Мафини од јаболка и овес

Мафини од јаболка и овес

Нема многу слатки кои се поубави од колачи и торти со јаболка.

Сепак, иако се екстремно здрави и нискокалорични, мора да ги подготвите на вистински начин. Јаболката се наши пријатели и помагачи во варењето и диетите. Тие исто така се ризница со витамини: покрај тоа што содржат витамини А, Б-комплекс и Ц, јаболката се екстремно богати со минерали, и нè снабдуваат со калиум, калциум, цинк, јод, флуор и селен. Но, уште повеќе ќе ги збогатиме овие својства ако ги искомбинираме со овес. Овесот е извор на нерастворливи влакна заради кои подолго време се чувствувате најадено, што го прави омилен главен дел на нискокалоричните диети. Содржи протеини, јаглехидрати и антиоксиданти.

Но, како сето ова води кон смеса од која ќе се добие вистински десерт? Едноставно е!

Состојки:

  • 1 шолја обичен јогурт
  • 1,5 шолји овес
  • 1/3 шолја мелени ореви
  • 1 супена лажица пченкарен скроб
  • 3/4 шолја шеќер од трска
  • 1 кафена лажица екстракт од ванила
  • 1 кафена лажица сода бикарбона
  • 3 големи јајца
  • 1/2 шолја растително масло
  • мелен цимет
  • малку сол
  • кора од 1 лимон
  • 2-3 големи јаболка
Мафини од јаболка и овес

Изблендирајте го овесот додека не стане ситен и прашкаст. Во голем сад добро измешајте го со сода бикарбона, шеќер, екстракт од ванила, малку сол и кора од лимон. Ставете го јогуртот во смесата, а потоа ставете го маслото и додајте ги јајцата едно по едно: треба да добиете густа смеса. Излупете ги јаболката и исечете ги на мали коцки. Посипете доста цимет, додајте го и пченкарниот скроб. Добро измешајте. Ставете хартиени калапи во калапот за мафини и наполнете ги со смесата 3/4. Печете во претходно загреана рерна на 175 степени, околу 40 минути.

Извор:

Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)

Поврзани рецепти:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.