Важно е да ги знаете фактите, бидејќи има многу погрешни верувања за превенцијата на инфаркт со лекови. Дали аспиринот треба да го пијат само оние со претходен инфаркт на миокардот или мозочен удар ?
Веќе пијам многу лекови, дали е добро да престанам да пијам аспирин? Дали е ова точно? Никако. На пример, ова се две погрешни верувања. Ајде да ги погледнеме фактите.
ПОГРЕШНО ВЕРУВАЊЕ: Аспирин треба да го пијат само оние со претходен миокарден инфаркт или мозочен удар.
Точно е дека после миокарден инфаркт или мозочен удар од не-кардиоемболично потекло, треба да се прима терапија со ниска доза на аспирин за да се спречи нивно повторување.1-7
Мета анализата на 6 студии за примарна превенција на сериозни васкуларни настани открила дека употребата на аспирин го намалува ризикот од прв не-фатaлен срцев инфаркт за 20%3. Исто така важно е да се истакне дека СЗО препорачува аспирин за примарна превенција на лица со висок ризик (лица чиј 10-годишен ризик за развој на кардиоваскуларен настан > 30%)8.,Американското кардиолошко здружение исто така препорачува употреба на аспирин за примарна превенција на атеросклеротична кардиоваскуларна болест кај одредени возрасни лица од 40-70 годишна возраст.18.
Затоа, искористете ја можноста да разговарате со вашиот доктор за тоа дали терапијата со ниски дози аспирин е соодветна за превенција на кардиовасуларни болести кај вас.
ПОГРЕШНО ВЕРУВАЊЕ: Секојдневно пијам аспирин со мала доза, така што нема да умрам ако имам инфаркт на миокардот.
Ова не е точно. Дури и да пиете аспирин, ако мислите дека имате миокарден инфаркт, веднаш повикајте го вашиот лекар или итната медицинска помош. Треба да се изџвакаат две до три таблети аспирин додека се чека да пристигне итната помош.1,9
ПОГРЕШНО ВЕРУВАЊЕ: Терапијата со аспирин е добра само за мажите.
Ова не е точно. Се покажа дека аспиринот има бројни важни придобивки и кај мажите и кај жените. Во студиите кои вклучиле и мажи и жени, аспиринот го намалил ризикот од прв миокарден инфаркт за 23%, а ризикот од повторна појава на миокарден инфаркт за 31%, што е значителен процент и во двата случаја.3
Една клучна студија на 40.000 испитаници во која биле вклучени само жени, покажала дека аспиринот во ниска доза го намалила ризикот од сите сериозни кардиоваскуларни настани, вклучително и миокарден инфаркт и исхемичен мозочен удар, кај жените на 45 годишна возраст или постари.10 Во истата студија, мала доза на аспирин го намалила ризикот од прв мозочен удар за 17%, како резултат на 24% намалување на ризикот од исхемичен мозочен удар, кај навидум здрави жени на 45 години или постари.10
ПОГРЕШНО ВЕРУВАЊЕ: Долготрајната, терапија со ниски дози аспирин не е безбедна.
Ова не е точно. Кардиоваскуларната превенција е испитана кај над 200.000 пациенти во над 200 клинички испитувања, анализирајќи ја ефикасноста и безбедноста на аспиринот.11
Сериозните несакани дејства се ретки.
Потенцијалните животоспасувачки придобивки од долгорочната терапија со ниски дози аспирин за превенција на миокарден инфаркт, претходен миокарден инфаркт, мозочен удар или транзиторна исхемична атака се докажани кај 200.000 пациенти во над 200 клинички студии.11
ПОГРЕШНО ВЕРУВАЊЕ: Веќе пијам многу лекови, може да престанам да пијам аспирин.
Ова не е точно. Со пиењето аспирин, како што е пропишано од вашиот лекар, добивате уникатна кардиоваскуларна корист што би ја изгубиле доколку престанете да го пиете. Важно е да се знае дека ако сте започнале со пиење аспирин, наглото прекинување ги зголемува ризиците, особено ако веќе сте имале миокарден инфаркт , мозочен удар или друг кардиоваскуларен настан.12,13,15
ПОГРЕШНО ВЕРУВАЊЕ: Пијам статин (за да го намалам нивото на холестерол), не ми треба аспирин.
Не е баш така. Аспиринот и статините имаат различен механизам на дејство во намалување на ризикот од кардиоваскуларни настани што се развиваат во вашето тело. Студиите покажале дека комбинираната употреба на аспирин и статини кај одредени пациенти може да спречи повеќе повторни миокардни инфаркти и исхемични мозочни удари отколку пиење само на еден од двата лека.14
ПОГРЕШНО ВЕРУВАЊЕ: Треба ли секој да пие аспирин за да спречи миокарден инфаркт и мозочен удар?
Не. Како и секој друг лек, и аспиринот не е соодветен за секого. Аспиринот не се препорачува за здрави лица со низок кардиоваскуларен ризик. Како и кај секој друг лек, лекарот е тој што треба да одлучи дали придобивките од третманот ги надминуваат потенцијалните ризици. Меѓутоа, ако имате високо ниво на холестерол, ако имате срцеви заболувања во семејната историја или ако имате други значајни кардиоваскуларни фактори на ризик, треба да преземете чекори за да ги намалите ризиците.16
Вашето здравје е непроценливо, не чекајте да се појават проблеми, па дури тогаш да делувате!
