The possible consequences of untreated high blood pressure

Можни последици од нелекуван висок крвен притисок

Хипертензијата е епидемија. Сериозните кардиоваскуларни заболувања кои настануваат како резултат на  високиот крвен притисок се чести.1 Се проценува дека бројот на лица кои имаат хипертензија ќе се зголеми за 15-20% до 2025 година, и ќе достигне бројка од приближно 1.5 билиони луѓе во светот.2 Високиот крвен притисок честопати се нарекува „тивок убиец“, бидејќи повеќето пациенти немаат никакви симптоми.3 

Бидејќи хипертензијата првично не предизвикува никакви проблеми, повеќето луѓе не се свесни дека треба да одат на лекар. Меѓутоа, нелекуваната хипертензија може да доведе до сериозни компликации. Рано откривање и третман на хипертензијата е клучно како за квалитетот на живот на пациентите така и за потенцијалните исходи од болеста.2,3

Што е хипертензија или висок крвен притисок?

Можни последици од висок крвен притисок

Нашиот крвен притисок варира од минута во минута, се менува во текот на денот и може да биде под влијание на одредени надворешни околности. Хипертензијата се дијагностицира кога измерениот систолен крвен притисок при мирување е ≥ 140 mmHg, а дијастолниот е ≥ 90 mmHg.2 За поставување на дијагноза за хипертензија, потребни се повеќе мерења затоа што крвниот притисок може да покаже значителна спонтана флуктуација.

Погрешно е верувањето дека горната граница на нормалниот опсег на крвниот притисок е додавање на 100 mmHg на бројот на години. Горната граница кај возрасните, без оглед на возраста, секогаш е 140/90 mmHg 2, но кога мерењето се прави дома, резултатот од 135/85 mmHg веќе се смета за висок крвен притисок 2. Колку е понизок крвниот притисок, толку е помал ризикот од кардиоваскуларни компликации во иднина. Заради тоа, медицината се стреми не само да го намали крвниот притисок, туку да се намали и севкупниот кардиоваскуларен ризик.

Вашиот лекар го зема предвид сето ова кога ја одредува целна вредност на Вашиот крвен притисок. Тој знае дека луѓето кои имаат друг фактор на ризик - на пример, дијабетес, срцеви заболувања или бубрежни заболувања - треба да постигнат уште пониско ниво на крвен притисок.2 При прегледот на пациентот, лекарот прави евалуација дали веќе настанало кардиоваскуларно оштетување и проценува дали постои некоја скриена абнормалност, како што се состојби кои влијаат на тироидната жлезда или бубрезите, што може да биде причина за хипертензија.

Важноста за редовна проверка на крвниот притисок дома

Мерењата на крвниот притисок треба да се прават со употреба на сертифициран уред, во согласност со соодветни упатства и во соодветни околности. Честопати, крвниот притисок измерен во ординацијата на лекарот e висок иако крвниот притисок на лицето е сосема нормален надвор од ординацијата. Ова се нарекува синдром на бел мантил. Затоа, за да разјасните дали крвниот притисок се зголемува само кога сте на лекар или е висок и надвор од ординацијата на лекарот, потребно е крвниот притисок да се измери и во домашни услови.2

Правила за мерење на крвен притисок дома 4:

