Најчесто наведувани фактори на ризик за срцеви заболувања се честото и долго седење, лошата исхрана и пушењето.
Ретко се спомнува фактот дека одредени работни места исто така може да го зголемат ризикот од инфаркт и мозочен удар .1 Кај некои работни места, особено е важно да се балансираат негативните ефекти.
1 Канцелариски занимања
Предолгото седење пред Вашето биро може со тек на време да ја намали чувствителноста на организмот кон инсулин и да го намали нивото на ензими што ги разложуваат мастите. Канцелариските работници и менаџерите се многу поизложени на ризик од постепена гојазност , што може да доведе до проблеми со срцето.2
Решение: повеќе физичка активност. Одвреме навреме треба да станете од вашето работно место и да прошетате, тоа е добро и за размислување.
2 Работење со итни случаи
Работните места на кои има релативно мирни периоди проследени со ненадејни стресни ситуации, исто така, може да влијаат врз срцевата функција на луѓето што ги работат тие работи. Пожарникарите, болничарите, полицајците, болничкиот медицински персонал, сите тие имаат почести проблеми со срцето.1,3 Доколку не сте во состојба да најдете помалку стресна работа, треба да се обидете да ги балансирате штетните ефекти на стресот со здрава исхрана и редовно вежбање, што помага и да се намали крвниот притисок.
3 Работење во смени
Работењето во повеќе смени или честото прекувремено работење може постојано да му штети на Вашиот биоритам. Честите промени во периодите на спиење/будење, недоволното спиење и замор може да го нарушат нивото на шеќер во крвта, крвниот притисок, нивото на инсулин и да предизвикаат проблеми со срцето.4
4 Работење во загадени средини
Изложеноста на разни штетни хемиски супстанци, како што се чад и гасови, го напрега срцето.1 Јаглеродниот моноксид е гас без мирис и боја, може да се акумулира во тунели на пример, многу е токсичен и може да доведе до инфаркт и мозочен удар кога се вдишува во поголеми количини.3
5 Угостителски занимања
Од неодамна, пушачите веќе не смеат да пушат во барови, клубови, ресторани, итн. Иако правилата им отежнуваат на пушачите, тие ги штитат келнерите од штетните ефекти на пасивното пушење.4
6 Возачи
Можеби изненадува овој факт, но и возачите на автобуси и камиони имаат повисока стапка на кардиоваскуларни проблеми.1,3 Ова може да се објасни со седечката работа, постојан стрес во сообраќајот, високи нивоа на масти во крвта (холестерол и триглицериди) и прекумерната телесна тежина предизвикана од неправилни и нездрави навики во исхраната. Се разбира и возачите може да ги намалат ризиците што произлегуваат од нивните работни места со повеќе вежбање и здрава исхрана.
7 Работници на производни ленти
Луѓето кои работат на производни ленти во фабрики треба да одржуваат високо ниво на концентрација долг временски период, без да прават многу паузи. Високи квоти за производство заедно со честото преоптоварување и постојаната монотонија, предизвикуваат стрес.
8 Немање работа
Како што може да видите, постојат повеќе видови на работни места кои со себе носат кардиоваскуларни ризици.4 Сепак, тоа не значи дека луѓето без работа или кои бараат работа се во совршена позиција. Постарите работници кои имаат потешкотии да најдат ново работно место откако останале без работа, дефинитивно се изложени на ризик. Тие имаат поголем ризик од појава на висок крвен притисок или дијабетес од нивните врсници кои ги задржале своите работни места.5 Затоа, невработеноста не е само психички и финасиски стрес, туку може да влијае и на Вашето здравје.
Референци:
- (1) Tüchsen F, Bach E, Marmot M. Occupation and hospitalization with ischaemic heart diseases: a new nationwide surveillance system based on hospital admissions. Int J Epidemiol. 1992;21(3):450-459. doi:10.1093/ije/21.3.450. Return to content
- (2) Tigbe WW, Granat MH, Sattar N, Lean MEJ. Time spent in sedentary posture is associated with waist circumference and cardiovascular risk. Int J Obes (Lond). 2017;41(5):689-696. doi:10.1038/ijo.2017.30. Return to content
- (3) Tüchsen F, Andersen O, Costa G, Filakti H, Marmot MG. Occupation and ischemic heart disease in the European Community: a comparative study of occupations at potential high risk. Am J Ind Med. 1996;30(4):407-414. doi:10.1002/(SICI)1097-0274(199610)30:4<407::AID-AJIM5>3.0.CO;2-S. Return to content
- (4) Tüchsen F. Working hours and ischaemic heart disease in Danish men: a 4-year cohort study of hospitalization. Int J Epidemiol. 1993;22(2):215-221. doi:10.1093/ije/22.2.215. Return to content
- (5) Gallo WT, Teng HM, Falba TA, Kasl SV, Krumholz HM, Bradley EH. The impact of late career job loss on myocardial infarction and stroke: a 10 year follow up using the health and retirement survey. Occup Environ Med. 2006;63(10):683-687. doi:10.1136/oem.2006.026823. Return to content
поврзани статии:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.