Кога стресот е привремен, тогаш вообичаено добро реагираме. Но, ако постои реална ситуација/состојба која предизвикува хроничен стрес, тогаш можно е да се појават и здравствени проблеми. Хроничниот стрес станува сѐ поприсутен во реалниот свет во кој живееме. Големи професионални стресови можат да бидат причина за појава на покачен крвен притисок, коронарна срцева болест и смрт од кардиоваскуларни причини (2,5).
Секој вид на стрес не делува лошо по здравјето. Клучно е управувањето со стресот на соодветен начин.
Прочитајте го овој текст и дознајте повеќе како да управувате со стресот.
Добар и лош стрес
Иако зборот „стрес” се асоцира со негативно значење, сепак мошне важно е да се знае дека од еволутивна гледна точка, стресот е значаен. Неговата оригиналната цел е да предизвика соодветен одговор заради преживување во услови на борба или бегство од било какви причини: на пр. откривање на закана и физиолошки одговор како резултат на преживеаниот стрес преку активирање на мускулите доколку биде потребна борба или бегство од одредена ситуација.
Краткотрајниот стрес во времетраење од неколку минути до неколку часа ги подготвува кардиоваскуларниот, муксулоскелетниот и невроендокринолошкиот систем за борба-или-бегство. Вакви ситуации на борба-или-бегство можат да бидат предизвикани од некој фактор на стрес, на пр. предатор во античките времиња или хируршка процедура во денешно време. Вообичаено овој вид краткорочен стрес (на пр. нагласен имунолошки одговор заради зараснување на рана) има заштитна функција , но долгорочниот стрес пак, кој трае повеќе недели или месеци, обично е штетен 1. Долгорочниот стрес може да предизвика различни физички или ментални нарушувања, меѓу кои спаѓаат и кардиоваскуларните заболувања (1,2).
Хроничниот стрес е фактор на ризик за:
- хипертензија и кардиоваскуларни болести,
- дијабетес,
- нарушувања на сонот,
- промени во расположението, анксиозност, депресија,
- дигестивни нарушувања,
- болести на горнореспиратоните патишта,
- супресија на имунолошкиот систем,
- некои видови карциноми (1,2).
Психосоцијалниот стрес може да биде главен извор на хроничен стрес
Психосоцијалниот стрес вклучува:
- голем животен стрес (на пр. професионален стрес како што е губење на работа, развод или други слични фактори, смрт на некој близок)
- социоекономски фактори (на пр. ниски приходи, криминал)
- психијатриски состојби (на пр. депресија, анксиозност) (2).
Дали сте знаеле?
Хроничниот стрес станува сѐ поприсутен во реалниот свет во кој живееме. Околу една-третина од луѓето ширум светот пријавуваат дека се изложени на сѐ поголем стрес (2,3). Околу 2 од 3 вработени велат дека работата е значителен извор на стрес заради долгите работни часови, физичкиот напор, големите побарувања и несигурноста на работното место (4).
Стресот и кардиоваскуларните болести
- хроничниот стрес е цврсто поврзан со кардиоваскуларните болести (1,2).
- псхосоцијалните фактори носат ризик за појава на срцев инфаркт слично како и „традиционалните” фактори на ризик за срцев инфаркт како што е пушењето цигари и консумацијата на алкохол (2).
- оптеретувањето на работното место или професионалниот стрес се исто така поврзани со развој на покачен крвен притисок, коронарна срцева болест и смрт заради кардиоваскуларна причина (2,5).
- хроничниот стрес било на работното место или во приватниот живот е поврзан со 40-50 % зголемување на честотата за развој на коронарна срцева болест (5).
Можеби се прашувате како се поврзани хроничниот стрес и кардиоваскуларните болести.
Два механизми се одговорни за штетните ефекти на хроничниот стрес
1. Мозокот и кората на надбубрежните жлезди се тесно поврзани. Како одговор на преживеан стрес, од кората на надбубрежните жезди се ослободува кортизол кој оди во крвната циркулација. Ова оптеретување со кортизол може да доведе, меѓу друго и до развој на атеросклеротични плаки и покачен крвен притисок (2).
2. Како резултат на хроничен стрес, преовладува ефектот на адреналинот. Адреналинот предизвикува забрзано дишење и забрзан срцев ритам/ пулс , како и покачување на крвниот притисок. Овие нарушувања може да доведат до зголемен ризик за појава на аритмии, слепување на тромбоцитите, акутен коронарен синдром и срцева слабост (2,6).
Како можете да управувате со стресот?
Соодветното управување со стресот е од особено значење во намалување на ризикот по здравјето поврзано со “нетретираниот” долгорочен стрес (3-6).
Постојат неколку начини како да се справите со стресот (6):
Обидете се со позитивна автосугестија: на пример наместо да си кажете “Не можам ова да го сторам” речете си “Ќе дадам сѐ од себе”.
Одвојте 15-20 минути на ден за да се опуштите, да дишете длабоко и да размислувате на нешто што Ве смирува.
Не заборавете на физичката активност, одење, пливање, возење велосипед или јога може да ви помогне да се чувствувате многу подобро.
Обидете се да направите барем едно нешто во кое уживате (на пример читање, одгледување цвеќе, креативна активност, цртање) секој ден, дури и ако тоа го правите само 15 минути.
Спијте доволно 7-8 часа сон на ден е идеално (4).
Слика 1.
Аналогија на кофа со стрес од Фрнаклин и соработниците: кофата го претставува нивото на толеранција на стрес на секој поединец. Големината на кофата зависи од физиологијата, самата личност и неговите животни искуства. Нивото на вода во кофата претставува збир од сите стресови во животот на личноста во тоа време. Ако кофата се прелие, тогаш можно е да се појават здравствени проблеми, во кои спаѓаат и кардиоваскуларните болести. За да остане водата во кофата и да не се прелие од неа, лицето мора да користи стратегии за да се справи со тоа прелевање. Стратегиите за управување со нивото на водата во кофата се слични на чешми кои би овозможиле да истекува вишокот вода од кофата. Луѓето кога се под стрес се случува или да јадат многу или пушат повеќе од вообичаено или консумираат поголеми количества алкохол. Овие несоодветни чешми овозможуваат само привремено олеснување/празнење, но на крајот носат поголеми количества вода во кофата. (2,6).
PP-M_ASA_C-MK-0008-1 15.02.2023
Користена литература:
- (1) Dhabbar FS. Effects of stress on immune function: the good, the bad, and the beautiful. Immunol Res. 2014; 58:193-210. Return to content
- (2) Franklin BA, Rusia A, Haskin-Popp C et al. Chronic stress, exercise and cardiovascular disease: Placing the benefits and risks of physical activity into perspective. Int J Environ Res Public Health 2021; 18:9922. (2) Franklin BA, Rusia A, Haskin-Popp C et al. Chronic stress, exercise and cardiovascular disease: Placing the benefits and risks of physical activity into perspective. Int J Environ Res Public Health 2021; 18:9922. Return to content
- (3) Kulkarni S, O’Farrell I, Erasi M et al. Stress and hypertension. 1998; 97:34-38. Return to content
- (4) Chronic stress can cause heart trouble. https://www.heart.org/en/news/2020/02/04/chronic-stress-can-cause-heart-trouble Return to content
- (5) Steptoe A, Kivimäki M. Stress and cardiovascular disease. Nature Rev Cardiol. 2012; 9:360-370. Return to content
- (6) American Heart Association. How can I manage stress? Answers by Heart. 2015. Return to content
поврзани статии:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.