Сирењето рикота (како многу други гастрономски задоволства) ни доаѓа од Италија. Името значи „повторно готви“.
Рикота е италијанско сирење кое потсетува на урда. Обично се прави од сурутка што останала по правење моцарела. Се прави од кравјо или овчо млеко. Рикотата (слично како моцарелата) не може да се чува долго - треба бргу да се искористи. Нејзиниот благ вкус ја прави идеална основа и за зачинети и за слатки јадења. Може да ја искористиме во тесто, но се користи и за фил за канелони, обично во комбинација со спанаќ. Кога станува збор за слатки работи, исклучително добро се комбинира со темно чоколадо, но овде ќе ви предложиме лесна торта во која има многу малку брашно, се сервира со свежо овошје, и е лесен и здрав десерт.
Состојки:
- 3 јајца
- 1 шолја путер
- 1 шолја шеќер
- 1 супена лажица екстракт од ванила
- 4 шолји рикота сирење
- 2 супени лажици брашно
- 3 супени лажици гриз
- 3 супени лажици сок од лимон
- кора од 1 лимон
- 1 кафена лажица сода бикарбона
- свежо или замрзнато овошје
Подготовка:
Одвојте ги белките од јајцата и изматете ги додека не станат кремасти. Во друг сад измешајте ги путерот, шеќерот и екстрактот од ванила додека не станат кремасти, а потоа додајте и измешајте ги жолчките една по една. Добро измешајте, па внимателно додајте ја рикотата, додајте сок од лимон и кора од лимон додајте ги брашното и гризот. Најпосле, ставете ги белките.
Истурете го тестото во подмачкана тепсија за торта од околу 30 cm, измазнете го и печете го во рерна 50-60 минути на 175 степени. Откако ќе ја исклучите рерната, оставете ја тортата внатре уште 15 минути. Извадете ja од рерната, одделете ја тортата од тепсијата со остар нож и оставете ја целосно да се олади. Исечете ја на парчиња и сервирајте со овошје.
Извор:
Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)
Поврзани рецепти:
Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.
Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2
ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.