020. Return to content
поврзани статии:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.