Референци:
- (1) Ibanez B, James S, Agewall S, et al. 2017 ESC Guidelines for the management of acute myocardial infarction in patients presenting with ST-segment elevation: The Task Force for the management of acute myocardial infarction in patients presenting with ST-segment elevation of the European Society of Cardiology (ESC). Eur Heart J. 2018;39(2):119‐177. doi:10.1093/eurheartj/ehx393; page 149–150. Return to content
- (2) Smith SC Jr, Benjamin EJ, Bonow RO, et al. AHA/ACCF Secondary Prevention and Risk Reduction Therapy for Patients with Coronary and other Atherosclerotic Vascular Disease: 2011 update: a guideline from the American Heart Association and American College of Cardiology Foundation [published correction appears in Circulation. 2015 Apr 14;131(15):e408]. Circulation. 2011;124(22):2458‐2473; doi:10.1161/CIR.0b013e318235eb4d; page 2434, 2438; Table 1. Return to content
- (3) Antithrombotic Trialists’ (ATT) Collaboration. Aspirin in the primary and secondary prevention of vascular disease: collaborative metaanalysis of individual participant data from randomised clinical trials. The Lancet 2009; 373:1849-1860. Return to content
- (4) National Institute for Health and Care Excellence. Myocardial infarction: cardiac rehabilitation and prevention of further cardiovascular disease. Clinical Guideline. Available at: https://www.nice.org.uk/guidance/cg172 [accessed 8 June 2020]. Return to content
- (5) Knuuti J, Wijns W, Saraste A, et al. 2019 ESC Guidelines for the diagnosis and management of chronic coronary syndromes. Eur Heart J. 2020;41(3):407-477. doi:10.1093/eurheartj/ehz425. pages 429–430; 435; 438. Return to content
- (6) O'Donnell MJ, Hankey GJ, Eikelboom JW. Antiplatelet therapy for secondary prevention of noncardioembolic ischemic stroke: a critical review [published correction appears in Stroke. 2008 Sep;39(9): e147]. Stroke. 2008;39(5):1638-1646. doi:10.1161/STROKEAHA.107.497271. Return to content
- (7) Diener HC, Hankey GJ. Primary and Secondary Prevention of Ischemic Stroke and Cerebral Hemorrhage: JACC Focus Seminar. J Am Coll Cardiol. 2020;75(15):1804-1818. doi:10.1016/j.jacc.2019.12.072. Return to content
- (8) World Health Organization. Prevention of Cardiovascular Disease – Guidelines for assessment and management of cardiovascular risk. Available at: https://www.who.int/cardiovascular_diseases/guidelines/Full%20text.pdf [accessed 9 June 2020 ]. Return to content
- (9) Аспирин® Протект 100, Внатрешно упатство, април 2018 Return to content
- (10) Ridker PM, Cook NR, Lee IM, et al. A randomized trial of low-dose acetylsalicylic acid in the primary prevention of cardiovascular disease in women. N Engl J Med. 2005:352:1293-1304. Return to content
- (11) Santilli F, Simeone P. Aspirin in primary prevention: the triumph of clinical judgement over complex equations. Intern Emerg Med. 2019;14(8):1217-1231. doi:10.1007/s11739-019-02191-4. Return to content
- (12) Ferrari E, Benhamou M, Cerboni P, Marcel B. Coronary syndromes following aspirin withdrawal: a special risk for late stent thrombosis. J Am Coll Cardiol. 2005;45(3):456‐459. doi:10.1016/j.jacc.2004.11.041. Return to content
- (13) García Rodríguez LA, Cea Soriano L, Hill C, Johansson S. Increased risk of stroke after discontinuation of acetylsalicylic acid: a UK primary care study. Neurology. 2011;76(8):740‐746. doi:10.1212/WNL.0b013e31820d62b5. Return to content
- (14) Hennekens CH, Sacks FM, Tonkin A, et al. Additive benefits of pravastatin and aspirin to decrease risks of cardiovascular disease: randomized and observational comparisons of secondary prevention trials and their meta-analyses. Arch Intern Med. 2004;164(1):40‐44. doi:10.1001/archinte.164.1.40. Return to content
- (15) Sundström J, Hedberg J, Thuresson M, Aarskog P, Johannesen KM, Oldgren J. Low-Dose Aspirin Discontinuation and Risk of Cardiovascular Events: A Swedish Nationwide, Population-Based Cohort Study. Circulation. 2017;136(13):1183‐1192. doi:10.1161/CIRCULATIONAHA.117.028321. Return to content
- (16) Piepoli MF, Hoes AW, et al. 2016 European Guidelines on cardiovascular disease prevention in clinical practice: The Sixth Joint Task Force of the European Society of Cardiology and Other Societies on Cardiovascular Disease Prevention in Clinical Practice (constituted by representatives of 10 societies and by invited experts) Developed with the special contribution of the European Association for Cardiovascular Prevention & Rehabilitation (EACPR). Atherosclerosis. 2016;252:207‐274. doi:10.1016/j.atherosclerosis.2016.05.037; page 2328. Return to content
- (17) Francesco Cosentino et al; 2019 ESC Guidelines on diabetes, pre-diabetes,and cardiovascular diseases developed in collaboration with the EASD; European Heart Journal (2019) 00, 1- 69 Return to content
- (18) Donna K. Arnett et al; 2019 ACC/AHA Guideline on the Primary Prevention of Cardiovascular Disease A Report of the American College of Cardiology/American Heart Association Task Force on Clinical Practice Guidelines; journal of th e amer ican col l eg e of cardiol ogy; VOL. 74, NO. 10, 2019 Return to content
Поврзани статии:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.