  1. Притисокот секогаш мерете го во исто време на денот (во истиот час од денот).
  2. Пред да го измерите притисокот, седнете и мирувајте две или три минути.
  3. Проверете ја точноста на Вашиот апарат за мерење притисок. Пред прва употреба на апаратот, консултирајте го Вашиот лекар за прецизноста на домашниот апарат за притисок во споредба со оној кој лекарот го користи во ординацијата. Исто така, покажете му на лекарот како го користите апаратот, за да се увери во неговата правилна примена. Ако ви падне апаратот или го оштетите, проверете го пред повторна употреба.
  4. Пред да го измерите притисокот, прочитајте го упатството за употреба на уредот.
  5. Мерете го Вашиот крвен притисок два пати на ден. Првото мерење треба да го направите наутро пред јадење или пред да земете лекови, а второто мерење да биде навечер. 
  6. Избегнувајте храна, кофеин, тутун и алкохол барем 30 минути пред да го мерите крвниот притисок. 
  7. Седенете во мир пред и за време на мерењето. Кога сте спремни за мерење, поседете пет минути во удобна положба без вкрстување на нозете и зглобовите, а Вашиот грб треба да биде потпрен на наслонувач од столица. 
  8. Внесете ги резултатите во Вашиот дневник за крвен притисок.
  9. Поставете ја Вашата рака во соодветна положба. Секогаш користете иста рака при мерење на крвниот притисок. Одморете ја раката, подигнете ја до ниво на Вашето срце, на маса или на наслонувач од столица или фотеља. Можеби ќе треба да користите перница или потпирач под раката за да ја подигнете доволно високо. 
  10. Ставете ја манжетната на гола кожа, не преку облека. Завртување на ракавите над местото на манжетната може да ја затегне раката и тоа може да доведе до непрецизен резултат од мерењето, па можеби ќе треба да ја извадите раката од ракавот.
  11.  Направете повторно мерење на притисокот. Почекајте една до три минути по последното мерење и потоа измерете повторно за да ја проверите точноста на резултатот. Ако Вашиот апарат за притисок не ги запишува автоматски резултатите од мерењата на крвниот притисок или пулсот, во тој случај запишувајте ги резултатите во дневник. 
    Вредностите при мерењето на крвниот притисок на двете раце може да бидат различни, но разликата не треба да надминува 10 до 15 mmHg. Мерењата направени во различни периоди од денот може да даваат значително различни вредности.4

Што можеме да направиме како превенција?

Можни последици од висок крвен притисок

Нездравиот начин на живот има големо влијание на појавата на хипертензија. Можеби не сте размислувале на таа тема, но може многу да придонесете кон успешна терапија со лекови што ви ги препишал лекарот со тоа што ќе ги исфрлите или замените лошите навики. Обидете се да се фокусирате на водење здрав живот: внимавајте на вашата исхрана и на редовната физичка активност, оставете ги цигарите и избегнувајте стрес. Користете ја табелата за проценка на ризикот со БОДУВАЊЕ (SCORE) за лесно да откриете дали можете да заболите од сериозна кардиоваскуларна болест во следните 10 години.2

Намалување на внесот на сол може да го намали Вашиот крвен притисок од 5.4 до 2.8 mmHg за систолен и дијастолен крвен притисок соодветно.2 Исхраната богата со растителни влакна, овошје, зеленчук, житарки и риби и избегнувањето на високо калорична храна, храна со помалку масти и јаглени хидрати со висок гликемиски индекс може да ви помогнат во губењето на вишокот килограми.2

Редовната физичка активност може дополнително да го намали вашиот крвен притисок од 4 до 10 mmHg. За пациентите со хипертензија се препорачуваат вежби со среден интензитет, секојдневни динамички вежби, како што се пешачење, џогирање, пливање или возење велосипед во траење од најмалку 30 минути, 5-7 дена во неделата.2 Треба да имате предвид дека статичките спортови за кои е потребен поголем напор - како што се кревање на тегови или боди-билдинг - го зголемуваат крвниот притисок. Пред да почнете со каква било програма за вежбање, се препорачува да се консултирате со Вашиот лекар, кој ќе ви даде персонализирани совети прилагодени на вашиот капацитет за физички напор.

Хипертензијата не се манифестира со симптоми што секојдневно би нè предупредувале за да внимаваме на неа. Сепак, инфарктот предизвикан од хипертензија е премногу сериозна болест за да чекаме да настане, па тогаш да дејствуваме. Здравата исхрана и поактивниот начин на живот кој вклучува вежби се несомнено важен чекор.2

Аспирин® Протект 100 е лек кој содржи ацетилсалицилна киселина. Земање на 1 таблета на ден, го инхибира абнормалното слепување на тромбоцитите, со што се спречува формирање на крвни тромби кои ги стеснуваат или блокираат крвните садови и на тој начин се намалува ризикот од инфаркт . Се препорачува да се употребува за намалување на ризикот за прв акутен инфаркт на срцето кај луѓе со кардиоваскуларни ризик фактори (како на пр. шеќерна болест, хиперлипидемија , хипертензија, дебелина, пушење, старост) како и за секундарна превенција на кардиоваскуларни настани кај пациенти со докажано кардиоваскуларно заболување.5 

Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот односно медицинското помагало консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт 

Референци:

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.