Стигнавме до салата што не изненадува, со оглед на тоа што руколата со години ужива огромна популарност.
Никој не треба да нѐ убедува за здравствените придобивки од зелката, која е најхранлива кога се служи свежа. Црвената зелка е богата со флавоноиди. Таа е ризница на минерали: покрај витамините А, Б, Ц и У, содржи калиум, калциум, фосфор, железо, јод и сулфур. Идеална е за оние кои се на диета затоа што прави да се чувствувате најадени. Комбинацијата на виолетовата крцкава зелка со темно зелените лисја на рукола, со малку јаболка и бадеми, е хранлив оброк или гарнир.
Состојки:
- 1 мала црвена зелка
- 140 gr рукола
- 80 gr бадеми
- 1 големо јаболко
- маслиново масло
- балсамов оцет
- ставете сол и бибер по вкус
- половина лимон
Подготовка:
Измијте ја зелката, пресечете ја на четири, а потоа изрендајте ја. Ставете сол и бибер по вкус. Измијте и исцедете ја руколата, а потоа испечете ги бадемите во сува тава. Излупете и насечете го јаболкото на мали коцки, а потоа попрскајте со сок од лимон за да не потемни. Единствено што преостанува е да ги комбинирате состојките за салатата: исцедете го вишокот течност од посолената зелка и измешајте ја со руколата. Измешајте малку маслиново масло и балсамов оцет и попрскајте ги во салатата, а потоа ставете ги коцките јаболка и бадемите. Уживајте во крцкавата салата!
Извор:
Anyakanyar (www.anyakanyar.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.