Како спиењето позитивно влијае на здравјето на вашето срце

Како спиењето позитивно влијае на здравјето на вашето срце

Важноста на добриот сон

Спиењето честопати е потценето и се смета за губење време. Сепак, овие „пасивни часови“ не се залудно потрошени, со други зборови, нема живот без спиење.

Како доволното спиење позитивно влијае на здравјето на вашето срце

Што се случува кога спиете?

Кога спиете, се намалуваат отчукувањата на срцето, дишењето и телесната температура. И крвниот притисок се намалува, што обезбедува голем број придобивки за вашето срце. Само помислете со колку тешкотии се соочува срцето во текот на денот! Потребно е да се одмори. Иако варењето не запира за време на спиењето, метаболичките процеси се забавуваат. И на гастроинтестиналниот систем му треба малку одмор. И голем дел од природното обновување на кожата се одвива во текот на ноќта, кога кожата ја неутрализира штетата од слободните радикали кои се произведени во текот на денот.

Иако посложените функции на мозокот како што се мислењето и емоциите функционираат поинаку при спиење, сепак кората на мозокот, која е одговорна за нив, не е во целосно мирување. Всушност, спиењето во голема мера помага да се консолидираат меморијата и учењето, да се запаметат сеќавањата и информациите.

Спиењето е наједноставниот и најприроден процес за одмор, детоксикација, обновување и зачувување на убавината.

Најмалку седум часа

Кога спиете, минувате низ неколку фази, наизменично се префрлате помеѓу длабок и лесен сон, а и двете фази се неопходни за освежувачки сон. Циклусите на спиење следат според однапред одредена шема. Тоа значи дека спиење во кратки периоди во тек на ноќта не е доволно. На возрасно лице му треба најмалку 7 часа постојан сон за телото да се обнови и за спиењето да ги изврши своите физиолошки функции.1

Телото ќе ви се заблагодари

Понекогаш заглавувате во рутината и тешко е да излезете од неа. Премногу стрес во текот на денот може да ве спречи да се наспиете доволно, што доведува до уште поголем стрес и помалку спиење. Необработената и неотстранета напнатост се заробува внатре во организмот и може да се манифестира како болест, што резултира со повеќекратно зголемување на ризикот од срцев удар, мозочен удар и други срцеви заболувања. Според една студија, оние што се изложени на секојдневен стрес имаат 34% поголема веројатност да развијат некаква форма на коронарна срцева болест. Хроничното нарушување на спиењето е неможност да се ослободите од стресот дури и за време на спиењето. Не можете да се одморите дури и кога спиете, што ве прави исцрпени и летаргични. Кратко или подолго спиење, доцен хроно тип, несоница, грчење или претерано дневно спиење е поврзано со 10-40% повисок ризик од кардиоваскуларни болести.2

Не си го скратувајте сонот што ви треба. Секој заслужува да се наспие непречено и да се одмори. Вашето срце и тело ќе ви се заблагодарат за часовите поминати во релаксација и регенерација. Не чекајте да се појави проблем, па тогаш да ги поправате лошите навики.

Време е да ги подобриме работите

  • Почнете со активна релаксација и лесни вежби во вашиот секојдневен живот и како резултат на тоа ќе уживате во добар ноќен сон.
  • При зголемен стрес, можеби ќе биде потребно лекување на нарушениот сон по спроведен лекарски преглед или совет.
  • Ако тешкотиите што ги чувствувате не поминуваат, побарајте лекарска помош.
     

Референци:

  • (1) Watson NF, Badr MS, Belenky G, et al. Recommended Amount of Sleep for a Healthy Adult: A Joint Consensus Statement of the American Academy of Sleep Medicine and Sleep Research Society. Sleep. 2015;38(6):843-844. Published 2015 Jun 1. doi:10.5665/sleep.4716. Return to content
  • (2) Fan M, Sun D, Zhou T, et al. Sleep patterns, genetic susceptibility, and incident cardiovascular disease: a prospective study of 385 292 UK biobank participants. Eur Heart J. 2020;41(11):1182-1189. doi:10.1093/eurheartj/ehz849. Return to content

поврзани статии:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.