Ќофтиња во сос од босилек и домати

Ќофтиња во сос од босилек и домати

Дури и ако немаме прилика да патуваме, секогаш може да одиме на патување во нашата имагинација - или во нашата кујна! 

 

Добриот оброк може да направи да се чувствувате како да  шетате на сонце, лежите на плажа или како да уживате во зајдисонцето со чаша убаво вино во рака. Сето ова може да го почувствувате по вкусна вечера. Рецептот подолу ќе ве однесе во Италија преку совршената комбинација на босилек и домати.

 

Состојки:

  • 2 шолји мелено месо без маснотија
  • 1 главица кромид
  • ставете сол и бибер по вкус
  • 2 1/2 шолји варени домати од конзерва
  • 5-6 шери домати
  • 1 шолја црвено вино
  • 8-10 лисја од босилек
  • маслиново масло

 

Ќофтиња во сос од босилек и домати

Подготовка:

Измешајте сол и бибер во меленото месо, а потоа направете мали ќофтиња. Испржете ги да потемнат во малку маслиново масло, а потоа ставете ги на чинија. Исцедете го вишокот маснотии. Сега имаат убава кора, но готвењето продолжува во сосот. Ситно исецкајте го кромидот и потпржете го во малку маслиново масло. Додајте ги доматите од конзерва и зачинете со сол и бибер (и малку шеќер ако сакате). Насечете ги шери доматите на четвртини и додајте ги во тавата, а потоа истурете вино и почекајте смесата да зоврие. Ставете ги ќофтињата во тавата и гответе ги на тивко додека не омекнат. Кратко пред да ги тргнете од ринглата, додајте една рака свеж босилек. Класичен начин на сервирање е со шпагети, но ќе биде вкусно дури и на потпечени парчиња леб. Феноменално вкусно јадење!

Извор:

Anyakanyar.hu (www.anyakanyar.hu)

Поврзани рецепти:

Аспирин® Протект 100, 100 mg гастрорезистентни таблети Лекот може да се издава и/или продава без рецепт.

 

Bayer d.o.o. Љубљана- Претставништво Скопје
Антон Попов 1, лок 4 мез., лам 2

ПРЕД УПОТРЕБА ВНИМАТЕЛНО ДА СЕ ПРОЧИТА УПАТСТВОТО! ЗА ИНДИКАЦИИТЕ, РИЗИКОТ ОД УПОТРЕБАТА И НЕСАКАНИТЕ ДЕЈСТВА НА ЛЕКОТ КОНСУЛТИРАЈТЕ СЕ СО ВАШИОТ ЛЕКАР ИЛИ ФАРМАЦЕВТ.